По повод 5 Октомври - Светски ден на
учителот, учениците од 8-а одделение го одбележаа со низа активности
посветени на наставникот. Дел од учениците твореа лични творби, дел истражуваа
податоци за познати светски учители, се читаше реферат посветен на учителот на
училишната разгласна станица, беше изведена куса драматизација на истата тема,
изработување на хамер со цртежи и творби, неколку ученици учествуваа со мини
рецитал со познати цитати посветени на професијата наставник. Учениците на еден
ваков начин укажаа почит кон сите наставници и го чествуваа овој значаен ден.
Одговорен наставник: Мишевска Љуба
Нема коментара:
Постави коментар