недеља, 9. јун 2024.

ЈУБИЛЕЈНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

 

        Оваа година нашето училиште навршува точно 60- години постоење, и по тој повод учениците и вработените се обидоа на еден поинаков начин да ја прикажат долгогодишната работа, успеси, постигнувања, наградувања, проекти, значајни настани и активности и низа други случувања кои ќе остават пријатни спомени кај сите нас на кои секогаш сме биле и ќе бидеме горди.

            Мотото по кое се подготвуваа сите активности беше „Времето тече, не запира“. Во чест на овој ден учениците заедно со своите наставници подготвија низа активности, за на 29.03. 2024 година се заокружија со завршната свечена приредба. На 22.03. 2024 во училишниот хол беше реализирана ликовна работилница на која учествуваа ученици од одделенска и предметна настава. Најдобрите цртежи беа наградени со пофалници со прва, втора и трета награда. На 25.03. 2024 одговорните наставници по македонски јазик и одговорните од одделенска настава се потрудија и организираа литературно читање на лични творби на учениците како од централното така и од подрачното училиште на тема: „Времето тече, не запира“. Литературното читање се одвиваше во училишниот хол, на бина каде учениците преку стихови покажаа почит кон нашиот преродбеник Рајко Жинзифов. Најдобрите беа наградени со пофалници. На 26.03.2024 беа одржани спортски активности со учениците од VI-IX одделение , и игри без граници со учениците од одделенска настава. Атмосверата во текот на сие овие денови навистина беше празнична и весела, со огромно задоволство на учениците.









Нема коментара:

Постави коментар