уторак, 25. јун 2024.

Посетени обуки, трибини и конференции во второто полугодие

 

Во второто полугодие во учебната 2023/2024 година вработените од ООУ „Рајко Жинзифов" земаа учество во повеќе обуки и конференции, сѐ со цел стекнување на нови знаења и зајакнување на веќе постоечки компетенции. Благодарејќи на соработката и поддршката на Општина Кисела Вода, вработените од ООУ „Рајко Жинзифов" имаа можност да присуствуваат на следните обуки, трибини и конференции:

23.2.2024 - Обука „Предизвикувачко однесување“ во ОУРЦ „Златан Сремец“ - Весна Рафеска, Бранка Бранковиќ Стојковиќ и Адријана Кукоска

12.3.2024 – Кампања за свесно родителство со повеќе работилници реализирани од страна на Илина Ведран во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во соработка со Општина Кисела Вода  -  директор Горанчо Јакимов, психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ, дефектолог Адријана Кукоска и предметен наставник Магдалена Бадарова

13.3.2024 - претстава форум театар  на тема "Врсничко насилство" во соработка со Општина Косела Вода во Дом култура Драчево  -  Бранка Бранковиќ Стојковиќ, Адријана Кукоска и Анета Ѓуроска Арсоска

20.3.2024 - „Улогата на жените во раното препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница“ во хотел „Хилтон“ - Мисијата на ОБСЕ и Министарство за внатрешни работи - Бранка Бранковиќ Стојковиќ

3.4.2024 - Обука „Зајакнување на капацитетите за управување со менструалното здравје и хигиена“  во склоп на проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП) организиран од МОН. Место на обуката хотел Александар Палас - Бранка Бранковиќ Стојковиќ и Мануела Маркоска

22.3.2024 и 23.3.2024 - Обука за унапредување на ментално здравје и добросостојбата на адолесцентите во образовниот систем во ООУ „Партение Зоографски“ - Бранка Бранковиќ Стојковиќ и Адријана Кукоска

27.3.2024 - Трибина на тема „Заштита од вознемирување на работно место врз жени, дискриминација и права од работен однос“ во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во соработка со Општина Кисела Вода  -  директор Горанчо Јакимов, психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ, дефектолог Адријана Кукоска и предметен наставник Магдалена Бадарова

12.4.2024 - Обука „Зајакнување на капацитетите на професионалците во предучилишните и училишните установи за потребите на децата со Аутистичен спектар на нарушување“  во Дом на култура „Билјана Беличанец “ во соработка со ОКВ -  директор Горанчо Јакимов, наставници:  Магдалена Бадарова, Вилма Влаховиќ, Кирил Атанасовски и Александра Колевска, психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ и дефектолог Адријана Кукоска

18.5.2024 и 19.5.2024 - Логопедско - дефектолошки - психолошки конгрес организиран од ГАСПАР Центар за психофизичко здравје во соработка со Општината Кисела Вода во Дом на култура „Билјана Беличанец“ - Директор Горанчо Јакимов, педагог Весна Рафеска, психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ, дефектолог Адријана Кукоска и наставници: Магдалена Бадарова, Мануела Маркоска и Виолета Николин.

21.5.2024 - Прва конференција на психолози и психотерапевсти во организација на Македонската асоцијација на психолози и психотерапевти во „Public Room“ - Бранка Бранковиќ Стојковиќ

31.5.2024 - Посета во средно училиште "Браќа Миладиновци" во Драчево - средба со стручните соработници од ОКВ и промоција на средното училиште "Браќа Миладиновци" - Бранка Бранковиќ Стојковиќ и Адријана Кукоска

психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ

наставник Магдалена Бадарова




Нема коментара:

Постави коментар