Во второто полугодие
во учебната 2023/2024 година вработените од ООУ „Рајко Жинзифов" земаа
учество во повеќе обуки и конференции, сѐ со цел стекнување на нови знаења и
зајакнување на веќе постоечки компетенции. Благодарејќи на соработката и
поддршката на Општина Кисела Вода, вработените од ООУ „Рајко Жинзифов"
имаа можност да присуствуваат на следните обуки, трибини и конференции:
23.2.2024 - Обука
„Предизвикувачко однесување“ во ОУРЦ „Златан Сремец“ - Весна Рафеска, Бранка
Бранковиќ Стојковиќ и Адријана Кукоска
12.3.2024 – Кампања за
свесно родителство со повеќе работилници реализирани од страна на Илина Ведран во
Домот на култура „Билјана Беличанец“ во соработка со Општина Кисела Вода -
директор Горанчо Јакимов, психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ,
дефектолог Адријана Кукоска и предметен наставник Магдалена Бадарова
13.3.2024 - претстава
форум театар на тема "Врсничко
насилство" во соработка со Општина Косела Вода во Дом култура Драчево - Бранка
Бранковиќ Стојковиќ, Адријана Кукоска и Анета Ѓуроска Арсоска
20.3.2024 - „Улогата
на жените во раното препознавање на криминалот и создавање на побезбедна
заедница“ во хотел „Хилтон“ - Мисијата на ОБСЕ и Министарство за внатрешни
работи - Бранка Бранковиќ Стојковиќ
3.4.2024 - Обука
„Зајакнување на капацитетите за управување со менструалното здравје и
хигиена“ во склоп на проектот за
унапредување на основното образование (ПЕИП) организиран од МОН. Место на
обуката хотел Александар Палас - Бранка Бранковиќ Стојковиќ и Мануела Маркоска
22.3.2024 и 23.3.2024
- Обука за унапредување на ментално здравје и добросостојбата на адолесцентите
во образовниот систем во ООУ „Партение Зоографски“ - Бранка Бранковиќ Стојковиќ
и Адријана Кукоска
27.3.2024 - Трибина
на тема „Заштита од вознемирување на работно место врз жени, дискриминација и
права од работен однос“ во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во соработка со
Општина Кисела Вода - директор Горанчо Јакимов, психолог Бранка
Бранковиќ Стојковиќ, дефектолог Адријана Кукоска и предметен наставник
Магдалена Бадарова
12.4.2024 - Обука
„Зајакнување на капацитетите на професионалците во предучилишните и училишните
установи за потребите на децата со Аутистичен спектар на нарушување“ во Дом на култура „Билјана Беличанец “ во
соработка со ОКВ - директор Горанчо
Јакимов, наставници: Магдалена Бадарова,
Вилма Влаховиќ, Кирил Атанасовски и Александра Колевска, психолог Бранка
Бранковиќ Стојковиќ и дефектолог Адријана Кукоска
18.5.2024 и 19.5.2024
- Логопедско - дефектолошки - психолошки конгрес организиран од ГАСПАР Центар
за психофизичко здравје во соработка со Општината Кисела Вода во Дом на култура
„Билјана Беличанец“ - Директор Горанчо Јакимов, педагог Весна Рафеска, психолог
Бранка Бранковиќ Стојковиќ, дефектолог Адријана Кукоска и наставници: Магдалена
Бадарова, Мануела Маркоска и Виолета Николин.
21.5.2024 - Прва
конференција на психолози и психотерапевсти во организација на Македонската
асоцијација на психолози и психотерапевти во „Public Room“ - Бранка Бранковиќ
Стојковиќ
31.5.2024 - Посета во
средно училиште "Браќа Миладиновци" во Драчево - средба со стручните
соработници од ОКВ и промоција на средното училиште "Браќа
Миладиновци" - Бранка Бранковиќ Стојковиќ и Адријана Кукоска
психолог Бранка
Бранковиќ Стојковиќ
наставник Магдалена
Бадарова