четвртак, 7. децембар 2023.

Извештај од воннаставни активности - Учество на родител во наставата

            На часот по природни науки на 22 и 23.11 и  во нашето одделение IIIб, имавме поканет гостин - родител Др. Кристина Ѓорѓијевска која во улога на наставник на креативен и интересен начин ги едуцираше учениците на темата- Унапредување на здравјето. Посветеноста и одговорноста на докторката која несебично ги споделуваше сите аспекти од грижа за здравјето, улогата на лекарот во лечење на болести кај децата , како и врсничко насилство во интерактивните часови покажа колку е хумана и значајна нејзината професија , а воедно допринесе да научиме колку е важно нашето здравје и како да го чуваме истото, да развиваме чувства на емпатија и почит кон друите. На учениците им беа многу интересни часовите и со големо задоволство учествуваа во активносите планирани од докторката. Во работилницата посветена за грижа за нашето здравје изработивме хамер кој и го подаривме на докторката како голема благодарност за драгоценото време кое го одвои за нас.







Одговорна

одделенски наставник: Светлана Жежовска


Нема коментара:

Постави коментар