четвртак, 20. јун 2024.

Завршен процес на професионална ориентација на учениците

 

       Процесот на професионална ориентација во нашето училиште се спроведува согласно Програмата за професионална ориентација во текот на учебната година и трае скоро цела учебна година. Во овој процес опфатени се учениците од девето и осмо одделение. Во процесот на професионална ориентација вклучени се училишниот психолог и педагог, раководители на пралелките од девето одделение, а по потреба се вклучуваат и предметни наставници, како и специјалален едукатор и  рехабилитатор.

Првично, училишниот психолог спроведува тестови во врска со проценка на афинитети, склоности, интереси и способности на учениците, како и различни анкети. Училишниот педагог  реализира презентации на теми поврзани со професионална ориентација, со цел учениците да ги добијат потребните информации за достапни средни училишта. Раководители на паралелките реализираат работилници поврзани со различни теми за професионална ориентација, а по потреба се вклучуваат и предметни наставници, сѐ со цел да се олесни овој процес и добијат релевантни информации кои ќе допринесат да се донесе правилна одлука во врска со изборот на средното училиште.

На крајот на самиот процес училишниот психолог врз основа на горепосочените активности и резултати од истите, дава препорака на учениците (од девето одделение) за упис во средни училишта.

Психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ

Педагог Весна Рафеска



Нема коментара:

Постави коментар