понедељак, 26. јануар 2026.

ООУ „Рајко Жинзифов“ доби грант!

 

    По објавениот јавен повик за доделување на средства на основните училишта за реализација на активности од програмите за насилство, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост, програми за спречување на дискриминација и програми за превенција од злоупотреба на алкохол и тутун, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанци, програма за спречување на учество на игри на среќа и малолетничка деликвенција, нашето училиште аплицираше и во јануари 2026 година доби грант наменет за превенција и справување со врсничко насилство. 

      Нашето училиштето е едно од осумнаесетте училишта во Македонија и единственото училиште во Општина Кисела Вода кое доби грант. Целта е унапредување на безбедната и поддржувачка училишна средина. Во рамките на овој проект ќе се реализираат низа едукативни и интерактивни активности и работилници насочени кон подигнување на свеста кај учениците за значењето на меѓусебното почитување, емпатијата и асертивната комуникација.

      Согласно акцискиот план за проектот, планирано е активностите да се спроведат во текот на второто полугодие во учебната 2025/2026 година.  Како завршниот продукт на овој проект, на заврниот настан за проектот ќе биде промовирана музичка изведба, компонирана од предметниот наставник по музичко образование Даме Коларовски во која ќе учествуваат учениците од нашето училиште. Исто така, во рамките на завршната активност нашите ученици ќе учествуваат и во форум театар. Преку работилници, групни дискусии и заеднички активности, учениците ќе имаат можност да развијат социјални вештини, да научат како да препознаат различни форми на насилство и како соодветно да реагираат во одредени ситуации.

      Проектот има за цел да придонесе кон создавање позитивна инклузивна училишна клима, конструктивно решавање на конфликти и поттикнување на активна улога на учениците во градењето средина без насилство