среда, 19. јун 2024.

Извештај за реализирани активности од Етвининг проектот ,,Стем во приказните” со учениците од I - a одделение

 

СТЕМ во приказните , кој се реализираше од октомври до мај, решававме проблемски ситуации кои се појавуваа во книгите и приказните , математички активности , истражување и употреба на разни видови на ИТ алатки.

 Книга 1 - Грдото пајче

Ученици ги идентификуваа проблемите.. Учениците направија патека со помош на кодирање, која го водеше пајчето до својот дом откако тоа стана убав и бел лебед Месецот декември беше исполнет со активности за приказната ,,Грдото пајче“  Х.К. Андерсен.


Книга бр, 2 ,, Штурецот и мравката"

Следење на видео за приказната, детектирање проблем, разгодор , дискусија – како да му помогнеме на штурецот да ја презими зимата. Учениците направија куќичка од лего коцки за штурецот да може да ја презими зимата. Ја пренесоа пораката ,,Не биди мрзлив, работи напорно”.




Книга 3 – „Алиса во земјата на чудата“

Го гледавме видеото, активности - анализа , математички активности, наука, технологија и инженерство.Заклучивме дека секогаш треба да сонуваме и да го следиме нашиот сон, никогаш да не се откажуваме и храбро да ги пребродуваме сите препреки.




Книга бр. 4 ,, Трите прасиња"

Следење видео, читање на приказната и детектирање на проблем, редење сложувалки, математички активности, истражување кои материјали се добри за градење куќичка која ќе биде безбедна.



Одделенски наставник

Маја Атанасовска Спасеска


Нема коментара:

Постави коментар