Во месец ноември во
ООУ „Рајко Жинзифов“ набавени се 11 телевизори, со што сите училници и кабинети
се опремени со смарт уреди.
За децата смарт
уредите овозможуваат интерактивно учење и го зголемуваат интересот на
наставата, додека за наставниците, овие технолошки алатки го збогатуваат
наставниот процес, го подобруваат предавањето и овозможуваат пристап до разноразни
образовни ресурси.
Претходно, со
проектот „Компјутер за секој наставник“ кој го спроведе Општина Кисела Вода, сите
наставници добија можност во целост да си ги извршуваат своите обврски на
работното место, да ги илустрираат и објаснат учебните содржини на подобар и
пинтерактивен начин, како и да го пополнуваат електронскиот дневник.
Нема коментара:
Постави коментар