понедељак, 16. март 2026.
FIRST® LEGO® League натпревар
Прва проекција за ученици на цртаниот филм ,, Зоотопола 2,, во Киноверзум ,, Драчево,, .
Петок 13.03.2026 година, учениците од 3 а,б и в одделение ја имаа можноста да ја следат првата проекција за ученици на цртаниот филм ,, Зоотопола 2,, во Киноверзум ,, Драчево,, .
Цел :
-развивање и негување на културни навики при посета на кино;
- продлабочување на знаењата за киното како дел од медиумска писменост и култура;
Учениците уживаа, следејќи го цртаниот филм со голем интерес, воодушевувајќи се од цртаните јунаци.
Спортски игри организирани по повод патрониот празник на училиштето
По повод патрониот празник на училиштето, учениците од второ одделение учествуваа во спортски игри организирани од наставникот Jovica Eftovski во соработка со тан-дем наставниците Билјана Петровска,Vesna Gocevska Milanovska и Manuela Markoska Преку игра, дружење и тимска работа, децата ја покажаа својата енергија, спортски дух и радост.“
По повод патрониот празник на училиштето на часот по физичко и здравствено образование се организираа спортски игри со наставникот Zoran Zoran Petkovski и тандем наставниците со учениците од I до IV одделение
петак, 13. март 2026.
Посета на фабриката ARC Automitive Macedonia
Денес учениците од 4д одд. реализираа забавна воннаставна авантура : Посета на фабриката ARC Automitive Macedonia.
Сето ова им беше овозможено од родител кој работи во фабриката и се реализира во улога на наставник.Им го објасни процесот на производство на авто деловите со помош на најсовремена технологија -роботи.
😃Учениците беа среќни и задоволни од посетата.
🙌🏻Голема Благодарност до родителот кој ни го овозможи ова прекрасно искуство!
Одговорен наставник : Елена Стојановска
среда, 11. март 2026.
Меѓународен тренинг курс во Кајсери- програма Еразмус+.
петак, 6. март 2026.
Едукативно предавање за учениците од второ одделение за сообраќај
четвртак, 5. март 2026.
Посета на пожарната во Драчево
Денес учениците од второ одделение ја посетија пожарната во Драчево во рамки на наставата по Општество. Бидејќи ја започнавме темата за елементарни непогоди, а првата лекција ни беше „Пожар“, сакавме одблиску да се запознаеме со работата на пожарникарите. Учениците имаа можност да ги видат противпожарните возила и опрема, да слушнат корисни совети и да научат како правилно да постапат во случај на пожар. Посетата беше поучна, интересна и исполнета со многу насмевки.






















