среда, 6. април 2016.

АПРИЛИЛИИИИИИИИИИИИИ !!!

Како и многу години наназад така и во оваа учебна година нашето училиште организираше соодветни активности за одбележување на овој најпосакуван ден на децата.
Сите ученици од нашето училиште земаа учество во одбележување на денот. Голем дел од учениците се претставија со своерачно изработени маски кои беа мошне креативни и изработени од материали кои можат да се рециклираат.
Учениците од 1. до 5. одделение по реализацијата на неколку часа заедно со своите одделенски наставници продефилираа до паркот во н. Драчево со цел своите маски да ги претстават и пред месното население.


Учениците од 6. до 9. одделение по завршувањето на третиот час  присуствуваа на „Првоаприлска забава под маска“ што се организираше во училишниот хол. Забавата беше организирана од страна на   одговорните наставници Тони Петрушевски и Татјана Трпевска, но во реализацијата се вклучија и други наставници кои допринесоа за редот и безбедноста на учениците за време на забавата. По пат на спонзорства беа обезбени и скроми  награди кои се поделија на најуспешните маски.





      Учениците од IV одделение од подрачното училиште во населба Пинтија на 29.03.2016г. учествуваа со ритмичка точка како придружба на учениците од предметна настава кои се натпреваруваа во квиз натпревар организиран од Пионерски дом –Карпош при што успешно се претставија и ги освоија максималниот број поени.
По покана на организаторите на квиз-натпреварот и со соработка на Младинскиот културен центар и градот Скопје, на 01.04.2016 година, учениците со ритмичка точка учествуваа и на Првоприлската манифестација на плоштад- Македонија.  Притоа  се забавуваа, се запознаа со водителите како и со градоначлникот на град Скопје, господинот  Коце Трајанов.




Нема коментара:

Постави коментар