понедељак, 11. децембар 2023.

Интерен училишен проект „Убавините на различностите“

 

Започна реализацијата на интерниот училишен проект „Убавините  на  различноститесо идеа да се воспостават поквалитетни кооперативни односи помеѓу учениците, со цел да се надминат предрасудите и стереотипите за разликите помеѓу луѓето.  Во нашето училиште имаме работна средина со грижа и подршка на секоја индивидуа, почитувајќи  ги индивидуалните можности и способности на учениците, ученици од различни етнички заедници, поттикнувајќи ја одговорноста, креативноста и соработката помеѓу сите субјекти. Затоа, главни цели на овој проект се: поддршка на   учениците со различни можности, способности и различна етничка припадност, подигнување на свеста кај учениците  за прифаќање на различностите и надминување на предрасудите и стереотипите.

За потребите на проектот се формираше тим за реализација на истиот.

Учениците од VIII и IX се информираа за проектот, се формираше ,,Центар за почитување на различностите“, се реализираше Анкета1 и Работилница 1 со учениците.

Еден дел од проектот беше и творење за учениците од VI до  IX одделение на тема ,,Убавините на различностите - различни сме но сепак исти’’, за која се распиша литературен конкурс кој траеше од 11.11.2019 до 15.11.2019. Учениците твореа за различностите, а по конкурсот беа избрани творби кои ја сочинуваат истоиментата збирка.





Координатор на проектот - дефектолог Адријана Кукоска

 

Нема коментара:

Постави коментар