уторак, 28. септембар 2021.

Европски ден на јазиците 2021

 

Нашето училиште секоја година традиционално го одбележува Европскиот ден на јазиците. Оваа година одбележувањето беше на 24.09.2021 (петок). Учениците читаа реферат на македонски, англиски и француски јазик, а воедно се реализираа работилници за запознавање на убавините на европските градови на англиски и француски јазик како во централното така и во подрачното училиште.

Одговорни наставници за овој настан беа наставниците по англиски: Магдалена Бадарова, Анета Макревска, Александра Колевска, Филип Петровски, Маја Димеска, наставниците по француски јазик: Анета Ѓуровска-Арсовска и Тина Пуфкова и одделенски наставник: Маја Атанасовска-Спасеска.

За доловување на атмосферата за време на работилниците, следат неколку фотографии во продолжение.









петак, 24. септембар 2021.

Одбележување на европскиот ден на училишен спорт

 

Во чест на одбележувањето на Денот на спортот - 24.09.2021 год. со цел да ги уважиме бенифитите на истиот кој е основната клеточна единица на спортот, но и единствен училишен предмет кој се грижи за здравјето на децата и младите, превенирајќи многу деформитети кои ги носат училишните клупи, за таа цел во нашето училиште беше организиран  бадминтон натпревар со учениците од VIII одделение.

Исто така од денес започнува европската недела на спортот.

Да бидеме активни сите заедно!!!

 Одговорен наставник:  Јовица Ефтовски





четвртак, 23. септембар 2021.

Есенска работилница

 

По повод доаѓањето на есента,  22. септември,  учениците од  4 и 5 одд.  организираа и реализираа  работилница за испраќање на летото, но и за пречекување на новото годишно време - есен.

За таа цел учениците изработија многу интересни креативни изработки при тоа користејќи најразлични материјали од природата.

Одговорни  наставници:  Елена Стојановска Маја Атанасовска Спасеска








уторак, 21. септембар 2021.

Ден на таткото

 

Во изминативе години учениците од нашето училиште го одбележуваат Денот на таткото. Оваа учебна година учениците од прво одделение се вкучија со активности по повод  Денот на таткото. Со своите мали рачиња имаа можност да изработат честитка  при што ја искажаа својата голема љубов кон таткото.

                                                                Актив прво одделение



петак, 17. септембар 2021.

Одбележувањето на 16 Септември - Светскиот ден за заштита на озонот

 


По повод Светскиот ден за заштита на озонот  учениците од 5 одд. продолжен престој организираа и реализираа едукативна работилница за значењето и заштитата на озонската обвивка.

Што претставува озонската обвивка, зошто служи, кој е главен причинител за настанување на озонската дупка, но и како да ја заштитиме озонскта обвивка... беа само дел од низата прашања со кои учениците се запознаа. Имаа прилика да дебатираат и сами да донеуваат заклучоци како тоа човекот е причинител за уништување на озонската обвивка, но и како може да придонесе за нејзина заштита.

На крајот заклучивме дека сите можеме да учествуваме во заштита на озонската обвивка со мали, но значителни промени и дела, но потребно е барем малку да се потрудиме .

Мисли глобално - делувај локално!!!

                                 Одговорен наставник: Елена Стојановска




уторак, 7. септембар 2021.

Реализирана работилница по повод одбележувањето на Денот на татковината

 

Во чест на одбележувањето на Денот на татковината, ние учениците од продолжен престој од 5 одд.  на 07.09.2021 год. организиравме квиз натпревар преку спортска игра  помеѓу два тима на тема „Колку  знам  за мојата земја?“

Од учениците се очекуваше правилно да одговорат на дадените прашања поврзани со темата за Татковината, а истите се поставени во две чаши.

Секоја група застанува пред нацртаната линија и со пинг понг топче  погодува  кош во една од чашите, го чита прашањето и одговараат на истото заедно со соучениците од својот тим. До колку не го знаат прашањето, одговара другиот тим, а за точниот одговор добиваат знаменца. Победува оној тим кој ќе собере повеќе знаменца со точни одговори.

Целта на оваа работилница беше покренување на свеста за љубов кон својата татковина и да ја чуваме и негуваме уште од мали нозе.

Заедно да го направиме светот подобро и поубаво место за живеење ...!!!            

                                                                  Одговорен наставник Елена Стојановска







четвртак, 2. септембар 2021.

Првиот училишен ден во учебната 2021 / 2022 година

 


Во оваа учебна 2021 / 2022 година во прво одделение вкупно има запишано 65 ученика во три паралелки во централното и 34 ученика во две паралелки во подрачното училиште.

Свечениот прием на учениците во централното училиште започна во 8.00 часот (за секоја паралелка во времетраење од 30 минути) со поздравен говор од страна на директорката на училиштето Љубица Наумовска, додека во подрачното училиште приемот беше од 10. 00 часот. При тоа беа запазени сите протоколи за заштита од Ковид 19. Откако беа прочитани, учениците заедно со своите наставнички, влегоа  во своите  училници каде што им беа поделени учебници.

СРЕЌНА И УСПЕШНА УЧЕБНА ГОДИНА НА СИТЕ УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ 

                                             Актив на прво одделение


Добро ни дојдовте првачиња- колачиња

 

            На 1 септември оваа учебна 2021/22 година за првачињата во подрачното училиште, наставничката Кети Сталеска со своите ученици од 5г одделение подготвија свечена мини приредба која траеше 5 минути и организиран пречек од училиштето во траење од 15 минути за секое одделение одделно поради COVID протоколите.

Ученичките Руби Костовска, Михаела Тримческа и Теа Малинова преку игровна активност и драматизација на текстот „Првачиња, колачиња“ ги запознаа со позитивностите на училиштето  и ги развеселија идните првачиња. Следеше обраќање од директорката и запознавање со наставничките. Им се поделија и подароци и учебници. Убавите моменти се овековечија со фотографии. Па, нека е со среќа новиот почеток.

        Одговорен наставник за прием на првачињата во подрачно училиште: Кети Сталеска







Eстетско уредување

 

Според Годишната  програма за учебната 2021/22година, тимот за естетко уредување во состав од одделенските наставници: Мануела Маркоска, Виолета Николин и Ана Јаневска го реализираа уредувањето на главниот хол во училиштето по повод почетокот на новата учебна  2021/22година. Идејата беше  оплеменување на просторот со постери со весела и едукативна содржина, како и будење на еколошката свест и развивање на еко-навики за рециклирање. Се поставија и постери со препораки за заштита од Ковид 19.



понедељак, 14. јун 2021.

Промоција на најдобрите од генерација 2012-2021 год.

     Како и секоја година така и оваа, но на малку поинаков начин се промовираа најдобрите ученици од генерација 2012-2021 год. со што се збогати ризницата на постигнувањата на нашето училиште.

 Онлајн промоцијата беше закажана на 11.6.2021 год. во 18ч. на Teams. Беа поканети ученици, родители, наставници, стручна служба. Најнапред беа промовирани постигнувањата на ученикот на генерација Никола Десковски од 9-б одд. кој беше закитен со диплома и подарок.


 

    Потоа беа промовирани и постигнувањата на учениците со континуиран одличен успех: Кајмаками Иво и Изев Бојана од 9-а одд, Урфета Тополец и Матеј Тевдовски 9-б, Александра Андонова, Баже Павловски, Методиј Јанкуловски, Михаела Илиоска 9-в, Леонтина Костовска, Ангелина Делова, Јован Мирчески, Сара Петровска, Лука Јанкулоски, Ива Нумановиќ, Мартина Петровска 9-г одделение.

   Промоцијата заврши со прекрасни стихови како порака за понатамошни успеси на учениците во нивното идно образование.Честитки и понатамошни успеси им  посакаа  директорката и педагогот на училиштето. Одговорен наставник за реализација на овој проект беше Мишевска Љуба, наставник по македонски јазик.





четвртак, 10. јун 2021.

Зелена порака

 

На последниот ден од учебната 2020/21 година, ние учениците од 4-г одделение и наставникот Кети Сталеска организиравме заеднички час со 5-1 одделение и нивната наставничка Лиле Велјановска од соседното училиште „Кузман Шапкарев“- н. Драчево. Тема на часот беше да ја пренесеме „Зелената порака“ до нашите другарчиња со цел сите заедно да ја чуваме и негуваме природата и околината. За таа пригода учениците подготвија видео во кое глумеа во две видео драми насловени како „Разговор“ и „Дилема“, напишани од ученичката Руби Костовска. Исто така прикажаа цртежи и говорни видеа со еко-пораки и еден стрип. Нашите соговорници, имаа подготвено креативни и поучни пораки со еко-содржина кои ги споделија со нас.  Учениците беа многу задоволни и возбудени од двете одделенија. Заеднички заклучивме дека повеќе ќе ја чуваме природата и насекаде ќе ја пренесуваме „Зелената порака“. Во прилог линк од видоето и неколку слики од заедничкиот час.

Одделенски наставници:

Сталеска Кети при основно училиште „Рајко Жинзифов“ и

Велјановска Лиле при основно училиште „Кузман Шапкарев“

 https://www.youtube.com/watch?v=Iqz7wM1CAx8




 

Меѓународно тестирање - ПИРЛС, читање со разбирање

 

         Како што беше најавено на 20.05.2021г. (четврток) се спроведе Меѓународното тестирање –ПИРЛС, (читање со разбирање). Учениците од 4-г од подрачното училиште во Пинтија беа избрани да учествуваат. Учениците имаа стекнато искуство со пробното тестирање и со задоволство учествуваа во ова тестирање. Се надеваме на добри резултати.

Одделенски наставник на IV-г одд.: Кети Сталеска.

Училишен кординатор - педагог: Весна Рафеска.

Тестатори:  Кристина Никчевска и Богданка Пановска.

Заменици тестатори: Ивана Илиевска- Огњановска и Даниела Костадинова.

Во текот на тестирањето присуствуваше набљудувач, лице преставник од БРО.




понедељак, 31. мај 2021.

Проект: ,,Редовно на часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование“

                  На 11. и 12. 05. 2021г. беа реализирани заеднички спортски активности по предметот физичко и здравствено образование, во кои учествуваа сите ученици од I - б, в, и г одделение. Спортските активности се одвиваа на училишното игралиште, каде на претходно подготвен полигон, со спортски реквизити,  учениците се натпреваруваа меѓу себе. Сите ученици активно учествуваа, се натпреваруваа, се запознаваа, другаруваа, соработуваа и навиваа.

                На 12.05.2021г. беше реализирана заедничка активност по предметот ликовно образование, во која учествуваа сите ученици од I б и в одд. и  II - в и г одделение, под мотото ,, Мојата култура - мојот индентитет”. Учениците се запознаа со народните носии на различни националности, со цел да ги воочат нивните карактеристични обележја. За таа цел, ученици од I-б и II-г одделение беа облечени во различни народни носии, а останатите ученици имаа задача да ги обојат народните носии, според националноста на која припаѓаат. Ученичките изработки беа изложени во холот на училиштето, во присуство на дел од родителите од овие одделенија.

                   На 14.05.2021г. беше реализирана заедничка активност, во која учествуваа сите ученици од I б I в одд. и  II - в и г одделение, под мотото „ Мојата култура - мојот индентитет“. Учениците , преку техниката ,,редење зборови”, ги кажуваа збровите ,,мајка”, ,,добар ден” и „пријателство“, на својот мајчин јазик. Потоа, беа изработени паноа кои беа изложени во холот на училиштето. Во активностите учество имаа и родители од вклучените одделенија.

    Одговорни наставници: Виолета Николин, Елизабета Младеновска, Мануела Маркоска и Весна Миланоска



петак, 21. мај 2021.

СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

 










Целосната презентација можете да ја погледнете/превземете на училиишниот гоогле дриве:

https://docs.google.com/presentation/d/171d2Ksx6FPoziA2dnAooCHkxjHT9ok07/edit#slide=id.p1






уторак, 18. мај 2021.

Он-лајн активност со ученици „Вежбај, играј, живеј здраво“

 

         Во рамки на одбележување на патронатот на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје, нашиот Ресурсен центар се приклучи и нашето училиште во он-лајн активност „Вежбај, играј, живеј здраво“. Наставничката Ивана Илијевска Огњановска со нејзините ученици од I-г одделение на 11.05.20021г. се приклучија на линкот на ZOOM и заеднички ја реализираа активноста по физичко и здравствено образование.

                                                                                                        Дефектолог:  Адријана Кукоска



среда, 5. мај 2021.

5 Мај - Ден на македонскиот јазик

 


         По повод Денот на македонската азбука 5 Мај, учениците од централното и подрачното основно  училиште со лични творби го  чествуваа денешниот ден. Твореа учениците од VI-IX oдд. на тема „Македонскиот јазик - јазик со историја“. Ученичката Миа Јаневска  од 7-б подготви реферат по тој повод кој беше прочитан пред учениците, а од нивните творби  во училишната библиотека се изработи збирка која може да се погледне на училишниот google drive. Одговорни наставници: Мишевска Љуба, Коларовска Каролина и Елена Ристевска.









Денот на Македонската азбука  5 Мај  

 

Се започна на 5 Мај  

кога на заседанието на Асном

 на кириличната азбука и се даде соодветен крај. 

  

Чекор по чекор се се одвиваше 

и така од ден на ден,

благодарение на Климент Охридски

азбуката се развиваше . 

  

Учењето на азбуката за  

секое дете  вреди. 

Бидејки таа е наш сопатник кој 

 вечно ќе не следи. 

  

Во срцето наше ќе живее бесконечно, 

на нашите предци ќе бидеме 

 благодарни вечно и сега ги поздравуваме срдечно. 

 

 Амина Чеховиќ 9-б одд. 

Ментор: Каролина Коларовска 


5-ти Мај

 

Дојде и тој ден,

на нашата азбука

нов роденден.

 

А,Б,В,Г,Д,

па се до Ш,

учиме,говориме,

без да се измориме.

 

Пред многу години

таа е наградена,

нашата азбука,

за нас е создадена.

                                                     Андреа Јанкова VI-б одд.

Ментор: Љуба Мишевска



Песна за мојот јазик

 

Македонскиот јазик е јазик

на кој ние зборуваме, учиме,

тој е јазикот на кој

ние читаме и пишуваме.

 

Македонскиот јазик е наш

треба да го чуваме и негуваме,

друг јазик немаме

со него треба да се гордееме.

                                                                                              Леона Бутлевска 6б

                                                                                          Ментор: Љуба Мишевска