По повод Меѓународниот ден на толеранцијата во ООУ „Рајко Жинзифов“ училишниот педагог Весна Рафеска, училишниот психолог и одделенските наставници Мануела Маркоска и Билјана Петроска одржаа презентација на тема „Решавање на конфликти“ и работилница на тема „Колку сме толерантни?“ со учениците од V-в, III-а и III-в одделение.
Со промовирањето на толеранција градиме хармонија помеѓу различноста за да обезбедиме подобра иднина и училиште без дискриминација. Заедно создаваме средина во која владее мирот, толеранцијата и љубовта и ја промовираме слободата, еднаквоста, правдата и почитувањето на различноста.
Одговорни:
уличишен
педагог Весна Рафеска
училишен
психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ
одделенски
наставници Мануела Маркоска и Билјана Петроска
Нема коментара:
Постави коментар