Откако Општина Кисела
Вода и компанијата „Макпетрол“ потпишаа Меморандум за соработка за кампањата
„Крени глас против врсничкото насилство“, на ден 5.12.2023 во централното и
подрачното училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ се реализираа работилниците
против врсничко насилство кои компанијата „Макпетрол“ ги
организира во рамките
на оваа
едукативна кампања.
Претходно во
централното и подрачното училиште беа доставени промотивни материјали во вид на
постери и флаери за учениците и родителите.
Проблемот
со врсничкото насилство, познато како булинг, е широко распространет меѓу
младите. Поради тоа, неопходно е да се почне со подигнување на јавната свест за
тежината на овој проблем и последиците што врсничкото насилството ги остава врз
кревката детска психа.
Одговорна
училишниот
психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ
Нема коментара:
Постави коментар