четвртак, 30. април 2026.

Посета на настан- Jazz for Kids

Посета на настан- Jazz for Kids

Нашите ученици од 4-г и 4-д одделение со своите наставнички на 29 Април со големо задоволство го посетија настанот “Jazz for kids”,кој се одржа во Парк Фредерик Шопен.

Преку музика,игра и интеракција,децата имаа можност да се запознаат со џезот на интересен и забавен начин.Настанот беше исполнет со позитивна енергија,насмевки и инспирација.

Убаво искуство кое долго ќе се памети!

Да ја славиме музиката заедно!



Работилница на тема „Ненасилна комуникација“ во рамки на проектот „Насилството не е кул“

 Во месец април во нашето училиште успешно се реализира третата работилница во рамки на проектот „Насилството не е кул“, на тема „Ненасилна комуникација“.

Работилницата беше исполнета со интерактивни активности и практични вежби преку кои учениците имаа можност да ги развиваат своите комуникациски вештини, емпатијата, активното слушање и конструктивното решавање на конфликти без употреба на насилство.

Реализатори на работилницата беа училишниот психолог Бранка Бранковиќ и педагог Весна Рафеска, кои преку разновидни вежби и дискусии ги поттикнаа учениците да размислуваат за значењето на почитта, разбирањето и ненасилната комуникација во секојдневниот живот.

Учесници на работилницата беа ученици од VII и VIII одделение од нашето училиште, како и ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“, ООУ „Кузман Шапкарев“. Заедничката работа придонесе за размена на искуства, зајакнување на меѓусебната соработка и градење позитивна училишна клима.

Работилницата претставуваше значаен чекор во промовирањето на култура на дијалог, толеранција и меѓусебно почитување, во согласност со целите на проектот „Насилството не е кул“.

психолог Бранка Бранковиќ 

педагог Весна Рафеска



уторак, 28. април 2026.

Посета на Саем на книга

 Читањето е патување, а Саемот на книга е местото каде започнуваат најубавите патувања. Денес, со учениците од 4-то до 9-то одделение, уживавме меѓу книги, нови приказни и возбудливи откритија што ќе нè поттикнат да читаме уште повеќе. 📚

Учениците беа дел и од промоцијата и

средбата со авторот Сашо Кокаланов и со книгата „Сам во рој“ – кој влезе во тесен избор за наградата „Оливера Николова“ за 2025.

 Посетата на Саемот на книга ни отвори врати кон нови светови, идеи и знаења. Секоја книга што ја допревме беше нова приказна што чека да биде прочитана!







субота, 25. април 2026.

Идните првачиња-големата група од градинка

 Денес на 24 .4. во нашето училиште беше топло пречекана со интересни и едукативни активности големата група од градинка. Идните првачиња имаа можност да проследат кратка приредба организирана од учениците од одделенска настава, ги посетија училниците на петите и четвртите одделенија каде се дружеа со големите другарчиња преку едукативни активности. Ја посетија фискултурната сала, училишниот двор и споделија многу насмевки, радост , задоволство, подготвувајќи се да станат дел од нашето училиште. Благодарност за соработката на сите кои се вклучија во организација на овој мал, но значаен проект каде со гордост и посветеност го претставивме нашето училиште.  

Актив петто одделение 






Дводневна екскурзија

 На 23-ти и 24-ти април со учениците од генерацијата VI одделение се реализираше екскурзија, при што се посетија локалитети и градови низ источниот дел од нашата земја ( Штип, Баргала, Радовиш, Водоча, Вељуса, Дојран, Стоби ) преку кои тие научија повеќе за културно - историските и природните убавини на Македонија .

Но, екскурзијата ни подари повеќе од убави места — ни подари пријателства, радост и спомени што засекогаш ќе живеат во нашите срца.




петак, 24. април 2026.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 22 АПРИЛ-ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ВО ОКВ

 На ден 23.04.2026 година во просториите на Општина Кисела Вода, основното училиште со ресурсен центар ,,д-р Златан Сремац" промовираше Прирачник - практичен ресурс за наставници, стручни соработници и образовни асистенти во инклузивна настава, како завршен продукт од проектот ,, The green wave". Стручните сорабитници дефектолог м-р Адријана Кукоска и психолог м-р Бранка Бранковиќ пристуствуваа на настанот на кој образовните асистенти споделија свои искуства од праксата и адаптации направени за горенаведениот прирачник.




четвртак, 23. април 2026.

22 Април – Денот на планетата Земја

По повод 22 Април – Денот на планетата Земја, учениците од 6 и 8 одделение ,наставниците и техничкиот персонал од нашето училиште активно се вклучија во повеќе еколошки активности со цел да придонесат за почиста и позелена средина. Се спроведоа акции за чистење и средување на училишниот двор, собирање суви лисја, наводнување и садење нови садници, како и грижа и одржување на веќе насадените дрвца.

Покрај практичните активности, учениците учествуваа и на онлајн предавање организирано од МИУ мрежата и обучувачи од Едукативниот центар Негрево, каде се запознаа подетално со тресетиштата во Македонија – нивното значење, карактеристичната флора и фауна, со посебен фокус на ретката Муволовка, кое е карактеристично растение за тресетишта и е редок и интересен вид. Дознавме како таа се прилагодува на живот во сиромашни почви преку факање инсекти, како и заканите со кои се соочуваат и мерките за нивна заштита,едукација и одговорно однесување кон природата. Предавањето беше многу интересно и едукативно, и ни помогна подобро да ја разбереме важноста од зачувување на овие вредни природни богатства.

Одговорен наставник : Билјана Наунова



уторак, 21. април 2026.

Етвининг училиште 2026/2027

 Етвининг училиште 2026/2027

Нашето училиште повторно доби ознака за Етвининг училиште 2026/2027 година.Нека ова биде мотив повеќе за сите нас во реализација на успешни проекти



Меѓународниот натпревар по англиски јазик-Хипо

 Little Hippo

Лара Стојаноска Трпческа- IVг (ментор:Маја Димеска Костоски)

Андреа Петкоска- IV д (ментор:Маја Димеска Костоски)

Hippo 1

Давор Митревски- V д (ментор:Стефан Трајчевски)

Никола Ѓурчески- V б (ментор:Александра Колевска)

Срѓан Лазиќ- V г (ментор:Стефан Трајчевски)

Калин Колевски -VI а (ментор:Анета Макревска)

Hippo 2

Анастасија Славковска-VII a (ментор:Магдалена Бадарова)

Стела Шоклевска- VII a (ментор:Магдалена Бадарова)

Даријан Илиовски- VII б (ментор:Магдалена Бадарова)

Hippo 3

Лара Ивановска- VIII a (ментор:Магдалена Бадарова)

Ирина Јаворац-IX г (ментор:Маја Димеска Костоски)

Честитки 

петак, 17. април 2026.

Заедно против булингот

 На ден 16.4.2026 година, во подрачното училиште во Пинтија, беше реализирана работилница на тема „Булинг“, наменета за учениците од V-д одделение. Работилницата ја реализираше училишниот психолог.

Целта на работилницата беше учениците да се запознаат со поимот булинг, неговите форми и последиците што може да ги предизвика.

Преку разговор, примери и интерактивни активности, учениците имаа можност да научат како да го препознаат булингот, но и како да реагираат доколку се најдат во таква ситуација – како жртви или сведоци. Особено внимание беше посветено на навредувањето, исклучувањето од друштво и ширењето негативни пораки.

Учениците активно учествуваа, споделуваа свои мислења и искуства и покажаа голема заинтересираност за темата. Преку заедничка дискусија се истакна важноста на почитта, емпатијата и меѓусебната поддршка.

Заклучокот од работилницата беше дека секој ученик има важна улога во создавање безбедна и пријатна училишна средина, каде што булингот нема место.


Психолог Бранка Бранковиќ




среда, 15. април 2026.

ИНКЛУЗИВНА ВЕЛИГДЕНСКА РАБОТИЛНИЦА


Со учениците од IX одделение бевме гости во Клубчето на лицата со церебрална парализа и нивните родители. 

Заедно со нашите пријатели од клубче творевме, изработувавме, украсувавме за претстојниот празник Велигден.

Оваа работилница беше можност за дружење, креативност и меѓусебна поддршка – затоа што секогаш заедно сме посилни!

дефектолог м-р Адријана Кукоска









среда, 8. април 2026.

7 април - Светскиот ден на здравјето

По повод 7 април - Светскиот ден на здравјето, во одделенска настава, со учениците од прво до петто одделение беа реализирани низа активности, под мотото : Здраво дете - среќно дете.

Целта на активностите беше да се подигне свеста кај учениците за значењето на здравиот начин на живот, правилната исхрана, физичката активнот и личната хигиена.

Реализирани активности:

Прво одделение: спортски активности, чинија полна витамини;

Второ и трето одделение: квиз прашања , ликовни творби;

Четврто и петто одделение: изработка на постер со пораки.












ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

 Денес, 7 април со Ученичкиот парламент од нашето училиште го одбележавме Светскиот ден на здравјето.


Овој ден нè потсетува колку е важно да се грижиме за нашето физичко и ментално здравје. Со мали навики како здрава исхрана, редовна физичка активност и доволно одмор, можеме да направиме голема разлика во нашиот живот.


Здравјето не е само отсуство на болест, туку состојба на целосна физичка, ментална и социјална благосостојба. Грижата за себе и за заедницата е клучна за подобра иднина


Да се грижиме за себе – затоа што здравјето е најголемо богатство!


психолог м-р Бранка Бранковиќ









уторак, 7. април 2026.

ИГРИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ КОНФЛИКТИ

        Конфликтите се дел од животот и ги  решаваме мировно.Мирот не е само отсуство на конфликт, тој е
почит,разбирање,соработка,емпатија,добрина,заедништво.

Библиотекар:

Александра Милчева



петак, 3. април 2026.

2 АПРИЛ-МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА

 По повод меѓународниот ден на детската литература,кој се слави за да се инспирира љубовта кон читањето и да се нагласи важноста на книгите го одбележавме со :

- уредување на училишната библиотека со поголема читална за нашите ученици и 

- бевме среќни домаќини на ученици од соседните училишта.


Библиотекар:  Александра Милчева