уторак, 25. јун 2024.

Одбележување на Светскиот ден на здравјето

 

Во периодот од 3.4.- 8.4.2024 год. се одржаа низа активности по повод 7 Април- Светскиот ден на здравјето. Во деновите посветени на здравјето, сите одделенски наставници и ученици од I до V одд. активно учествуваа.

Учениците од I до III одд. изработија ликовни творби, под мотото ,,Повеќе овошје јади, а помалку чоколади" , а учениците од IV и Vодд напишаа креативни пораки за здравјето. Учениците од IV - в одд. подготвија драматизација ,, Чистотата е половина здравје", за учениците од I до III одд.

Психологот на училиштето одржа работилница со учениците од IV-в одд. ,,Грижа за менталното здравје".

Одделенски наставник Елизабета Младеноска



Нема коментара:

Постави коментар