За учениците од 4-те одделенија од ООУ
„Рајко Жинзифов“ од централното и подрачното училиште ,на
9 април 2024г. беше организирана и
успешно остварена едукативна посета на музејот на македонската борба.Во рамките
на посетата учениците слушаа објаснување од водич во музејот додека ги
разгледуваа поставките. На овој начин тие ги продлабочија своите знаења за
историјата на Македонија и за тоа како таа е претставена во горенаведениот
музеј. Преку слушањето на објаснувањето и разгледувањето на поставките беше
остварено поврзување со материјата што се учи во рамките на наставните програми
за Историја во 4-то
одделение.
Одделенски
наставник : Ивана Илијевска
Огњановска
Нема коментара:
Постави коментар