Денес, на 13.12.2023
година, Општина Кисела Вода започна со градежните активности за изградба на
затворен спортски објект во населбата Пинтија во нашето училиште.
Во подрачното
училиште наставата ја посетуваат 252 ученика, а за наставата по физичко
образование клучно е обезбедувањето на неопходна спортска инфраструктура за
развивање на физичките потенцијали и подобрување на здравјето на учениците. Затворената спортска сала ќе има 350м2 и ќе
биде простор каде нашите ученици ќе ги развиваат своите таленти и ќе уживаат во
спортот.
Нема коментара:
Постави коментар