На 13.5.2024г.,
учениците од четврто одделение ја посетија ботаничката градина при Природно-
математичкиот факултет во Скопје. 83 ученика, заедно со своите одделенски
раководители, беа присутни на презентирањето од страна на стручните соработници
на факултетот , на дел од активностите кои се реализираат во ботаничката
градина. Учениците ги проследија сите интересни факти, одблиску се запознаа со
микроскопот како инструмент, видоа како изгледаат бамбусовите треви и ендемични
видови, со кои изобилува ботаничката градина. Учениците со задоволство и големо
внимание ги ислушаа предавањата, од кои се здобија со нови знаења за растителниот
свет.
Нема коментара:
Постави коментар