На 13.06.2022г.
беше реализиран промотивен прием на најдобрите и најзаслужните ученици од
генерација 2013-2022 год. Промотивниот прием се одржа во просториите на
училиштето во 18 часот. Најнапред
директорката ги поздрави присутните гости, родители, наставници и
ученици и им посака многубројни понатамошни успеси. Се разбира дека пригодната
програма започна со најава на постигањата на ученикот на генерација Леа
Петрушеска од 9-а одделение. По примање на честитките и пригодните подароци
проследени со диплома следеа најавите на континуирано одличните ученици на ниво на генерација.
Како најзаслужни ученици од 9-а се истакнаа: Ема Кечовска, Алек
Тренески, Инес Стојческа, Андреа
Трајковска, Мила Анастасова, Кирил Цветковски, Ања Зечевиќ, Бојан Стојановски.
Ученици од 9-б: Марија Костадиновска, Петар Патникоски, Стефан Ивановски, Теона
Арсовска од 9-в и ученици од 9-г, Матеа Николова и Софија Богдановска. На
учениците им беа врачени книги и дипломи од страна на директорката. Со искрени
желби наставниците и одделенските
раководители на наградените ученици им посакаа успех во понатамошното
образование. Со тоа промотивниот прием заврши.
Одговорен
предметен наставник по македонски јазик: Мишевска Љуба
Нема коментара:
Постави коментар