среда, 12. фебруар 2014.

СЛАВИМЕ 50 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

ПРЕД 50 ГОДИНИ
ЗАВЕСАТА СЕ КРЕНА,
ПРЕТСТАВАТА ЗАПОЧНА


Како река во него
учиме сите
во него ги раскажуваме
најубаво дните.

Првата песна во тебе
се пее,
првата реченица
во тебе се лее.

Во твоите училници
учевме, се смеевме
и добрини, згоди и незгоди
во срцата слевавме.

Во тебе натпревари разни
приредби интересни има
и другарство во тебе тече
како снегот во зима.

Мама, тета, вујче
спомени споделуваат
од време минато
исполнето со смеа, игри и песна,
а ние идните генерации
ќе продолжиме да чекориме
и да ја пееме истата песна.

Училиште мило, училиште драго
во срце ќе те носам
како најубав цвет
што постои на овој свет!

Калина Груевска  V-а одд.

Ментор: Валентина Димишковска

Нема коментара:

Постави коментар