На 08.06.2022 год. - среда во нашето
одделение V-б беше реализирана завршна работилница за
изработка на украсни матурски капи проследена со мала забава. Во работилницата
учествуваа сите ученици од продолжен престој 5 одд. и имаа за задолжение од црн
хамер и волница да изработат капа како
симбол за крај на петгодишното заедничко учење и дружење.
Тука завршува соработката со уште една успешна генерација
која гордо продолжува во 6 одд. да ги прошируваат своите секојдневни знаења, но
и да се стекнат со нови. Да нижат
успеси, да се докажуваат и дооформуваат како комплетни личности на кои гордо ќе
се сеќаваме.
Среќно ученици!
Одговорен наставник: Елена Стојановска
Нема коментара:
Постави коментар