четвртак, 20. јун 2024.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 2 АПРИЛ - СВЕТСКИ ДЕН НА АУТИЗМОТ

 

    На 2 април се одбележува Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот. Пред 17 години, Генералното собрание на Обединетите нации го воспостави овој ден, поттикнувајќи акции за подигање на општата свест за состојбите од спектарот на аутизам.

Аутизмот не е болест, туку состојба при која луѓето кои живеат со него имаат поинаков начин на интерпретација на зборовите, боите, формите и звуците на светот околу нас.  Со персонализиран и специјализиран терапевтски третман, можно е да се зголеми квалитетот на живот на лицата засегнати од аутизам.

Препознатлив симбол за аутизмот е парче сложувалка во сина боја. Бојата го претставува спокојството што им е потребно на семејствата и на луѓето со аутизам за да живеат со таа состојба, а делот од сложувалката означува дека лицето со аутизам не се изолира себеси затоа што тоа го сака и му треба поддршка од другите.     

Во нашето училилиште, дефектологот реализираше работилници со учениците од Училишен парламент, II, III и IV одделение во кои со пригодно видео и изработки го одбележавме овој значаен ден за што поголемо прифаќање и поддршка за лицата со аутизам.

 Дефектолог Адријана Кукоска




Нема коментара:

Постави коментар