уторак, 1. новембар 2022.

"Медиумска култура во образованието"

 

       Учениците од 7-а и 9-г одделение беа дел од проектот "Медиумска култура во образованието" - под покровителство на Мрежа за медиумска писменост и посетија две филмски проекции во киното Милениум на 26. и 28.10. 2022г.

         Реализатор - Елена Ристевска, наставник по македонски јазик






31 Октомври - Ден на штедењето

 

       По повод 31 Октомври - Ден на штедењето, во подрачното училиште во населба Пинтија во 4-г и во 5-г одд. од страна на вработени од Стопанска банка - експозитура од населба Драчево, имавме прекрасно предавање за значењето на штедењето.

       Дечињата имаа можност да постават интересни прашања за работата во банка. На крајот беа почестени со слатки и им беа поделени прашања колку научија за штедењето. Добија и боенки кои ќе ја красат училницата.





понедељак, 17. октобар 2022.

МЕСЕЦ НА КНИГАТА 2022/2023 година

 

       Како и претходните така и оваа учебна година ќе биде одбележан Месецот на книгата (15.10. до 15.11. 2020г.) со претставување на животот и творештвото на македонската писателка Оливера Николова

      За таа цел изготвени се печатен материјал и соодветно пано од информативен и забавен карактер. Материјалот воедно е поставен и на интернет на училишниот google drive во папката МЕСЕЦ НА КНИГАТА:

https://drive.google.com/drive/folders/18ln5F3jB7SzRFrfGbCYoR1eZlCWq2Msj                                                                             Училишен библиотекар: Никола Станковиќ




петак, 14. октобар 2022.

Активности по повод Детската недела во нашето училиште

 

Почнувајќи од 3. до 7. октомври во нашето училиште се реализираа повеќе проектни активности во рамките на одделенска настава, како во централното така и во подрачното училиште во н. Пинтија. Сите беа во прилог на одбележувањето на Детската недела под мотото ,,ДРУГАРСТВОТО Е ДЕЛ ОД ДЕТСКАТА СРЕЌА?“. Учениците насочени од своите наставници зедоа активно учество и успешно ја реализираа предвидената програма и во насока на  истата изработија многу интересни прилози кои  се истакнати во холот на нашето училиште.

Приемот на првачињата во Детската организација се одвиваше со мала приредба. Учениците дадоа свечена заклетва со што и официјално влегоа во Детската организација.

             Одговорни наставници: Лукровска Софија, Ана Јаневска


„Другарството е дел од детската среќа“

(приредба по повод детската недела - подрачно училиште Пинтија)


       Во рамките на одбележувањето на Детската недела која оваа година се одбележа под мотото „Другарството е дел од детската среќа!“
нашето училиште и оваа година реализира низа активности:

3.10.2022г. (понеделник)  – Цртам и пишувам на тема- Моите другари;

4.10.2022г. – (вторник) – Читање на одредбите од Конвенцијата за правата на детето;

5.10.2022г. – (среда) – Изработка на плакат – „И различните можат да се дружат“;

6.10.2022г. - (четврток) - Спортски активности – моите омилени игри – Игри без граници,

7.10.2022г. - (петок) – Свечена приредба по повод прием на првачињата во Детската организација и давање на свечено ветување од страна на учениците со што  станаа членови на Детската организација.

Учество земаа со свои кореографии, драматизација, свирење на виолина и презентирање на детските права и задолженија учениците од II г,д, IIIг,д, IV и  V   одделение подготвени од нивните одделенски наставници.

Низ игра и музика, учениците се дружеа и уживаа во овој посебен ден.                                      

 Одговорни наставници:  Ивана Илијевска Огњановска,  Сузана Трајкоска



среда, 5. октобар 2022.

5 Октомври - Светски ден на учителот

 

    По повод 5 Октомври - Светски ден на учителот, учениците од 8-а одделение го одбележаа со низа активности посветени на наставникот. Дел од учениците твореа лични творби, дел истражуваа податоци за познати светски учители, се читаше реферат посветен на учителот на училишната разгласна станица, беше изведена куса драматизација на истата тема, изработување на хамер со цртежи и творби, неколку ученици учествуваа со мини рецитал со познати цитати посветени на професијата наставник. Учениците на еден ваков начин укажаа почит кон сите наставници и го чествуваа овој значаен ден.

                                     Одговорен наставник: Мишевска Љуба



петак, 30. септембар 2022.

Есенска работилница

 

По повод доаѓањето на есента,   23. септември, учениците од  I-г и I-д  одд.  организираа и реализираа  работилница за испраќање на летото, но и за пречекување на новото годишно време есен.

За таа цел учениците изработија многу интересни креативни изработки при тоа користејќи најразлични материјали од природата.

Одговорни  наставници: Елена Стојановска и Валентина Димишковска



среда, 28. септембар 2022.

Посета на градска библиотека

 

        Учениците од 7 а одделение заедно со наставничката по македонски јазик Елена Ристевска, ја посетија градската библиотека, подружница Ј.Х.Џинот во Драчево и притоа се запознаа со условите за зачленување, ги разгледаа книгите кои библиотеката ги нуди и се забавуваа додека читаа делови од нивните омилени книги и лектири.



петак, 23. септембар 2022.

УЧЕНИЧКИ ПАРЛАМЕНТ

 Што е Училишниот парламент???

 

Училишниот парламент е тело кое ги претставува учениците и ја обезбедува врската меѓу учениците и возрасните во училиштето. Претседателството на УП е извршен орган кој ги носи одлуките во име на учениците и учествува во носење одлуки што се однесуваат на квалитетот во училиштето и негово организирање

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ ЗА РАБОТА НА УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ:

·                    да се поттикнува и развива кај учениците смисла за иницијатива, согледување, поставување и решавање на заедничките проблеми во својата средина;

·                    да придонесува за развивање и негување на другарски однос меѓу учениците;

·                    да се потикнуваат учениците да го чуваат угледот на училиштето, да го одржуваат редот и дисциплината во него, почитување на куќниот ред на училиштето;

·                    да се развива свест за постојана соработка со наставниот кадар во училиштето;

·                    да придонесува во организирањето и спроведувањето на културно-забавни и рекреативно спортски активности;

·                    поттикнување, организирање и реализирање на активности од хуман карактер, еколошки активности и општествено корисна работа.

 

На самиот почеток на учебната 2022/2023 година во рамките на секоја паралелка на демократски начин се избираат претседател и заменик претседател во паралката. Учениците избрани во паралелките од I-IX одделение се членови на Ученичкиот парламент. Членовите на Ученичкиот парламент на првоит состанок  беа повикани од директорот на училиштето Љубица Наумовска. На состанокот беа прецизирани  Критериумите за избор на Претседателство на УП како и членови во Училишниот одбор. Изборот на претседателството ќе се реализира преку тајно гласање.

Право на номинација имаа сите ученици од осмо и девето одделение.  Учениците  кои сметаат дека ги исполнувват критериумите пополнија Формулар за кандидатура за претседател на Ученички парламент се: Марко Маркоски 9б,  Тарик  Нумановиќ 9б, Милан Станоевиќ 9б, Сара Ибровиќ 9-б, Лана Лазаревска 9а, Ангела Костовска 9а, Дарис Мекиќ, Ема Павловска 9 в, Ема Станоеска 8 а и  Јована Пешова.. Гласањето се спроведе тајно и по пребројувањето на гласовите за претседател е избран Дарис Мекиќ од 9-а одд., а за негови заменици Ема Павловска и Марко Маркоски.  За записничар на состаноците е избрана Сара Ибровиќ 9 б одд. Избраните ученици искажаа задоволство од искажаната доверба, но воедно ветија дека максимално ќе се вложат за подобрување на квалитетот во училиштето и неговото организирање.

Изборот за ученици претставници за Училишниот одбор исто така беше тајно и од предложените ученици најмогу гласови добија Ангела Костовска 9-а и Мартин Апостоловски 9-а одд. Ни се објасни за Училишен одбор како највисок орган на училиштето и на кој начин ќе учествуваат претставниците од Училишниот парламент. Избраните членови ќе добиваат покани за присуство на Училишен одбор без право на глас.

Училишниот парламент избра и двајца членови кои по потреба ќе присуствуваат и на седниците на Совет на родители а тоа се:Марко Додевски од 9 в и Лана Лазаревска од 9 а и секако претседателот на Училишниот парламент. Претседателот на Училишен парламент ќе добива покани и за седниците на Наставнички совет.

 

Што е Училишниот правобранител???

Училишниот правобранител е ученичка функција и должност која претставува нов модел на ученичко учество кој е од особено значење за заштита на детските права во училиштето. Функцијата на училишниот правобранител ќе биде застапена од две примарни компоненети: Промовирање на детските права и Подршка за заштита на детските права.

·                    Училишен правобранител со две години мандат е  Анастасија Јанушева од 9-в одделение, а нејзини заменици се учениците Ема Павловска 9-в и Мартин Апостоловски 9-а одделение избрани во учебната 2021/2022 година.

 

                                                              Педагог: Весна Рафеска


понедељак, 5. септембар 2022.

Свечен прием на првачињата во нашето училиште

 

 Денеска е 1 Септември – ден на насмеани и среќни детски лица. Денеска е ден кога започнува уште еден предизвик за топлите наставнички срца.

По тој повод активот на второ одделение – Светлана Жежовска, Весна Стевановска и Марија Илиева организираа  приредба со своите „вторачиња“ пред најмалата публика – новите првачиња.  Учениците од второ одделение се претставија со рецитали, драматизација и три ритмички игри. Првачињата весело ракоплескаа после секоја изведена точка. Потоа се претстави директорката која им посака топло  добредојде на малите ученици, а нивните наставнички ги прочитаа нините имиња и ги внесоа во своите училници. Оваа учебна година секое прваче доби свое ранче како подарок од градоначалникот на општина Кисела Вода.

                                                       Актив - второ одделение






   По повод првиот училишен ден и во нашето подрачното училиште во нас. Пинтија се организираше свечена приредба. Преку драматизација, рецитали и ритмички игри другарчињата од II до V одд. со нивните наставнички им посакаа топло добредојде на новите првачиња, а на останатите ученици им посакавме многу успех во новата учебна година.

                                              Одговирен наставник:  Кристина Никчевска





среда, 31. август 2022.

Учество на конференција „Граѓанско на дело – Од училница во акција“

 

На 23-ти август 2022 г. повеќе од 400 ученика од основните и средните училишта низ државата, професори по граѓанско образование и претставници на надлежни институции и организации земаа учество на конференцијата  „Граѓанско на дело – Од училница во акција“, поддржана од УСАИД во рамки на проектот за младинска етничка интеграција, во соработка со Младинскиот образовен форум.

На настанот со свои говори учествуваа Зекирија Хасипи, в.д. Директор на Бирото за развој на образованието, Шериф Мифтари, Директор на Центарот за стручно образование и обука, Небојша Мојсоски, Директор на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието и Дон Кармин, Директорка на канцеларијата за развој на УСАИД во Северна Македонија, кои ја нагласија важноста на студенските иницијативи и слушањето на гласот на младите во насока на позитивните промени во општеството. Воедно, на настанот се одржа и панел дискусија на која се дискутираше за предизвиците и идните насоки за развој на граѓанското образование.

Истовремено, во рамки на настанот, учениците имаа можност да учествуваат во таканаречена „Жива библиотека“ и да се запознаат со работата на институциите и невладините организации – Парламентот на Република Северна Македонија, Народниот правобранител, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (ЕРАЗМУС), Канцеларијата на УНИЦЕФ, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупција, Црвениот крст, Сојузот на извидници и Младинскиот образовен форум.

На настанот земаа учество и претставници од нашето училиште, учениците Марио Додевски од IX-в и Милена Крстевска од IX-б, како и наставничката по граѓанско образование Валентина Јанкоска и педагогот на училиштето Весна Рафеска.

Преку креативни штандови и инспиративни презентации подготвени од дел од учениците и нивните наставници, присутните слушнаа успешни приказни и добри примери од училишниот живот на наставниците и учениците, оние кои најблиску искуствено ја унапредуваат, доживуваат и практикуваат демократската клима во нивните училишта.

Нашите ученици имаа можност да ја претстават работата на училиштето преку свој штанд на кој беа изложени претходно изработени материјали од нашите ученици (брошури, прирачници, флаери и летоци) на различни теми изработени во текот на претходната учебна година во рамки на предметот граѓанско образование.  На наше задоволство изработките предизвикаа голем интерес кај присутните и позитивни коментари за обработените теми.

                             Предметен наставник Валентина Јанкоска



уторак, 14. јун 2022.

Најдобри и најзаслужни ученици од генерација 2013-2022 год.

 

  На 13.06.2022г. беше реализиран промотивен прием на најдобрите и најзаслужните ученици од генерација 2013-2022 год. Промотивниот прием се одржа во просториите на училиштето во 18 часот. Најнапред  директорката ги поздрави присутните гости, родители, наставници и ученици и им посака многубројни понатамошни успеси. Се разбира дека пригодната програма започна со најава на постигањата на ученикот на генерација Леа Петрушеска од 9-а одделение. По примање на честитките и пригодните подароци проследени со диплома следеа најавите на континуирано одличните  ученици на ниво на генерација.

                 Како најзаслужни ученици од 9-а се истакнаа: Ема Кечовска, Алек Тренески, Инес  Стојческа, Андреа Трајковска, Мила Анастасова, Кирил Цветковски, Ања Зечевиќ, Бојан Стојановски. Ученици од 9-б: Марија Костадиновска, Петар Патникоски, Стефан Ивановски, Теона Арсовска од 9-в и ученици од 9-г, Матеа Николова и Софија Богдановска. На учениците им беа врачени книги и дипломи од страна на директорката. Со искрени желби  наставниците и одделенските раководители на наградените ученици им посакаа успех во понатамошното образование. Со тоа промотивниот прием заврши.

 Одговорен предметен наставник по македонски јазик: Мишевска Љуба



Звршна работилница за изработка на украсни матурски капи

 

На 08.06.2022 год. - среда   во нашето одделение V-б  беше реализирана завршна работилница за изработка на украсни матурски капи проследена со мала забава. Во работилницата учествуваа сите ученици од продолжен престој 5 одд. и имаа за задолжение од црн хамер и волница  да изработат капа како симбол за крај на петгодишното заедничко учење и  дружење.

Тука завршува соработката со уште една успешна генерација која гордо продолжува во 6 одд. да ги прошируваат своите секојдневни знаења, но и да се стекнат  со нови. Да нижат успеси, да се докажуваат и дооформуваат како комплетни личности на кои гордо ќе се сеќаваме.

 Среќно ученици!

         


Одговорен наставник: Елена Стојановска

уторак, 7. јун 2022.

Работилница „Живеалишта - животни од нашето поднебје“

 

На 06.06.2022 година се одржа  онлине работилница на платформата Тимс  со учениците од четврто одделение со почеток во 09.00 часот .

Наслов на активност: Работилница „Живеалишта - животни од нашето поднебје“ со партерското училиште ООУ „Браќа Рибар“- с. Табановце, Куманово – платформа Тимс

Цели на активноста:

-меѓусебно запознавање,  дружење, развивање на свест за припадност и почитување на различностите;

-да ги запознаат животните од нашето поднебје;

-да се развива свеста и  грижа на живеалиштата за животните.

 

-Опис на продуктот од активноста: Учениците создадоа живеалишта направени од картонски кутии, хартија, колаж со кои сите беа многу задоволни и со воодушевување ги презентираа пред другите.

-Учество во играње квиз, следење на презентација и слушање музика.

-Сите ученици меѓусебно се запознаа и другаруваа и посакаа средбата да се повтори.

https://wordwall.net/resource/33261656 - интерактивен квиз

https://youtu.be/TUVbMna1uKc - презентација на изработки

https://youtu.be/BAoCYwefq1A- слушање музика

Одговорен наставник: Маја Атанасовска Спасеска



Трета заедничка МИО  работилница  со партнер  училиштето  ЦОУ „Браќа Рибар“ од с. Табановце

 

На 6.6.2022 год. преку платформата Teams, се одржа третата заедничка МИО  работилница  со партнер  училиштето  ЦОУ,, Браќа Рибар“ од с. Табановце. Активностите  се реализираа  со учениците од трето одделение  на тема “Различни видови материјали - Сообраќајна крстосница во село и град“ на српски и македоснки наставен јазик.

Целта беше да  се оспособат учениците за собирање и рециклирање на различлни видови материјали и истите креативно да ги применат во 3Д моделирање.   Како и меѓусебно  да се запознаат  учениците, активно  да учествуваат,  соработуваат  и комуникацираат да  развиваат кохезија за групна работа како и да  учат  едни за други. Заедничката активност се реализираше во добра атмосфра.  Продуктот од активноста од оваа заедничка активност се: сообраќајни знаци, сообраќајни средства, куќи згради, игралишта, растенија и грмушки вклопени во  3Д модели на сообраќајни  крстосници во село и град (обележана и необележана крстосница - македонски јазик / обележана и необележана раскрсница - српски јазик).

Се чувствуваше обострано задоволство помеѓу ученицте и наставниците.  Се зборативме со едно поголемо искуство и побогат вокабулар. Во иднина пожелно  би било да бидеме со физичко присуство.

 Одд.наставник: Мануела Маркоска, Билјана Христовска, Весна Милановска









Хуманитарна акција

 

На 24. и 25. 05. 2022 г. во нашето училиште беше изведена хуманитарна акција од страна на членови на Црвениот крст. Акцијата беше изведена во централното и подрачното училиште, а со цел да им се помогне на самохрана мајка и нејзиниот 13 годишен син на кој му е дијагностициран специфичен синдром и аутизам.

Учениците и наставниците од нашето училиште со дело покажаа дека се хумани и собраа голема сума пари со надеж дека ќе му помогнат на болното другарче.

Одговорни наставници: Петковиќ Горан и Костадинова Даниела