недеља, 9. јун 2024.

Посета на поважни институции во местото на живеење


Во рамките на наставата по општество "Поважни објекти во местото на живеење", на 14.05.2024-вторник, учениците од 2а, 2б и 2в, беа во посета на полициска станица, пошта, банка, амбуланта, противпожарна станица. Се запознаа со вработените, нивната работа и значењето на нивната работа за луѓето во местото на живеење. Се поттикна развивање културни навики на однесување при посета на институциите

второ/а, б, в одделение: Лукровска Софија, Сталеска Кети и Стефковска Билјана




Посета на ботаничката градина при Природно- математичкиот факултет во Скопје

 

На 13.5.2024г., учениците од четврто одделение ја посетија ботаничката градина при Природно- математичкиот факултет во Скопје. 83 ученика, заедно со своите одделенски раководители, беа присутни на презентирањето од страна на стручните соработници на факултетот , на дел од активностите кои се реализираат во ботаничката градина. Учениците ги проследија сите интересни факти, одблиску се запознаа со микроскопот како инструмент, видоа како изгледаат бамбусовите треви и ендемични видови, со кои изобилува ботаничката градина. Учениците со задоволство и големо внимание ги ислушаа предавањата, од кои се здобија со нови знаења за растителниот свет.




Извештај од посета на кино претставата ,,Смрдушковци"


На ден 21.05.2024 година со учениците и наставниците од активот на IV одделение се реализираше планираната посета на кино претставата ,,Смрдушковци" во Киноверзум ,,Билјана Беличанец" во Кисела Вода.

Посетата беше планирана со организиран автобуски превоз и во одреденото време бевме пред киното. Кино проекцијата започна во 9.00 часот. Учениците со восхит го следеа анимираниот филм, кој беше со еколошка содржина и многу поучен за учениците. Задоволни и побогати за уште едно искуство се вративме во училиштето.




ЛИТЕРАТУРЕН ФЕСТИВАЛ „РАКАТКИ“, 2024

 

           На литературниот фестивал „Ракатки“ на кој учествуваа основни училишта од цела Македонија, ученичката Јована Пешова  од 9а одд. освои прва награда за лична творба на тема: “Македонија-мојата татковина, мојот дом“, под менторство на Љуба Мишевска. Ученикот Никола Арсовски од 8в одд. освои втора награда под менторство на Каролина Коларовска.

             Свеченото доделување на наградите се одржа на 11.05.2024 год. во Основното училиште „Димитар Миладинов“ во Скопје.

           Честитки до наградените ученици!

Македонија-мојата татковина, мој дом

Земјо наша плодна, топла и благородна,

од библиско време создадена,

за навек подарена, со топлина облеана,

со љубов посеана, со песни опеана.

 

Низ векови измачувана и оплакувана,

во безизлез доведувана,

распарчена, украдена, отуѓена,

те сакам земјо,ти си моја судбина!

 

Храбро и смело, против душман клет,

младост што гасне како скинат цвет.

Нивниот жар го носиме во душа,

секој нека те знае, секој за тебе да слуша.

 

Со љубов што расте од времиња стари,

за земја повредна од злато и пари,

те сакам Македонијо, со срцево цело,

те чувствувам насекаде, во град и во село.

 

Те сакам земјо со сета моја душа,

од првиот мој здив што мајка го слушна.

Во мене силно желбата гори,

Македонија исправено пред секого да стои.

 

Сплотено да кажеме молитва света,

Господ да ни дари љубов што цвета!

Едени на други да подадеме рака,

да покажеме како, татковината се сака.

 

Домот мој си, о мајчино гнездо!

Кој добрина сее, во тебе наоѓа место.

Дом топол, огниште што жари,

со милозвучни македонски приказни стари.

 

Македонијо, сплоти ги твоите чеда,

сите како едно, душман нека гледа!

Вечна да ни бидеш татковино наша,

ти си домот наш, ако некој праша.

 

 9-a одд. Јована Пешова

 ООУ „Рајко Жинзифов“ н. Драчево, Скопје

 Ментор: Мишевска Љуба



Извештај од состанокот на Училишен парламент

 

На  ден 18.4. 2024 година Училишниот парламент одржа состанок и на истиот присуствуваа и членовите на парламентот. На состанокот покрај вообичаените точки на дневниот ред, училишниот педагог презентираше училишен успех и поведение на крај од третото тримесечје. На истиот состанок со членовите на учичишниот парламент, училишниот психолог реализираше работилница од кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ од компанијата „Макпетрол“ .

Училишниот педагог Весна Рафеска

Училишниот психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ



ЈУБИЛЕЈНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

 

        Оваа година нашето училиште навршува точно 60- години постоење, и по тој повод учениците и вработените се обидоа на еден поинаков начин да ја прикажат долгогодишната работа, успеси, постигнувања, наградувања, проекти, значајни настани и активности и низа други случувања кои ќе остават пријатни спомени кај сите нас на кои секогаш сме биле и ќе бидеме горди.

            Мотото по кое се подготвуваа сите активности беше „Времето тече, не запира“. Во чест на овој ден учениците заедно со своите наставници подготвија низа активности, за на 29.03. 2024 година се заокружија со завршната свечена приредба. На 22.03. 2024 во училишниот хол беше реализирана ликовна работилница на која учествуваа ученици од одделенска и предметна настава. Најдобрите цртежи беа наградени со пофалници со прва, втора и трета награда. На 25.03. 2024 одговорните наставници по македонски јазик и одговорните од одделенска настава се потрудија и организираа литературно читање на лични творби на учениците како од централното така и од подрачното училиште на тема: „Времето тече, не запира“. Литературното читање се одвиваше во училишниот хол, на бина каде учениците преку стихови покажаа почит кон нашиот преродбеник Рајко Жинзифов. Најдобрите беа наградени со пофалници. На 26.03.2024 беа одржани спортски активности со учениците од VI-IX одделение , и игри без граници со учениците од одделенска настава. Атмосверата во текот на сие овие денови навистина беше празнична и весела, со огромно задоволство на учениците.









АПРИЛИЈАДА ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

 

              Денот 1 Април е ден кој учениците со нетрпение го очекуваат, токму заради подготвувањето и презентирањето на маски кои најчесто се изработени со помош на своите родители. На овој ден по големиот одмор се реализираше првоаприлско дефиле со учениците од II-V одделение во самата населба во паркот кај фонтаната (Паркот на бранителите). Учениците од прво одделение ги покажаа своите маски во училишниот двор. Додека пак за учениците од VI-IX одделение беше организирана маскенбал-забава во траење од еден час од 10 до 11 часот во холот на училиштето. Учениците навистина беа среќни и задоволни.







Воннаставна активност – Работилница на тема „Емоции“

 

Одбележување на 7 Април - Светски ден на здравјето. Во 2/б одделение на посета ни беше психолог Марија Арсовска-родител во улога на наставник. Имавме интересно и поучно предавање. Менталното здравје е дел од општото здравје, Работилница за Емоциите, нивното препознавање и справување со истите на соодветен начин со цел здрав психолошки развој кај децата.

 

одделански наставник: Лукровска Софија









Посета на амбасадорот на Народна Република Кина во ООУ „Рајко Жинзифов“

 

На 19.3.2024 година нашето училиште ОУ, Рајко Жинзифов", на наше огромно задоволство го посети  амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо, претставници од Амбасадата на НРКина во Република Македонија, претставници од весникот ,,Колибри" и директорот на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност, д-р Христо Петрески. Оваа средба беше со цел да се означи почетокот на настанот ,,Запознајте ги кинеските  приказни и бајки" , кој  планирано е да трае два месеца низ поголемите градови во Македонија:Скопје, Охрид, Тетово, Штипи,.. а започна од нашето училиште, се однесува за сите основци од РМакедонија, кои ќе имаат можност да творат ликовни и пишани творби.

Најдобрите за својата креативност и оригиналност ќе бидат наградени. Исто така на  оваа средба се реализираа и две работилници литературна со петтите одделенија  и ликовна со четвртите одделенија. На крај имавме можност да ја вкусиме и кинеската храна.





понедељак, 8. април 2024.

22 Март – Светски ден на водата – меѓупредментни цели

 

Учениците од I-a и  IV-б одделение го одбележаа Светскиот ден на водата – 22 Март, преку реализација на меѓупредметни цели – англиски јазик, математика и македонски јазик. Учениците од четврто одделение кажуваа пораки на англиски јазик, учениците од прво одделение истите пораки ги повторуваа со правилна артикулација на гласовите. Заедно учениците решаваа задачи по математика (броење, броеви, собирање и одземање), а потоа ликовно се изразуваа. Учениците ги постигнаа поставените цели преку тимска работа, соработка и комуникација, споделувајќи ги своите знаења, умеења и вештини едни со други.

 

наставници:

Магдалена Бадарова

Маја Атанасовска Спасеска




петак, 5. април 2024.

Работилници во склоп на кампањата „Крени глас протов врсничко насилство“

 

Во февруари и март училишниот психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ одржа вкупно 11 работилници на тема „Меѓуврсничко насилство - Булинг“ во централното и подрачното училиште. Опфатени се учениците од VI, VII, VIII и IX одделение, вкупно 161 ученика.  Реализирана е прва едукативна работилница против врсничко насилство кои компанијата „Макпетрол“  ги организираше во рамките на едукативна кампања „Крени глас протов врсничко насилство“.

Целта на работилница е да се препознае дете кое е жртва на насилство и да спречи тоа длабоко да влијае на психичкото здравје, но и да се  помогне на дете кое е сторител на насилството. На учениците им се потребни се помош и поддршка да ги пронајдат прифатливите обрасци на однесување и да покажат примерно поведение, а воедно и да се справат со својата лутина или агресија која од некаде ја виделе или почувствувале.

психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ




четвртак, 4. април 2024.

Брзо читање и мудро учење

 

        На ден 15.03.2024  учениците од Vг одд.со библиотекарот  имаа активност на темa ,,Брзо читање и мудро учење’’,преку која ги запознаа техниките за брзо читање со високо ниво на разбирање.

библиотекар Александра Милчева




Пролетта ја почнуваме со еко-активности

 

Засади цвет, засади дрво за поубав свет. Чувај ја природата, чисто одржувај ја околината е нашето пролетно мото.

Без водата нема живот. Затоа користи ја мудро. 21 Март е првиот пролетен ден е  посветен на екологијата. Затоа сите ученици од нашето училиште земаа учество во еко-активностите. Учениците од прво и второ ги чистеа училниците и правеа еко-пароли. Учениците од трето до девето го чистеа училишниот двор,  засадуваа цвеќиња и  го украсуваат училишниот двор.

 

одделенски наставник Кети Сталеска

СВЕТСКИ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ

 

        Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се одбележува секоја година на 21-ви март -симболично одбран датум поради трисомија на  21 хромозом.

Во нашето училиште имавме работилници со учениците од Подрачното училиште. Учениците проследија видеа за животот на лицата со Даунов синдром по кои се разви дискусија, а потоа ја искажавме нашата солидарност со пишување на инспиративни пораки и украсување шарени чорапчиња со кои ја подигниваме јавната свест што повеќе да се зборува за различности, уникатност, вклучување и прифаќање.

училишен дефектолог Адријана Кукоска





21 Март - Денот на пролетта и Денот на екологијата

 

        21 Март - Денот на пролетта, кога се буди еколошката свест за грижа и разубавување на нашата околина учениците од IIIб и IIIа одделение го одбележаа со чистење на училишниот двор, полевање на цвеќињата и дрвцата и пишување еколошки пораки кои ќе ни укажат дека секој поединец е одговорен за чување и грижа за убавините што ни ги дала природата,за сите заедно да живеем во чиста и здрава околина.

 одделенски наставник Светлана Жежовска



Меѓународен ден на мајчиниот јазик

 

По повод меѓународниот ден на мајчиниот јазик учениците од VIII одд.со љубов твореа,презентираа, дебатираа и изработија нагледно средство со цитати за јазикот.

„Јазикот е нашата татковина.“- Блаже Конески

 

библиотекар Александра Милчева




Работилница ,,РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК”

 

     Училишниот дефектолог во соработка со одделенската наставничка Светлана Жежовска и учениците од III-б одделение реализираа инклузивна работилница ,,Ретко е да си редок” за одбележување на Светскиот ден на лицата со ретки болести- 28 февруари. Целта беше да се запознаеме со ретките болести да се подигне свеста за истите и што повеќе меѓусебно да си помагаме и да се почитуваме.

Нашите желби секогаш се насочени кон изнаоѓање на лек за сите ретки болести.

Да го слушнеме на ретките гласот, во тоа е спасот! 

дефектолог Адријана Кукоска



Обработка на лектирата „Касни - Порасни“ од Петре М. Андреевски

 

Учениците од 2-д одделение на 22.02.2024 год. ја обработуваа лектирта „Касни - Порасни“. За таа цел најпрвин реализираа посета до локалното пазарче и маркети каде што: истражуваа, набљудуваа, собираа податоци и ја наполнија корпата со разновидно сезонско овошје.Откако се вратија во училница продолжија со своите тековни активности: ги средуваа своите впечатоци, одговараа на прашања,цртаа,изработија книга, рецитираа под маски и на крај вкусија од овошната салата и свежо цеденото сокче кое им го подготви наставничката.

Целта на часот беше постигната и беше донесен следниот важен

Заклучок : Лекарите велат дека овошјето е извор на витамини важни за нашето здравје!

 одделенски наставник Елена Стојановска




Презентација на тема „БУЛИНГ“

         На ден 8.2.2024 год. училишниот психолог одржа презентација на тема „Меѓуврсничко насилство“ со учениците од VI -a одделение. Презентацијата ја одбележа конструктивната дискусија во која учениците ги изразија своите ставови и видувања во врска со различни начини на решавање на конфликти.

Целта на оваа презентација беше учениците да се запознаат со различни видови на насилство, карактеристики на ученик – насилник, карактеристики на ученик – жртва, како и важноста на улогата на стручните соработници психолог и педагог во спречувањето, справувањето  и прекинувањето на меѓуврсничкото насилство.

 

психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ

 


понедељак, 1. април 2024.

21 ФЕВРУАРИ-СВЕТСКИ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

 

               Секоја година општина Кисела Вода објавува лиературен и ликовен конкурс каде учениците преку стихови и цртежи ја искажуваат љубовта кон мајчиниот јазик.Темата на овогодинешниот конкурс беше: “Македонскиот збор клокоти, се лее, секој мајчин збор душа грее“. Од нашето училиште ученичката Јована Пешова од 9а одделение под менторство на наставничка Мишевска Љуба, освои прва награда.Свеченото доделување на наградите се одржа во домот на културата Билјана Беличанец во 12 часот.

                                                

Македонскиот збор клокоти, се лее,

     секој мајчин збор душа грее

 

Ние сме народ со најдлабок корен,

стар јазик древен, низ векови воден.

Јазик македонски е библиско име,

вистина, која не може да се сокрие.

 

Јазикот е наше исконско оружје свето,

кое од дедо на внук се предава ко аманет чесно.

Аманетот ќе го чуваме како зеница во око,

нека грмне глас највисоко!

 

Јазикот македонски е богатство наше,

секој Македонец тоа ќе го каже.

Зборови ко бисери тивко што се нижат,

гердани од љубов на сечии врат висат.

 

Зборот македонски како сонце грее,

пишан или усно песна се пее.

Било приказна, сказна или една бајка,

песна за Македонија-нашата мајка.

 

Клокоти изворот на зборот македонски,

жубори се лее, јазикот прадедовски.

Тивка мелодија што секој од нас ја слуша,

милозвучно, гордо како лек за душа.

 

Јазикот е наш темел, наша татковина,

огниште вековно, наша мајковина.

Испраќам порака, секој нека знае, каде и да е:

Се дури сонцето грее, македонска песна ќе се пее!

                                                                              

 9а-Јована Пешова

 ООУ „Рајко Жинзифов“ н. Драчево

 Ментор: Мишевска Љуба