среда, 27. мај 2026.

Посета на СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“

 На 26.05.2026 ученици од 9-а, 9-б, 9-в и 9-г го посетија СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ и присуствуваа на заеднички час со учениците од прва година франкофонска паралелка заедно со учениците од деветто одделение од ООУ „Круме Кепески“. Учениците се запознаа со работата и предностите да се учи во оваа паралелка. Учениците од франкофонската паралелка подготвија квиз на познавање на француски јазик и најдобриот ученик доби подарок-слушалки од Францускиот Институт.

Одговорен наставник : Анета Ѓуровска




субота, 23. мај 2026.

Етвининг проектот ,, My Art Twin ,,

 Денес петок 22.05.2026 год. учениците од 3а се вклучија на платформата Зоом со учениците од Етвининг проектот ,, My Art Twin ,, . Сите ученици го претставуваа народниот инструмент за својата држава и пееја народна песна. Се запознавме со инструментите од другите држави: ќеманче, бузуки, тапан, дајре. Настанот предизвика голем интерес кај учениците.



петак, 22. мај 2026.

МИО проектот- работилница НАЈУБАВОТО ЦВЕЌЕ

Денес 21.05.2026 се одржа работилница НАЈУБАВОТО ЦВЕЌЕ со учениците од Vд одд во соработка со партнерското училиште ООУ ,,Дитурија"Драга Стојановска" од с.Чифлик општина Сопиште во рамки на МИО проектот(Меѓуетничка Интеграција во образованието). Учениците изработуваа цвеќе од силикон, bookmarks со отпечаток од цвеќиња, истражуваа со апликацијата Plant.net, изработуваа прекрасни ружи од хартија. На крај сите беа задоволни од своите креативни изработки.

Одговорен наставник : Билјана Илиева








Литературен конкурс од општина Кисела Вода, на тема "Светлината на писменоста-од мисија до азбука"

 По повод 24 Мај, Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј,на објавениот литературен конкурс од општина Кисела Вода, на тема "Светлината на писменоста-од мисија до азбука", ученичката Михаела Трпевска од 7в одд. ја освои третата награда. Честитки и понатамошни успеси. 



Св.Кирил и Методиј

 По повод празникот на светите браќа Кирил и Методиј, учениците од 7а и 6б одделение, преку заедничка работилница, им оддадоа почит на творците на словенската писменост и темелите на нашата култура и образование.


Учениците со љубов и креативност изработуваа пораки, цртежи и активности посветени на писменоста и словото. 📚✏️


Преку игра, учење и дружење ја одбележавме важноста на јазикот, знаењето и делото на сесловенските просветители.


Нивното дело и денес нè потсетува дека јазикот, знаењето и писменоста се најголемото богатство на еден народ.


Нека ни е честит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители!


Одговорни наставници - Љупка Мишевска, Елена Ристевска




среда, 20. мај 2026.

Мини олимписките игри- спортскиот центар Јане Сандански

 Учениците и наставниците ги здружија силите на Мини олимписките игри кои се одржаа во спортскиот центар Јане Сандански. Многу трчање, многу смеа и уште повеќе тимска работа! Горди сме на сите кои покажаа фер-плеј и неверојатна енергија. Ова не е само натпревар, ова е лекција за другарство! Овие  игри ќе ги паметиме по искрените насмевки и заедничката борба. Браво за сите учесници! 




МИО работилница на тема “Рециклирање и правилна селекција на отпад.”

 Во рамки на активностите по МИО преку едукативна и креативна работилница денес 19.05. учениците од IV-д одд. од нашето училиште заедно со партнер училиштето ООУ”Дитурија”-Сопиште  реализираа работилница на тема “Рециклирање и правилна селекција на отпад.”

♻️Поделени во тимови за хартија,пластика и стакло ,учениците преку истражување, дискусија и практична работа изработија еко -паноа , креативни материјали и канти за селекција на отпад.

♻️Преку тимската работа и соработка ја развиваа еколошката свест и одговорноста кон животната средина.♻️🌱

Со реализацијата на оваа МИО -активност се поттикнаа вредностите на соработка , почитување и заедничка грижа за животната средина!

“Учиме да ја чуваме природата !

Одговорен наставник : Елена Стојановска








уторак, 19. мај 2026.

ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ ! ЗАЕДНО МOЖЕМЕ СЕ !

      Реализирана едукативна работилница со учениците од I,II  и III одд.во Пинтија на тема  ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ !

Библиотекар: Александра Милчева




недеља, 17. мај 2026.

Државен натпревар во пеење на француски јазик

 На 16-ти мај се одржа државен натпревар во пеење на француски јазик. Нашата ученичка Стела Шоклевска настапи меѓу најдобрите шест и освои учество на летен франкофонски камп во хотел Солферино во Струга. Натпреварот беше во организација на ЗПФРМ и фондацијата Бел Идеал.

Честитки, девојче!



четвртак, 14. мај 2026.

Едукативна посета на Природо-научен музеј Скопје

 На ден 13.05.2026 година, учениците од VIII одд. од централното и подрачното училиште заедно со наставничките по Биологија реализираа едукативна посета на Природо-научен музеј Скопје во рамките на годишната програма во наставата по предметот Биологија. Целта на посетата беше учениците преку непосредно набљудување да ги прошират знаењата за живиот свет, разновидноста на организмите ,природните богатства и значењето на заштитата на природата. Учениците имаа можност да разгледаат различни експонати од животински и растителен свет,фосили,минерали и други природни богатства.За време на посетата учениците активно учествуваа во разговорите,поставуваа прашања и покажаа голем интерес за изложените содржини. Посебно внимание привлече делот со биолошка разновидност и ендемичните видови во нашата земја.

Наставници 

Билјана Наунова

Маја Младенова







понедељак, 11. мај 2026.

Настава во природа петто одделение ,, Михајлово,,

 Во периодот од 5 до 8 мај 2026 година беше успешно реализирана наставата во природа на петите одделенија од нашето училиште.

Целта на наставата во природа беше учениците преку непосредно набљудување и практични активности да стекнат нови знаења за природните и културно-историските вредности на нашата држава, да развиваат самостојност, одговорност, социјални и хигиенски навики, како и да го зајакнат другарството и тимскиот дух.

Во текот на престојот учениците го посетија археолошкото наоѓалиште Стоби, каде што се запознаа со значајното културно-историско наследство на нашата земја. Исто така, ја посетија експерименталната шума на планината Кожуф, караулата и скијачкиот центар Михајлово, при што имаа можност непосредно да ги набљудуваат природните убавини и особености на овој крај.

Дел од наставните содржини беа реализирани на отворено, во природна средина, што овозможи поинтересно и поефикасно усвојување на знаењата. Беа организирани и спортски активности и натпревари во фудбал и одбојка, преку кои учениците го развиваа натпреварувачкиот дух, тимската работа и спортското однесување.

Последната вечер беше организиран логорски оган, покрај кој учениците уживаа во дружење и јадење хамбургери. Оваа активност претставуваше посебно и несекојдневно доживување за учениците, кое остави силен впечаток и придонесе за создавање убави спомени.

Во вечерните часови беа реализирани забавни активности како „Покажи што знаеш“, „Најоткачена фризура“ и „Маскенбал во пижами“, на кои учениците ги покажаа своите таленти, креативност и смисла за забава.

За време на наставата во природа учениците покажаа високо ниво на дисциплина и одговорност. Тие успешно се дружеа, соработуваа, се социјализираа и развиваа позитивни навики за лична хигиена, самостојност и меѓусебно почитување.

Наставата во природа беше успешно реализирана и целосно ги исполни своите воспитно-образовни цели. Учениците се вратија дома задоволни, среќни и исполнети со нови знаења, искуства, силни впечатоци и незаборавни спомени. 

Актив петто одделение









недеља, 10. мај 2026.

Одбележан Денот на Европа 9 Мај 2026 и Денот на Победата Над Фашизмот 9 Мај

 Одбележан Денот на Европа 9 Мај 2026 и Денот на Победата Над Фашизмот 9 Мај во ООУ Рајко Жинзифов – Подрачно Пинтија. Проект: “Визуелизација на овие два значајни настани со помош на ВИ (Вештачката интелигенција)”

Одговорен наставник : Димитар Чоковски




субота, 9. мај 2026.

"Еко час 2026" - генералка викенд

 Денес учениците од IIIа зедоа учество во " Еко час 2026"

Тема : Унапредување на здравјето

Содржина : Здраво живеење - Спанаќ

Учениците заклучија дека овошјето и зеленчукот кои секојдневно ги конзумираме треба да бидат здрави, одгледувани со чиста вода.

Затоа учениците рекоа :

,, Чиста вода, здрава храна, за здрав живот"






Едукативна претстава - Нептун и Електро Еко Грижа

Денес, 8.5.2026г., нашето училиште го посетија Нептун и Електро Еко Грижа, кои организираа едукативен и забавен настан за учениците од Iа, Iб, IIa, IIб и IIв одделение . Децата имаа можност да проследат едукативна претстава со маскота, при што научија повеќе за важноста од рециклирање на електричен отпад; го цртаа своето омилено животно како ја спасува планетата, така што рециклира електричен отпад. Сите ученици добија симболични подароци. Во училиштето поставија и специјален контејнер за одлагање на електричен отпад.
Сите заедно да се вклучиме во акцијата ,,Собери и рециклирај електричен отпад" и заедно да направиме позитивна прмена, да придонесеме за почиста животна средина и подобрување на условите во училиштето.




“Генералка викенд” во организација на МОН и БРО.

 Учениците од IV-д одделение денес на 8-ми мај активно се вклучија во големата пролетна акција за чистење наречена “Генералка викенд” ♻️во организација на МОН и БРО.

Преку спроведување на активноста од прирачникот за четврто одделение:

♻️Тема:Особини на животните и растенијата и нивна поделба. 

♻️Содржина: Поделба на животните и растенијата-Хербариум.

Учениците ја поврзаа практичната настава на терен со наставата во училница бидејќи грижата за животната средина се учи и преку настава и преку активно учество во акции за чистење,пошумување и зачувување на природата.

Одговорен наставник : Елена Стојановска






четвртак, 7. мај 2026.

Посета во градот Скопје IV-г и IV-д одделение

На ден 6 мај учениците од IV-г и IV-д одделение од нашето училиште заедно со своите одделенски раководители реализираа наставна посета во градот Скопје.🚌

Во рамки на посетата беа посетени: 

🏛️Собранието на РСМ;🤍Спомен -куќата на Мајка Тереза;🏺Музејот на македонската борба;⛪️Гробот на Гоце Делчев и црквата “Св.Спас”;🗿плоштадот “Македонија” и 

🏘️ Старата скопска чаршија.

👉Учениците се запознаа со значењето на овие институции и личности како и со историското минато на државата , но ја запознаа и културата, традицијата и архитектурата на градот.

🙌🏻Посетата беше успешна ,едукативна и реализирана во позитивна атмосфера