среда, 28. септембар 2022.

Посета на градска библиотека

 

        Учениците од 7 а одделение заедно со наставничката по македонски јазик Елена Ристевска, ја посетија градската библиотека, подружница Ј.Х.Џинот во Драчево и притоа се запознаа со условите за зачленување, ги разгледаа книгите кои библиотеката ги нуди и се забавуваа додека читаа делови од нивните омилени книги и лектири.



петак, 23. септембар 2022.

УЧЕНИЧКИ ПАРЛАМЕНТ

 Што е Училишниот парламент???

 

Училишниот парламент е тело кое ги претставува учениците и ја обезбедува врската меѓу учениците и возрасните во училиштето. Претседателството на УП е извршен орган кој ги носи одлуките во име на учениците и учествува во носење одлуки што се однесуваат на квалитетот во училиштето и негово организирање

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ ЗА РАБОТА НА УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ:

·                    да се поттикнува и развива кај учениците смисла за иницијатива, согледување, поставување и решавање на заедничките проблеми во својата средина;

·                    да придонесува за развивање и негување на другарски однос меѓу учениците;

·                    да се потикнуваат учениците да го чуваат угледот на училиштето, да го одржуваат редот и дисциплината во него, почитување на куќниот ред на училиштето;

·                    да се развива свест за постојана соработка со наставниот кадар во училиштето;

·                    да придонесува во организирањето и спроведувањето на културно-забавни и рекреативно спортски активности;

·                    поттикнување, организирање и реализирање на активности од хуман карактер, еколошки активности и општествено корисна работа.

 

На самиот почеток на учебната 2022/2023 година во рамките на секоја паралелка на демократски начин се избираат претседател и заменик претседател во паралката. Учениците избрани во паралелките од I-IX одделение се членови на Ученичкиот парламент. Членовите на Ученичкиот парламент на првоит состанок  беа повикани од директорот на училиштето Љубица Наумовска. На состанокот беа прецизирани  Критериумите за избор на Претседателство на УП како и членови во Училишниот одбор. Изборот на претседателството ќе се реализира преку тајно гласање.

Право на номинација имаа сите ученици од осмо и девето одделение.  Учениците  кои сметаат дека ги исполнувват критериумите пополнија Формулар за кандидатура за претседател на Ученички парламент се: Марко Маркоски 9б,  Тарик  Нумановиќ 9б, Милан Станоевиќ 9б, Сара Ибровиќ 9-б, Лана Лазаревска 9а, Ангела Костовска 9а, Дарис Мекиќ, Ема Павловска 9 в, Ема Станоеска 8 а и  Јована Пешова.. Гласањето се спроведе тајно и по пребројувањето на гласовите за претседател е избран Дарис Мекиќ од 9-а одд., а за негови заменици Ема Павловска и Марко Маркоски.  За записничар на состаноците е избрана Сара Ибровиќ 9 б одд. Избраните ученици искажаа задоволство од искажаната доверба, но воедно ветија дека максимално ќе се вложат за подобрување на квалитетот во училиштето и неговото организирање.

Изборот за ученици претставници за Училишниот одбор исто така беше тајно и од предложените ученици најмогу гласови добија Ангела Костовска 9-а и Мартин Апостоловски 9-а одд. Ни се објасни за Училишен одбор како највисок орган на училиштето и на кој начин ќе учествуваат претставниците од Училишниот парламент. Избраните членови ќе добиваат покани за присуство на Училишен одбор без право на глас.

Училишниот парламент избра и двајца членови кои по потреба ќе присуствуваат и на седниците на Совет на родители а тоа се:Марко Додевски од 9 в и Лана Лазаревска од 9 а и секако претседателот на Училишниот парламент. Претседателот на Училишен парламент ќе добива покани и за седниците на Наставнички совет.

 

Што е Училишниот правобранител???

Училишниот правобранител е ученичка функција и должност која претставува нов модел на ученичко учество кој е од особено значење за заштита на детските права во училиштето. Функцијата на училишниот правобранител ќе биде застапена од две примарни компоненети: Промовирање на детските права и Подршка за заштита на детските права.

·                    Училишен правобранител со две години мандат е  Анастасија Јанушева од 9-в одделение, а нејзини заменици се учениците Ема Павловска 9-в и Мартин Апостоловски 9-а одделение избрани во учебната 2021/2022 година.

 

                                                              Педагог: Весна Рафеска


понедељак, 5. септембар 2022.

Свечен прием на првачињата во нашето училиште

 

 Денеска е 1 Септември – ден на насмеани и среќни детски лица. Денеска е ден кога започнува уште еден предизвик за топлите наставнички срца.

По тој повод активот на второ одделение – Светлана Жежовска, Весна Стевановска и Марија Илиева организираа  приредба со своите „вторачиња“ пред најмалата публика – новите првачиња.  Учениците од второ одделение се претставија со рецитали, драматизација и три ритмички игри. Првачињата весело ракоплескаа после секоја изведена точка. Потоа се претстави директорката која им посака топло  добредојде на малите ученици, а нивните наставнички ги прочитаа нините имиња и ги внесоа во своите училници. Оваа учебна година секое прваче доби свое ранче како подарок од градоначалникот на општина Кисела Вода.

                                                       Актив - второ одделение






   По повод првиот училишен ден и во нашето подрачното училиште во нас. Пинтија се организираше свечена приредба. Преку драматизација, рецитали и ритмички игри другарчињата од II до V одд. со нивните наставнички им посакаа топло добредојде на новите првачиња, а на останатите ученици им посакавме многу успех во новата учебна година.

                                              Одговирен наставник:  Кристина Никчевска





среда, 31. август 2022.

Учество на конференција „Граѓанско на дело – Од училница во акција“

 

На 23-ти август 2022 г. повеќе од 400 ученика од основните и средните училишта низ државата, професори по граѓанско образование и претставници на надлежни институции и организации земаа учество на конференцијата  „Граѓанско на дело – Од училница во акција“, поддржана од УСАИД во рамки на проектот за младинска етничка интеграција, во соработка со Младинскиот образовен форум.

На настанот со свои говори учествуваа Зекирија Хасипи, в.д. Директор на Бирото за развој на образованието, Шериф Мифтари, Директор на Центарот за стручно образование и обука, Небојша Мојсоски, Директор на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието и Дон Кармин, Директорка на канцеларијата за развој на УСАИД во Северна Македонија, кои ја нагласија важноста на студенските иницијативи и слушањето на гласот на младите во насока на позитивните промени во општеството. Воедно, на настанот се одржа и панел дискусија на која се дискутираше за предизвиците и идните насоки за развој на граѓанското образование.

Истовремено, во рамки на настанот, учениците имаа можност да учествуваат во таканаречена „Жива библиотека“ и да се запознаат со работата на институциите и невладините организации – Парламентот на Република Северна Македонија, Народниот правобранител, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (ЕРАЗМУС), Канцеларијата на УНИЦЕФ, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупција, Црвениот крст, Сојузот на извидници и Младинскиот образовен форум.

На настанот земаа учество и претставници од нашето училиште, учениците Марио Додевски од IX-в и Милена Крстевска од IX-б, како и наставничката по граѓанско образование Валентина Јанкоска и педагогот на училиштето Весна Рафеска.

Преку креативни штандови и инспиративни презентации подготвени од дел од учениците и нивните наставници, присутните слушнаа успешни приказни и добри примери од училишниот живот на наставниците и учениците, оние кои најблиску искуствено ја унапредуваат, доживуваат и практикуваат демократската клима во нивните училишта.

Нашите ученици имаа можност да ја претстават работата на училиштето преку свој штанд на кој беа изложени претходно изработени материјали од нашите ученици (брошури, прирачници, флаери и летоци) на различни теми изработени во текот на претходната учебна година во рамки на предметот граѓанско образование.  На наше задоволство изработките предизвикаа голем интерес кај присутните и позитивни коментари за обработените теми.

                             Предметен наставник Валентина Јанкоска



уторак, 14. јун 2022.

Најдобри и најзаслужни ученици од генерација 2013-2022 год.

 

  На 13.06.2022г. беше реализиран промотивен прием на најдобрите и најзаслужните ученици од генерација 2013-2022 год. Промотивниот прием се одржа во просториите на училиштето во 18 часот. Најнапред  директорката ги поздрави присутните гости, родители, наставници и ученици и им посака многубројни понатамошни успеси. Се разбира дека пригодната програма започна со најава на постигањата на ученикот на генерација Леа Петрушеска од 9-а одделение. По примање на честитките и пригодните подароци проследени со диплома следеа најавите на континуирано одличните  ученици на ниво на генерација.

                 Како најзаслужни ученици од 9-а се истакнаа: Ема Кечовска, Алек Тренески, Инес  Стојческа, Андреа Трајковска, Мила Анастасова, Кирил Цветковски, Ања Зечевиќ, Бојан Стојановски. Ученици од 9-б: Марија Костадиновска, Петар Патникоски, Стефан Ивановски, Теона Арсовска од 9-в и ученици од 9-г, Матеа Николова и Софија Богдановска. На учениците им беа врачени книги и дипломи од страна на директорката. Со искрени желби  наставниците и одделенските раководители на наградените ученици им посакаа успех во понатамошното образование. Со тоа промотивниот прием заврши.

 Одговорен предметен наставник по македонски јазик: Мишевска Љуба



Звршна работилница за изработка на украсни матурски капи

 

На 08.06.2022 год. - среда   во нашето одделение V-б  беше реализирана завршна работилница за изработка на украсни матурски капи проследена со мала забава. Во работилницата учествуваа сите ученици од продолжен престој 5 одд. и имаа за задолжение од црн хамер и волница  да изработат капа како симбол за крај на петгодишното заедничко учење и  дружење.

Тука завршува соработката со уште една успешна генерација која гордо продолжува во 6 одд. да ги прошируваат своите секојдневни знаења, но и да се стекнат  со нови. Да нижат успеси, да се докажуваат и дооформуваат како комплетни личности на кои гордо ќе се сеќаваме.

 Среќно ученици!

         


Одговорен наставник: Елена Стојановска

уторак, 7. јун 2022.

Работилница „Живеалишта - животни од нашето поднебје“

 

На 06.06.2022 година се одржа  онлине работилница на платформата Тимс  со учениците од четврто одделение со почеток во 09.00 часот .

Наслов на активност: Работилница „Живеалишта - животни од нашето поднебје“ со партерското училиште ООУ „Браќа Рибар“- с. Табановце, Куманово – платформа Тимс

Цели на активноста:

-меѓусебно запознавање,  дружење, развивање на свест за припадност и почитување на различностите;

-да ги запознаат животните од нашето поднебје;

-да се развива свеста и  грижа на живеалиштата за животните.

 

-Опис на продуктот од активноста: Учениците создадоа живеалишта направени од картонски кутии, хартија, колаж со кои сите беа многу задоволни и со воодушевување ги презентираа пред другите.

-Учество во играње квиз, следење на презентација и слушање музика.

-Сите ученици меѓусебно се запознаа и другаруваа и посакаа средбата да се повтори.

https://wordwall.net/resource/33261656 - интерактивен квиз

https://youtu.be/TUVbMna1uKc - презентација на изработки

https://youtu.be/BAoCYwefq1A- слушање музика

Одговорен наставник: Маја Атанасовска Спасеска



Трета заедничка МИО  работилница  со партнер  училиштето  ЦОУ „Браќа Рибар“ од с. Табановце

 

На 6.6.2022 год. преку платформата Teams, се одржа третата заедничка МИО  работилница  со партнер  училиштето  ЦОУ,, Браќа Рибар“ од с. Табановце. Активностите  се реализираа  со учениците од трето одделение  на тема “Различни видови материјали - Сообраќајна крстосница во село и град“ на српски и македоснки наставен јазик.

Целта беше да  се оспособат учениците за собирање и рециклирање на различлни видови материјали и истите креативно да ги применат во 3Д моделирање.   Како и меѓусебно  да се запознаат  учениците, активно  да учествуваат,  соработуваат  и комуникацираат да  развиваат кохезија за групна работа како и да  учат  едни за други. Заедничката активност се реализираше во добра атмосфра.  Продуктот од активноста од оваа заедничка активност се: сообраќајни знаци, сообраќајни средства, куќи згради, игралишта, растенија и грмушки вклопени во  3Д модели на сообраќајни  крстосници во село и град (обележана и необележана крстосница - македонски јазик / обележана и необележана раскрсница - српски јазик).

Се чувствуваше обострано задоволство помеѓу ученицте и наставниците.  Се зборативме со едно поголемо искуство и побогат вокабулар. Во иднина пожелно  би било да бидеме со физичко присуство.

 Одд.наставник: Мануела Маркоска, Билјана Христовска, Весна Милановска









Хуманитарна акција

 

На 24. и 25. 05. 2022 г. во нашето училиште беше изведена хуманитарна акција од страна на членови на Црвениот крст. Акцијата беше изведена во централното и подрачното училиште, а со цел да им се помогне на самохрана мајка и нејзиниот 13 годишен син на кој му е дијагностициран специфичен синдром и аутизам.

Учениците и наставниците од нашето училиште со дело покажаа дека се хумани и собраа голема сума пари со надеж дека ќе му помогнат на болното другарче.

Одговорни наставници: Петковиќ Горан и Костадинова Даниела







среда, 25. мај 2022.

Одбележување на 24 Мај - Ден на словенските просветители Св. Кирил и Методиј

 

Учениците од VI дo IX одделение  изготвија проектни активности посветени  за животот и дејноста  на словенските просветители кои беа презентирани во самите паралелки. Се водеа дискусии за големината и важноста на просветителската дејност, создавањето на првата словенска - азбука глаголица, преведувањето на првите книги на црковнословенски јазик, успешните мисии, нивните ученици кои ја продолжуваат нивната дејност гордо и доследно и сл. Исто така беше прочитан и реферат за нивната дејност и начинот на чествувањето на овој голем свечен ден на училишната рзгласна станица.

Одговорни наставниците по македонски јазик: Мишевска Љуба, Каролина Коларовска, Елена Ристевска


Мисиите на Св. Кирил и Методиј

Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бесилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака?

Со овие зборови Константин филозоф, подоцна прославен со калуѓерското име Кирил, во 9 век го бранел словенскиот јазик пред т.н. тријазичници кои тврделе дека само латинскиот, грчкиот и еврејскиот се свети јазици со кои може да се богослужи. Го обвинувале за ерес зашто го вовел словенскиот јазик меѓу привилегираните, кои тој статус го заслужиле зашто биле испишани на крстот на Исус.

Константин бил роден во 826/827 година во угледно византиско семејство од Солун. Бил седмо и најмало дете на Лав и Марија кои му овозможиле врвно образование - се школувал на највисоката школа во Цариград, во царската палата Магнаур која имала ранг на универзитет. Станал библиотекар во Цариградската патријаршија во највеличествената црква во светот во тоа време - Св. Софија, а подоцна предавал филозофија на Магнаурската школа, каде што ја добил титулата Филозоф.

Како голем ерудит, со талент за јазици и дипломатска вештина, од византискиот двор и Цариградската партијаршија бил испратен во три историски мисии. Во првата, Арапската кај Сарацените (во денешен Ирак), имал само 24 години. Во втората - кај Хазарите (денешна Русија) и во третата - кај Словените во Панонија и Моравија (денешна Чешка) учествувал заедно со својот најстар брат Методиј. Првите две мисии имале државно-верски карактер, а третата мисија била просветителска. Таму биле испратени од византискиот император Михаил Трети на барање на моравскиот кнез Ростислав. Со неа солунските браќа ги поставиле темелите на словенската култура и просвета.

Користејќи го говорот на македонските Словени од околината на неговиот роден Солун, кој го знаел од детството, Константин ја составил првата словенска азбука - глаголица со 38 букви. Со префинет осет за секој глас да создаде знак, употребил букви од грчкиот алфавит, знаци од други јазици, а и самиот измислил нови. Говорот на македонските Словени го издигнал на ниво на прв книжевен јазик. Со Методиј и нивните вредни ученици со новото писмо превеле црковни книги од грчки на старословенски јазик и во 863 година подготвени тргнале во нов поход, на мисија во Моравија, каде што останале 40 месеци.

Нивната макотрпна работа резултирала со преполни цркви и луѓе кои првпат слушнале богослужба на разбирлив јазик за нив. Силниот отпор на латинско-германското свештенство, разгневено поради масовниот одлив на верниците, ги одвело солунските браќа до папскиот двор. Но, таму биле примени со највисоки црковни почести - затоа што биле мисионери на моќната Византија, но и зашто со себе носеле нешто вредно.

За време на Хазарската мисија, Константин во Херсон имал археолошки подвиг. Седум и пол века по маченичката смрт на Крим, ги открил моштите на Климент Први, четвртиот папа и соработник на апостол Петар, кој поради ширењето на христијанството бил прогонет од царот Трајан и удавен во 101 година. Пронајдените мошти Константин му ги предал на папата Адријан Втори во Рим. Тој ги пречекал творците на словенската писменост со церемонија која траела три дена, како што посочил биографот на Кирил во неговото житие во „Панонските легенди“.

По Цариград, и Рим официјално го признал словенскиот јазик за рамноправен со другите. Папата бил убеден во оправданоста на Моравската мисија и во разумното тврдење дека секој народ треба на својот јазик да разговара со Бога, па лично ги зел во заштита словенските книги и ги осветил. Во Светата столица била отслужена богослужба на словенски јазик. Напредните ученици добиле свештенички чинови, а и Константин во Рим стапил во калуѓерски ред и го добил монашкото име Кирил. Таму и починал на 14 февруари 869 година, завршувајќи го животот изнемоштен и болен на 42 години. Закопан е во базиликата Св. Климент (Сан Клементе), посветена на светецот со чии мошти дошол во вечниот град.

Битката за писменоста на Словените не престанала. Неа уште 16 години ја водел братот Методиј, до својата смрт во 885 година. Моравската мисија завршила со прогонство на нивните ученици. Некои од нив исчезнале, некои биле продадени како робови, но тројца истакнати - Климент, Наум и Ангелариј, го продолжиле просветителското дело на југ.

За животот и делото на Кирил и Методиј има огромна библиографија, напишани се над 10.000 студии, прилози и статии. Има голем број фрески и икони инспирирани од нив, а многу цркви и образовни институции го носат нивното име.

Тие се патрони на Скопскиот универзитет. Во 11 век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.

Чествувањето со различни манифестации продолжува до денеска, а меѓу нив централно место има Поклонението на гробот на св. Кирил во базиликата Св. Климент во Рим.

Првпат е организирано во 1969 година, за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација. Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник на Република Македонија. 



Посебен час по ликовно образование

  На 23. мај во 3-г одд. во подрачното училиште имавме посебен час по ликовно образование со асистентот на Факултет за ликовна уметност, Риџет Ферати од кој учениците научија многу нови нешта. Ги научија важните пропорции за цртање на портрет и по инструкциите нацртаа прекрасен портрет.

Со оваа работилница кај учениците се пројави желба во иднина да станат ликовни уметници и да имаат изложба со нивни цртежи.

                 Одделенски наставник:  Даниела Костадинова





четвртак, 19. мај 2022.

ЗАВРШНА МАНИФЕСТАЦИЈА ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

 


 По сите училишни активности кои беа реализирани по повод патрониот празник, завршната манифестација беше реализирана со приредба во просториите на Домот на културата во село Драчево на 12.05.2022 (четврток) во 17:30 часот, под мотото: „Помеѓу желбите и реалноста“. Поканетите гости нè почестија со нивното присуство, салата беше преполна. Со пригодно кратко обраќање директорката ги поздрави сите присутни и им посака пријатно чуство и расположение со програмата. Сè се одвиваше во најдобар ред, настапите на учениците беа прекрасни и беа поздравени со огромен аплауз. По завршувањето на приредбата следеа безброј позитивни коментари и пофалби за учениците.

На 15. 05. 2022 г. беа поделени награди, пофалници и дипломи на учениците за освоено 1,  2 и 3 место на различни натпревари и литературни конкурси од страна на директорката во присуство на наставници и родители. Оваа свечаност заврши со желба за што поголем понатамошен  успех на учениците.










Виртуелна посета на Собранието на Република Северна Македонија

 

На 12.05.2022 година, со почеток во 10.00 часот се одржа  виртуелна посета на Собранието на Република Северна Македонија. Посетата беше изведена со линковско поврзување на платформата Зоом. Научивме и го видовме изгледот на Собранието. Се надеваме во иднина дека посетата ќе се изведе со физичко присуство.

 Одделенски раководител: Маја Атанасовска Спасеска