Што е Училишниот парламент???
Училишниот
парламент е тело кое ги претставува учениците и ја обезбедува врската меѓу
учениците и возрасните во училиштето. Претседателството на УП е извршен орган
кој ги носи одлуките во име на учениците и учествува во носење одлуки што се
однесуваат на квалитетот во училиштето и негово организирање
ЦЕЛИ И
ЗАДАЧИ ЗА РАБОТА НА УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ:
·
да се поттикнува и развива кај учениците смисла за
иницијатива, согледување, поставување и решавање на заедничките проблеми во
својата средина;
·
да придонесува за развивање и негување на другарски
однос меѓу учениците;
·
да се потикнуваат учениците да го чуваат угледот на
училиштето, да го одржуваат редот и дисциплината во него, почитување на куќниот
ред на училиштето;
·
да се развива свест за постојана соработка со
наставниот кадар во училиштето;
·
да придонесува во организирањето и спроведувањето на
културно-забавни и рекреативно спортски активности;
·
поттикнување, организирање и реализирање на активности
од хуман карактер, еколошки активности и општествено корисна работа.
На самиот почеток на учебната 2022/2023 година во рамките на секоја паралелка на демократски начин се
избираат претседател и заменик претседател во паралката. Учениците избрани во
паралелките од I-IX одделение се членови на Ученичкиот парламент. Членовите на
Ученичкиот парламент на првоит состанок
беа повикани од директорот на училиштето Љубица Наумовска. На состанокот
беа прецизирани Критериумите за избор на
Претседателство на УП како и членови во Училишниот одбор. Изборот на
претседателството ќе се реализира преку тајно гласање.
Право на номинација имаа сите ученици од осмо и девето
одделение. Учениците кои сметаат дека ги исполнувват критериумите
пополнија Формулар за кандидатура за претседател на Ученички парламент се: Марко
Маркоски 9б, Тарик Нумановиќ 9б, Милан Станоевиќ 9б, Сара Ибровиќ
9-б, Лана Лазаревска 9а, Ангела Костовска 9а, Дарис Мекиќ, Ема Павловска 9 в, Ема
Станоеска 8 а и Јована Пешова..
Гласањето се спроведе тајно и по пребројувањето на гласовите за претседател е
избран Дарис Мекиќ од 9-а одд., а за негови заменици Ема Павловска и Марко
Маркоски. За записничар на состаноците е
избрана Сара Ибровиќ 9 б одд. Избраните ученици искажаа задоволство од
искажаната доверба, но воедно ветија дека максимално ќе се вложат за
подобрување на квалитетот во училиштето и неговото организирање.
Изборот за ученици претставници за Училишниот одбор исто
така беше тајно и од предложените ученици најмогу гласови добија Ангела
Костовска 9-а и Мартин Апостоловски 9-а одд. Ни се објасни за Училишен одбор
како највисок орган на училиштето и на кој начин ќе учествуваат претставниците
од Училишниот парламент. Избраните членови ќе добиваат покани за присуство на
Училишен одбор без право на глас.
Училишниот парламент избра и двајца членови кои по
потреба ќе присуствуваат и на седниците на Совет на родители а тоа се:Марко
Додевски од 9 в и Лана Лазаревска од 9 а и секако претседателот на Училишниот
парламент. Претседателот на Училишен парламент ќе добива покани и за седниците
на Наставнички совет.
Што е
Училишниот правобранител???
Училишниот
правобранител е ученичка функција и должност која претставува нов модел на
ученичко учество кој е од особено значење за заштита на детските права во
училиштето. Функцијата на училишниот правобранител ќе биде застапена од две
примарни компоненети: Промовирање на детските права и Подршка за заштита на
детските права.
·
Училишен правобранител со две години мандат е Анастасија Јанушева од 9-в одделение, а
нејзини заменици се учениците Ема Павловска 9-в и Мартин Апостоловски 9-а
одделение избрани во учебната 2021/2022 година.
Педагог: Весна Рафеска
Нема коментара:
Постави коментар