четвртак, 7. децембар 2023.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 3 ДЕКЕМВРИ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

 

Во пресрет на 3 декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денес 01.12.2023 година-петок,  во нашето училиште го одбележивме со читање на пригоден реферат, а потоа се промовираа креативните изработки и збирката на творби од учениците на тема: ,,Убавините на различностите – Сонцето свети еднакво за секое дете’’, како дел од интерниот училишен проект. Се промовираа и дел од изработките од реализираните работилници со учениците од I до IX одделение. Секој ученик на свој, единствен начин попринесе да се одбележи овој значаен ден за лицата со попреченост, со порака дека секојдневно ги поддржуваме, поттикнуваме, меѓусебно се почитуваме и се бориме да бидеме еднакви!

Секој ден нека биде вака посебен!









Одговорна

Дефектолог - Адријана Кукоска 


Нема коментара:

Постави коментар