петак, 27. фебруар 2026.

Социометриска постапка – увид во односите меѓу учениците

 Во текот на месец февруари 2026 година, училишниот психолог Бранка Бранковиќ реализираше социометриска постапка со учениците од VII-а и VII-в одделение.

Целта на оваа активност беше да се добие подобар увид во меѓусебните односи, прифаќањето и комуникацијата помеѓу учениците во одделенијата. Преку соодветни прашалници и анализа, се согледаа социјалната структура на групите, како и позицијата на секој ученик во однос на врсниците.

Добиените сознанија ќе послужат како основа за понатамошни активности насочени кон подобрување на односите, поттикнување на соработката и создавање позитивна и поддржувачка училишна средина.

Со вакви стручни постапки, училиштето континуирано работи на унапредување на социјалниот и емоционалниот развој на учениците.


Психолог Бранка Бранковиќ


Светскиот ден на социјалната правда.

Во рамките на програмата за Мировно образование поддржана од МОН ,нашето училиште го одбележа Светскиот ден на социјалната правда.

     Праведно општество не се гради само со зборови,туку со дела, мир,храброст,солидарност и одговорност.

Одговорен : библиотекар Александра Милчева



Извештај за реализирана воннаставна активност “Сообраќајна едукација за младите” во училиштата во 7мо, 8мо и 9то одделение

На ден 26.02 во нашето училиште се одржа едукативна презентација од страна на претставници на СВР Скопје на тема “Безбедноста на учесниците во сообраќајот”. Презентацијата имаше за цел да ја подигне свеста кај учениците за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, како и за одговорното однесување на сите учесници во сообраќајот - пешаци, велосипедисти и возачи.

Претставниците на СВР Скопје преку проект презентации објаснија како невниманието, користењето мобилен телефон при возење, непочитувањето на сообраќајната сигнализација и пребрзото возење можат да доведата до сериозни последици.
Учениците имаа можност да поставуваат прашања и активно да учествуваат во дискусијата. Посебен акцент беше ставен на безбедното преминување улица, користењето заштитна опрема при возење велосипед или тротинет, како и важноста од користење сигурносен појас.
Презентацијата беше проследена со едукативни материјали и совети кои ќе им помогнат на младите да развијат сообраќајна култура и чувство на одговорност. Ваквите активности се од големо значење за градење безбедна средина и намалување на сообраќајните незгоди.
Нашето училиште и понатаму ќе продолжи да соработува со надлежните институции со цел едукација и заштита на учениците.

Одговорни наставници
Никола Соколовски
Кирил Атанасовски




четвртак, 26. фебруар 2026.

„Што ми пречи“ – работилница за изразување на емоции и градење разбирање

 На 25.2.2026 год. училишниот психолог Бранка Бранковиќ реализираше работилница со учениците од VIII-а одделение на тема „Што ми пречи“.

Целта на работилницата беше да им се овозможи на учениците да ги препознаат и изразат сопствените чувства, како и да научат на соодветен начин да комуницираат кога нешто им пречи. Преку дискусија, размена на мислења и интерактивни активности, учениците имаа можност да споделат ситуации од секојдневието и да согледаат како нивното однесување влијае врз другите.

Особено внимание беше посветено на развивање на вештини за асертивна комуникација, почитување на различностите и градење меѓусебно разбирање. Учениците покажаа отвореност, искреност и активна вклученост во работата.

Работилницата придонесе за зајакнување на емоционалната свесност и подобрување на односите помеѓу учениците, како важен чекор кон создавање позитивна училишна клима.


Психолог Бранка Бранковиќ


среда, 25. фебруар 2026.

Започна проектот „Насилството не е кул“

 На 24.2.2026 година започна реализацијата на проектот „Насилството не е кул“, за кој училиштето „Рајко Жинзифов“ доби грант. Проектот има за цел подигнување на свеста за превенција од насилство и градење позитивна училишна клима.

Во рамките на проектот се вклучени ученици од ООУ „Рајко Жинзифов“, ООУ "Кузман Шапкарев“ и ООУ" Св. Климент Охридски“. 

Првата работилница беше реализирана на тема „Насилство“, под водство на психологот Бранка Бранковиќ и педагогот Весна Рафеска.

Преку интерактивен пристап, дискусија и практични активности, учениците имаа можност да се запознаат со различните форми на насилство, неговите последици, како и начините на препознавање и спречување. Со оваа работилница се истакна улогата на секој поединец во создавање безбедна и поддржувачка средина.

Проектот претставува значаен чекор кон јакнење на свеста кај учениците и поттикнување на вредности како почит, толеранција и одговорност.


Психолог Бранка Бранковиќ

Педагог Весна Рафеска




Проектот "Насилството не е кул!"

НАСИЛСТВОТО НЕ Е COOL!
Во ООУ "Рајко Жинзифов" започна реализација на проектот "Насилството не е кул!" , во кој се вклучени и ученици од соседните училишта ООУ"Св. Климент Охридски Драчево " и ООУ "Кузман Шапкарев" .


уторак, 24. фебруар 2026.

Балетската претстава “Петар Пан”

Нашите ученици од 3г, 4г и 4д одд.заедно со своите наставнички денес имаа можност да ја проследат балетската претстава “Петар Пан” во Македонската опера и балет.

🎭Целта на оваа посета беше да се поттикне  љубовта кон уметноста и културата. 

🎭Децата уживаа во магијата на сцената и го збогатија нивното искуство со плус уште едно волшебно доживување.




понедељак, 23. фебруар 2026.

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

 Нашето училиште присуствуваше на свечениот настан во Институтот за македонски јазик„Крсте Мисирков’’,по повод 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.Јован Николовски се претстави со песната ,,Очи’’ од Ацо Шопов под менторство на библиотекарот Александра Милчева.

    Мајчиниот јазик не е само инструмент за комуникација,туку и чувар на семејната и национална традиција,на духовното богатство и култура на еден народ.

   




МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК


Нашето училиште присуствуваше на свечениот настан во Институтот за македонски јазик ,,Крсте Мисирков",по повод 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.Активно го чествуваа Денот на мајчиниот јазик нашите ученици Теона Николова 9 г,Михаела Тримческа 9г,Михаела Васковска 9 г,Андреј Станковски 9 г,Андреј Јованчев 9 г,Иван Петровски 9г,Јована Стојановска 9б,Сара Величковска 9б,Калина Петрушева 9 б,Лина Џиковска 9б,Марија Змејковски 8а,Јован Николовски 8а,Теодора Трифуновска 8а,Јана Кискинова 8 а .

Јован Николовски се претстави со песната,,Очи"од Ацо Шопов под менторство на библиотекарот Александра Милчева.

Мајчиниот јазик не е само инструмент за комуникација,туку и чувар на семејната и национална традиција,на духовното богатство и култура на еден народ.








Посета на Музеј на македонска борба, Црква Св. Спас и гробот на Гоце Делчев

На ден 20.02.2026 год.учениците од 4а, 4б и 4в одд. го посетија  Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Црква Свети Спас и гробот на Гоце Делчев.

Во музејот научивме многу за македонската историја и борбата за слобода. Во црквата го видовме прекрасниот иконостас, а на гробот на Гоце Делчев оддадовме почит.

Посетата беше интересна и поучна, и ни помогна подобро да ја разбереме нашата историја.

Актив на четврто одделение





Проект ,, Вело училиште ,, - 3а одделение

IIIa одделение се вклучи во проектот,, Вело училиште,, каде што учениците ќе можат да создадат здрави навики за живеење, подетално ќе се запознаат со велосипедот како превозно средство ( опрема, правила за безбедно возење ), чиста и здрава околина.
Нашите активности за месец февруари
- решавање осумнасочник
- дизајнирање на облека за велосипедисти
Одговорни наставник : Маја Атанасовска Спасеска






субота, 21. фебруар 2026.

СВЕТСКИ ДЕН НА СОЦИЈАЛНАТА ПРАВДА

          Во рамките на програмата за Мировно образование поддржана од МОН ,нашето училиште го одбележа 20ти февруари Светскиот ден на социјалната правда.

          Праведно општество не се гради само со зборови,туку со дела,мир,храброст,солидарност и одговорност.


Библиотекар : Александра Милчева





понедељак, 16. фебруар 2026.

Недела на информатика

По повод Одбележување Недела на информатиката родител во улога на наставник се реализираше родителот Анета Јанкуловска -софтверски инженер која одржа предавање пред учениците од IV-д одд. на Тема: Вештачка интелигенција.
Темата побуди интерес кај учениците,а родителката преку презентација,квиз прашања и работа во групи им објасни што е тоа вештачка интелигенција,како функционира, кажа примери од секојдневниот живот,предностите,но и недостатоците на истата.
Вештачката интелигенција е технологија која го менува светот!
Наша задача е да ја користиме паметно и одговорно!
Огромна благодарност до родителот!
Одговорен наставник : Елена Стојановска





среда, 11. фебруар 2026.

Изработка на хранилки за птици

По предметот Природни науки, учениците од 5 одделение заедно со наставничката Билјана Наунова и обр.асс.Павлина реализираа практична активност – изработка на хранилки за птици. Преку разговор и работа во групи, учениците се запознаа со птиците што не мигрираат и со тешкотиите со кои тие се соочуваат во зимскиот период поради недостиг на храна.Учениците изработија хранилки од рециклиран материјал, научија каква храна е соодветна за птиците и каде е најбезбедно да се постават хранилките. Активноста не учи, на одговорност и грижа кон живите суштества, како и  тимска работа и практична примена на знаењата.Со оваа активност учениците сфатија дека и со мали постапки можат активно да придонесат за заштита на природата и животните.




среда, 4. фебруар 2026.

Разрешување на конфликти – вештина за подобра комуникација

 На 3.2.2026 година училишниот психолог Бранка Бранковиќ реализираше работилница со учениците од IX-б одделение на тема „Разрешување на конфликти“.

Целта на работилницата беше учениците да стекнат вештини за препознавање и конструктивно решавање на конфликти во секојдневната комуникација. Преку дискусија, анализа на ситуации и практични активности, учениците учеа како да ги контролираат емоциите, да слушаат активно и да пронаоѓаат решенија прифатливи за сите страни.

Посебен акцент беше ставен на ненасилната комуникација, почитувањето на различните ставови и значењето на дијалогот во надминување на несогласувањата. Учениците активно учествуваа и покажаа интерес за примена на наученото во секојдневните ситуации.

Работилницата придонесе за развој на социјални вештини и создавање позитивна атмосфера меѓу учениците, како важен дел од здравата училишна средина.


Психолог Бранка Бранковиќ


уторак, 3. фебруар 2026.

УЧЕСТВО НА ТРИБИНА по Предлог на Законот за заштита од пушење

Во рамки на јавната расправа по Предлог на Законот за заштита од пушењето на 04.02.2026 година се одржа панел дискусија во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ на која зема учество училишниот дефектолог м-р Адријана Кукоска.

   Панелистите од Институтот за јавно здравје, Факултетот за земјодејски науки и храна, Сојузот на стопанските комори говореа за бенефитите, опасносите и значењето на овој предлог Закон за заштита од пушењето. Претставникот од Министерство за образование и наука говореше за  улогата на образванието за превенција од пушењето со превентивни програми кои веќе ги имаме. Влијанието на целото општество, наставниот кадар и родителите, колку е значајна континуираната едукација и превенција, да се знае за штетноста од пушењето од која  може да се јави зависност која тешко се надминува.

Здравјето пред се!


Дефектолог м-р Адријана Кукоска



понедељак, 2. фебруар 2026.

Извештај од Општинскиот натпревар по математика учебната2025/26

На Општинскиот натпревар по математика, кој се одржа во нашето училиште на 30.01.2026 г, учествуваа ученици од IV  до VIII одд, вкупно 47 ученици. 

Од сите учесници во натпреварот, 3 ученика освоија втора награда, 7 ученика освоија трета награда, а 11 ученика пофалници. Сите наградени ученици ќе земат учество на Регионалниот натпревар што ќе се реализира на 14 март. 

Одговорен наставник : Марина Станоеска