На литературниот фестивал „Ракатки“ на кој учествуваа основни училишта
од цела Македонија, ученичката Јована Пешова
од 9а одд. освои прва награда за лична творба на тема:
“Македонија-мојата татковина, мојот дом“, под менторство на Љуба Мишевска.
Ученикот Никола Арсовски од 8в одд. освои втора награда под менторство на
Каролина Коларовска.
Свеченото доделување на наградите
се одржа на 11.05.2024 год. во Основното училиште „Димитар Миладинов“ во
Скопје.
Честитки до наградените ученици!
Македонија-мојата татковина, мој дом
Земјо наша плодна, топла и благородна,
од библиско време создадена,
за навек подарена, со топлина облеана,
со љубов посеана, со песни опеана.
Низ векови измачувана и оплакувана,
во безизлез доведувана,
распарчена, украдена, отуѓена,
те сакам земјо,ти си моја судбина!
Храбро и смело, против душман клет,
младост што гасне како скинат цвет.
Нивниот жар го носиме во душа,
секој нека те знае, секој за тебе да
слуша.
Со љубов што расте од времиња стари,
за земја повредна од злато и пари,
те сакам Македонијо, со срцево цело,
те чувствувам насекаде, во град и во село.
Те сакам земјо со сета моја душа,
од првиот мој здив што мајка го слушна.
Во мене силно желбата гори,
Македонија исправено пред секого да стои.
Сплотено да кажеме молитва света,
Господ да ни дари љубов што цвета!
Едени на други да подадеме рака,
да покажеме како, татковината се сака.
Домот мој си, о мајчино гнездо!
Кој добрина сее, во тебе наоѓа место.
Дом
топол, огниште што жари,
со
милозвучни македонски приказни стари.
Македонијо,
сплоти ги твоите чеда,
сите
како едно, душман нека гледа!
Вечна
да ни бидеш татковино наша,
ти
си домот наш, ако некој праша.
9-a
одд. Јована Пешова
ООУ
„Рајко Жинзифов“ н. Драчево, Скопје
Ментор: Мишевска Љуба
Нема коментара:
Постави коментар