На ден 8.2.2024 год. училишниот психолог одржа презентација на тема „Меѓуврсничко насилство“ со учениците од VI -a одделение. Презентацијата ја одбележа конструктивната дискусија во која учениците ги изразија своите ставови и видувања во врска со различни начини на решавање на конфликти.
Целта на оваа
презентација беше учениците да се запознаат со различни видови на насилство,
карактеристики на ученик – насилник, карактеристики на ученик – жртва, како и важноста
на улогата на стручните соработници психолог и педагог во спречувањето, справувањето
и прекинувањето на меѓуврсничкото
насилство.
психолог Бранка
Бранковиќ Стојковиќ
Нема коментара:
Постави коментар