На ден 07.06.2024 год.
учениците од II - г и II - д одд. од подрачното училиште реализираа посета во Матка-Изложбен центар и ги
збогатија своите знаења.
Учениците беа
подготвени да влезат во светот на науката и електрониката преку едукативна тура
и посета на Изложбениот центар кој се наоѓа во старата хидроцентрала и содржи
преку 30 интерактивни експонати и
одблизу се запознаа со историјата и можностите на електричната
енергија.Едукаторот на интересен начин достапен за нивната возраст и
љубопитност им објаснуваше кој ја измислил првата батерија,за еволуцијата на
електричната енергија преку видео,за првиот електрифициран град,видоа одблизу
како сончевата енергија се претвора во електрична со помош на сончеви панели, како
може да го искористиме ветерот и да создадеме електрична енергија со помош на
ветерници...
Малите научници беа подготвени да научат нешто ново и се здобија со многу нови и интересни факти за струјата.Голема благодарност на домаќините кои ни го овозможија ова невообичаено искуство и не научија за електричната енргија ,нејзиното значење, но и како да ја користиме рационално.
Одделенски наставници:
Елена Стојановска
Валентина Димишковска
Нема коментара:
Постави коментар