Во современиот свет младите се соочуваат со бројни општествени и хуманитарни предизвици кои бараат од нив свесност, емпатија и проактивен ангажман. Разбирањето на овие предизвици како и развивањето на чувство за општествена одговорност и активно граѓанство
учениците го добиваат преку директно ангажирање во општествено -хуманитарна работа. Преку ангажирањето во ваква работа учениците треба да стекнат знаења, вештини и искуства што се потребни за да научат како да придонесуваат за развој на нивната заедница
и, пошироко, за општеството.
Преку учеството во општествено -хуманитарна работа учениците се вклучуваат во решавање прашања од реалниот свет, ги разбираат различните перспективи и соработуваат со своите врсници на проекти кои произлегуваат од потребите на заедницата и општеството.
На оваа возраст, учениците се способни за критичко размислување и сѐ повеќе се свесни за општествените и хуманитарните прашања околу нив. Преку општествено-хуманитарна работа оваа свест се канализира во конструктивна акција, насочувајќи ги учениците да станат информирани и сочувствителни граѓани.
Во текот на неколу месеци кампања и работилници учениците работеа на кампања за спречување на врсничкото насилство и истата им ја презентираа на своите соученици, низ драматизации, презентации, игри и анкетни листови притоа промовирајќи култура на љубезност и инклузивност.
*реализатори – учениците од генерација седмо одделение, со помош на наставничката по македонски јазик Елена Ристевска


Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.