среда, 24. јун 2026.
Професионална ориентација на учениците
ПРОЕКТ „ХУМАНА КОМУНИИКАЦИЈА“
Во текот на второто полугодие во учебната 2025/2026 во периодот февруари–јуни 2026 година во централното училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ реализиран е проектот „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино спречување“.
Проектот го спроведува примарно истражувачки тим од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје.
Раководител на научноистражувачкиот проект е проф. д-р Елеонора Серафимовска, а проектот е финансиран од Министерството за образование и наука. Во училиштата, активностите ги реализираа психолозите вработени во конкретните училишта. Во нашето училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ проектните активности ги реализираше училишниот психолог Бранка Бранковиќ.
Основната цел на проектот е теоретско моделирање и практично тестирање на концептот на емпатична и општествено одговорна комуникација, како предуслов за квалитетни меѓучовечки односи, социјална кохезија, ментално здравје и општа благосостојба. Овој проект тежнее да придонесе и кон развој на инклузивни, партиципативни, одржливи и креативни научни практики, преку активно вклучување на младите во истражувачкиот процес – од дизајнирање на инструментите до анализа на податоците.
Во рамките на проектот успешно беа реализирани следните активности:
Училишниот психолог Бранка Бранковиќ посети обука за психолози, составена од 10 онлајн работилници и практична работа со ученици во времетраење од 60–75 минути. Обуките за училишните психолози ги реализираа проф. д-р Елеонора Серафимовска и проф. д-р Маријана Мирковиќ, психолози од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје.
Спроведени се две работилници и четири обуки со дел од учениците од VII одделение, во времетраење од по 60 минути. Работилниците и обуките за учениците во нашето училиште ги реализираше училишниот психолог Бранка Бранковиќ.
Реализирано е истражување во кое од нашето училиште учествуваа 24 ученици од шесто до девето одделение со кое придонесовме за проширување на научното сознание во однос на хуманата комуникација – нејзините компоненти, факторите што влијаат врз нејзиното развивање, како и можностите за нејзина примена и унапредување – кај младите и практично да го тестираме концептот на емпатична, општествено одговорна и креативна комуникација.
Учениците активно учествуваа во работилниците и обуките, покажаа интерес за обработените теми и успешно ги реализираа предвидените активности. Преку проектот се поттикна развојот на хумана комуникација, емпатија, толеранција, меѓусебно почитување и ненасилно решавање на конфликти. Како потврда за успешното учество учениците кои активно учествуваа во работилници и обуки се здобија со сертификати за учество. На училиштето му беше доделена благодарница, која беше врачена на директорката Татјана Трпеска, како признание за поддршката и значајниот придонес за проектните активности.
Како дел од проектните активности, експертите од Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања (ИСППИ) реализираа фокус – групни дискусии со наставниците и родителите, со цел прибирање дополнителни сознанија и искуства во рамките на истражувањето. Наставниците од ООУ „Рајко Жинзифов“ кои учествуваа во фокус – групни дискусии се: Магдалена Бадарова, Маја Младенова и Стефан Трајчевски, а родителите кои учествуваа во фокус – група за родители се: Марија Стојкоска, Градимир Илиевски и Мирјана Трифунова.
психолог Бранка Бранковиќ
ПРОЕКТ „УНАПРЕДУВАЊЕ НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ“
Во текот на учебната 2025/2026 година стручните соработници училишниот педагог Весна Рафеска, дефектолог Адријана Кукоска и психолог Бранка Бранковиќ во рамките на проектот „Унапредување на ментралното здравје“ реализираа работилници на следните теми: „Цветот на пријателство“, „Другарство“, „Толеренација“, „Моите Чуваства- „Надминување на мојот страв“, „Скршено срце“, „Сите сме дел од едно цело“, „Убавините на различностите“, „Инклузија“, „Инклузивен јазик“, „Сите сме дел од едно цело“, „Нешто друго“, „Јоно Око и Хаи“, „Што ми пречи? Кој ми пречи?“, „Моите негативни чувства“, „Ретки болести“, „Моето семејство“, „Кој сум јас?“ Каков сакам да бидам?“, „Сите заедно се дружиме“, „Пишуваме покана“, „Сите сме различни, но сите сме еднакви“, „Стилови на родителство“, „Емпатија“ и „Научи како да учиш“.
Проектот „Унапредување на менталното здравје“ има за цел да ја подигне свесноста за важноста на психолошката благосостојба кај учениците и да создаде поддржувачка, безбедна и поттикнувачка училишна средина.
Преку едукативни активности, работилници и индивидуални разговори, проектот овозможува рано препознавање на потешкотиите, развивање здрави стратегии за справување и јакнење на емоционалната резилиентност.
Главната цел е учениците да се чувствуваат слушнати, разбрани и охрабрени, како и да стекнат практични вештини за регулирање на емоции, градење самодоверба и подобрување на меѓучовечки односи.
психолог Бранка Бранковиќ
дефектолог Адријана Кукоска
педагог Весна Рафеска
ПРОЕКТ „УЧИЛИШТЕ БЕЗ НАСИЛСТВО“
Во текот на учебната 2025/2026 година стручните соработници училишниот педагог Весна Рафеска, психолог Бранка Бранковиќ и дефектолог Адријана Кукоска реализираа работилници на теми поврзани со врсничко насилство: „Предизвикувачко однесување “, „Нашето однесување зборува за нас“,„Справување со конфликти“, „Цветот на пријателство“, „Учениците во насилни ситуации“, „Развивање на критичкото мислење кон медиумите“, „Приказната на другиот“, „ Безбедно користење на интернет “, „ Врсничко насилство (Булинг), „Убаво однесување“, „Стереотипи и предрасуди“ и „Заедно против булингот“.
Проектот „Училиште без насилство“ претставува системски пристап за создавање училишна средина во која секој ученик се чувствува сигурно, заштитено и прифатено.
Во рамките на проектот се спроведуваат активности за препознавање ризични ситуации, поттикнување ненасилна комуникација и развивање култура на почит и одговорност.
Преку заедничка соработка на учениците, наставниците и родителите, се гради јасна поддржувачка мрежа што спречува конфликти, го намалува несаканото однесување и промовира конструктивни решенија.
Целта е училиштето да стане место каде доминираат безбедноста, емпатијата и позитивните односи помеѓу сите учесници во воспитно-образовниот процес.
психолог Бранка Бранковиќ
педагог Весна Рафеска
субота, 13. јун 2026.
Промоција на најдобрите ученици од генерација 2017-2026
Ученик на генерација Калина Коларовска 9а, континуирано одлични ученици: 9а - Константин Димишковски, Стефан Стефковски, Борјан Стаменковски, Ева Христова, 9б - Милош Милошевски, Ева Ѓорѓиевска, Иван Велигденов, Тео Станоески, 9г - Михаела Васковска, Руби Костовска, Глорија Михајловска, Иван Петровски, Теа Спасовска, Андреј Станковски, Бојан Давитковски, Јован Корубин.
Честитки за постигнатите резултати со желби за повисоки дострели во понатамошното образование.
среда, 10. јун 2026.
ЕTwinning проекти во учебната 2025/2026 година - Магдалена Бадарова
eTwinning проекти во учебната 2025/2026 година
“Score with Chores“
Земји учеснички во преоектот: Македонија, Турција, Грузија, Украина, Полска, Грција, Шпанија и Словачка.
eTwinning проектот “Score with Chores” има за цел учениците да ги набљудуваат и споредуваат домашните обврски на учениците од партнерските училишта. Проектот исто така има за цел учениците да ги подобрат своите дигитални вештини користејќи Web 2.0 алатки. Во проектот се вклучени ученици од 7 а, б, в и 4 а одделение.
Реализатор на проектот е предметниот наставник по англиски јазик Магдалена Бадарова.
Период за реализација на проектот е од јануари 2026 до мај 2026 година.
“Fit Children, Bright Minds”
Земји учеснички во преоектот: Македонија, Турција, Грузија , Грција , Шпанија и Италија.
eTwinning проектот “Fit Children, Bright Minds” има за цел да се подигне свеста кај учениците за значењето на здравата и избалансирана исхрана и да се поттикне редовна физичка активност и здрав начин на живот. Проектот исто така има за цел учениците да ги подобрат своите дигитални вештини користејќи Web 2.0 алатки.
Во проектот се вклучени ученици од 7 а, б, в и 4 а одделение.
Период за реализација на проектот е од октомври 2025 до мај 2026 година.
“Water, Our Treasure of Life”
Земји учеснички во проектот: Македонија, Турција, Грузија , Грција , Шпанија и Италија.
eTwinning проектот “Water, Our Treasure of Life” има за цел фокус на СТЕАМ предмети (наука, технологија, инженерство, уметност и математика), јазици и општествени науки. Исто така проектот има за цел да ги опреми учениците со вештини за 21 век, да ги развие нивните способности во науката, технологијата, инженерството, математиката и уметноста, да ги запознае со професиите на иднината и да им помогне да пронаоѓаат најбрзи и најефикасни решенија за секојдневните проблеми. Проектот исто така има за цел учениците да ги подобрат своите дигитални вештини користејќи Web 2.0 алатки.
Во проектот се вклучени ученици од 7 а, б, в и 4 а одделение.
Период за реализација на проектот е од октомври 2025 до мај 2026 година.
“e-Include: Digital Education for All”
Земји учеснички во преоектот: Македонија, Турција, Романија, Шпанија, Португалија и Италија.
eTwinning проектот “e-Include: Digital Education for All” ги обединува наставниците и учениците со цел да се развијат дигиталните компетенции и да се промовира инклузивно образование за сите ученици, вклучително и оние со посебни образовни потреби и од социјално загрозени средини. Преку job shadowing активности, онлајн соработка, структурирани обуки и мобилности на ученици, учесниците ќе истражуваат иновативни дигитални алатки, ќе споделуваат добри практики и ќе креираат заеднички образовни продукти. Проектот поттикнува интеркултурен дијалог, соработка и еднакви можности, помагајќи им на учениците и наставниците да станат посигурни, покреативни и подобро поврзани во европската образовна заедница.
Проектот исто така има за цел учениците да ги подобрат своите дигитални вештини користејќи Web 2.0 алатки.
Во проектот се вклучени ученици од 7 а, б, в и 4 а одделение.
Период за реализација на проектот е од октомври 2025 до мај 2026 година.
Предметен наставник : Магдалена Бадарова
уторак, 9. јун 2026.
Еднодневна екскурзија од научно-едукативен карактер во Кавадарци - трето одделение
На ден 8.6.2026 година (понеделник) беше реализирана еднодневна екскурзија од научно-едукативен карактер во Кавадарци, со учениците и активот од трето одделение од нашето училиште.
Екскурзијата се реализираше според однапред утврдениот план и програма за претходно договорените посети, во пријатна атмосфера и со целосно почитување на безбедносните мерки.
Учениците покажаа особен интерес за посетените објекти и знаменитости и интерактивно учествуваа во сите активности. Со реализацијата на екскурзијата беа постигнати предвидените воспитно-образовни цели, преку запознавање со културно-историското наследство, традицијата и природните убавини во Тиквешкиот регион.
Екскурзијата заврши успешно и безбедно, а учениците се вратија со позитивни впечатоци и нови знаења.
Актив трето одделение
субота, 6. јун 2026.
OПШТЕСТВЕНО – ХУМАНИТАРНА РАБОТА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД 7 ОДДЕЛЕНИЕ - Заедно без страв – „Рајко Жинзифов“ училиште без насилство
Во современиот свет младите се соочуваат со бројни општествени и хуманитарни предизвици кои бараат од нив свесност, емпатија и проактивен ангажман. Разбирањето на овие предизвици како и развивањето на чувство за општествена одговорност и активно граѓанство
учениците го добиваат преку директно ангажирање во општествено -хуманитарна работа. Преку ангажирањето во ваква работа учениците треба да стекнат знаења, вештини и искуства што се потребни за да научат како да придонесуваат за развој на нивната заедница
и, пошироко, за општеството.
Преку учеството во општествено -хуманитарна работа учениците се вклучуваат во решавање прашања од реалниот свет, ги разбираат различните перспективи и соработуваат со своите врсници на проекти кои произлегуваат од потребите на заедницата и општеството.
На оваа возраст, учениците се способни за критичко размислување и сѐ повеќе се свесни за општествените и хуманитарните прашања околу нив. Преку општествено-хуманитарна работа оваа свест се канализира во конструктивна акција, насочувајќи ги учениците да станат информирани и сочувствителни граѓани.
Во текот на неколу месеци кампања и работилници учениците работеа на кампања за спречување на врсничкото насилство и истата им ја презентираа на своите соученици, низ драматизации, презентации, игри и анкетни листови притоа промовирајќи култура на љубезност и инклузивност.
*реализатори – учениците од генерација седмо одделение, со помош на наставничката по македонски јазик Елена Ристевска
среда, 3. јун 2026.
Нов компостер во ООУ „Рајко Жинзифов“ - чекор кон поеколошко образование
Грижата за животната средина и еколошката едукација започнуваат од најмладите. ООУ „Рајко Жинзифов“ во Драчево, доби нов градинарски компостер „AL-KO K 390“ со капацитет од 390 литри, со што започнува една одлична иницијатива за селективно собирање и реупотреба на органскиот отпад во ова училиште.
😊Со оваа донација, учениците ќе можат директно и низ пракса, во самиот училишен двор, да учат како био-отпадот се претвора во квалитетно природно ѓубриво и што всушност значат одржливите практики и циркуларната економија.
🤝Упатуваме голема благодарност до Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија, кои преку програмата Цивика мобилитас го овозможуваат овој процес. Благодариме и до имплементаторите на проектот - Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) - Македонија, Еко Логик и Флорозон -Центар за еколошка демократија, за нивниот ангажман во едукацијата и поттикнувањето на еколошката свест.
🌳Општина Кисела Вода продолжува да дава силна поддршка за сите проекти кои обезбедуваат позелена и поздрава средина за нашите дечиња
Излет од рекреативно-забавен карактер I - III одделение
Согласно годишната програма на 01.06.2026 год. се одржа еднодневен пролетен излет од рекреативно-забавен карактер за учениците од 1-3 одделение во Шума Парк, Гази Баба.Целта на овој излет беше :
-Поттикнување на физичката активност и здравите животни навики преку рекреативни активности.
-Создавање можности за одмор, релаксација и забава во природна средина.
-Развивање на љубов кон природата и подигнување на еколошката свест.
-Поттикнување на самостојност, одговорност и дисциплина кај учениците.
-Развивање на спортскиот дух и фер-плеј однесување.
-Развивање на другарство, соработка и меѓусебно почитување меѓу учениците.
понедељак, 1. јун 2026.
Етвининг проекти реализирани во 2025/2026 Маја Атанасовска Спасеска
Етвининг проект ,, Patterns od nature, Colours of STEAM,,
Земји учесници на проектот: Македонија, Турција, Португалија, Азербеџан и Романија, Хрватска, Грција, Литванија.
,,Шеми на природата, бои на STEAM“ е меѓународен eTwinning проект дизајниран за деца на возраст од 3 до 9 години. Неговата цел е да ја негува љубопитноста, креативноста и раното STEAM (наука, технологија, инженерство, уметност и математика) размислување преку истражување на модели, бои и сезонски промени во природата. Проектот ги охрабрува и децата и наставниците да се вклучат во значајни, практични искуства за учење. Преку игриво набљудување на природниот свет, креативно изразување и едноставно научно истражување, децата развиваат основни вештини за решавање проблеми, соработка и свест за животната средина. Активностите комбинираат елементи на уметност, математика и наука, честопати користејќи природни и одржливи материјали.
„Модели на природата, бои на STEAM“ поттикнува дигитална писменост, одржливост, креативност и меѓукултурно разбирање - поставувајќи ја основата за доживотно учење од рана возраст.
Проектот трае од октомври до мај месец.
Цели на проектот:
Да ги натерате учениците да ги сфатат основните вредности,
Овозможување на учениците да создадат чувствителност на основните вредности и да ги трансформираат во однесување,
Откривање преку културно-уметнички активности,
Учење да се справувате со стресот преку уметнички и културни активности,
Развивање на решавање проблеми, учење преку правење, вештини за критичко размислување со користење на веб 2.0 алатки преку интердисциплинарни студии.
Очекувани резултати :
Давање позитивен придонес во општествените односи со соработка на училиште, ученик и родител,
Учениците ги трансформираат своите искуства во трајно однесување,
Да им помогне да се подготват за иднината преку развивање на нивните вештини од 21 век,
Со проектните партнери се очекуваат заеднички е-книги, табли и активности за социјална помош.
Етвининг проект ,, My Art Twin,,
MyArtTwin е иновативен проект кој има за цел да ги поттикне животните вештини на учениците за 21-от век преку уметност. Инспириран од добри практики низ Европа, нашиот проект ги интегрира основните области како што се математиката, научната писменост, дигиталните вештини и граѓанството со различни гранки на уметноста (сликарство, музика, дигитална уметност). На ова патување, учениците не само што ќе создаваат уметнички производи, туку и ќе го зајакнат своето математичко размислување преку истражување на геометријата во уметничките дела. Тие ќе ја откријат магичната врска помеѓу уметноста и науката, учејќи зошто боите се менуваат и како формите се спојуваат. Преку заеднички дигитални изложби и анимации, учениците ќе ја подобрат својата дигитална компетентност, додека интеркултурните уметнички проекти ќе ја промовираат свеста за активно граѓанство. Нашиот проект ги трансформира учениците од пасивни приматели во креативни производители, нудејќи опипливи и мерливи резултати. На овој начин, тие ќе се движат подалеку од учењето напамет кон учење преку правење и доживување, прераснувајќи во компетентни поединци на иднината. Со истакнување на интердисциплинарното учење, креативноста, соработката и дигиталната компетентност, нашиот проект целосно се усогласува со европските приоритети.
Цели на проектот:
Да се развијат вештини за 21-от век преку уметност: Зајакнување на креативноста, решавањето проблеми, критичкото размислување, соработката и комуникациските вештини на учениците преку уметнички активности.
Да се промовира интердисциплинарно учење: Интегрирање на основни области како што се математика, наука, писменост, дигитални вештини и граѓанство со различни гранки на уметноста за да се направи учењето позначајно и трајно.
Да се подобрат дигиталните компетенции: Овозможување на учениците свесно, продуктивно и креативно да ја користат технологијата преку иновативни алатки како што се заеднички дигитални изложби, анимации и е-книги.
Да се поттикне меѓукултурната свест и активното граѓанство: Зајакнување на толеранцијата, почитувањето на културната разновидност и чувството за европско граѓанство преку колаборативни уметнички проекти со ученици од различни земји.
Да се даде приоритет на учењето центрирано кон ученикот: Трансформирање на учениците од пасивни приматели на знаење во активни, креативни производители, со нагласување на учењето преку правење и доживување.
Очекувани резултати:
Подготовка на дигитални производи (е-книги, постери, виртуелни изложби, видеа) како заеднички дела и нивно споделување на TwinSpace
Развивање на креативноста, решавањето проблеми, комуникацијата и вештините за соработка кај учениците
Зајакнување на дигиталните компетенции кај учениците преку употреба на алатки од Web 2.0
Зајакнување на еколошката свест и одржливоста преку активности со употреба на рециклирачки материјали
Стекнување научна и математичка свест преку теми како што се мешање на бои, геометрија и симетрија
Развивање на културна свест, толеранција и активно граѓанство преку споделување уметност, музика и традиции од различни култури
Трансформирање на учениците од пасивни приматели во активни, продуктивни и одговорни поединци
Одговорен наставник : Маја Атанасовска Спасескa



.jpg)
.jpg)
















