Денот 1 Април е ден кој учениците
со нетрпение го очекуваат, токму заради подготвувањето и презентирањето на
маски кои најчесто се изработени со помош на своите родители. На овој ден по
големиот одмор се реализираше првоаприлско дефиле со учениците од II-V
одделение во самата населба во паркот кај фонтаната (Паркот на бранителите).
Учениците од прво одделение ги покажаа своите маски во училишниот двор. Додека
пак за учениците од VI-IX одделение беше организирана маскенбал-забава во
траење од еден час од 10 до 11 часот во холот на училиштето. Учениците
навистина беа среќни и задоволни.
Нема коментара:
Постави коментар