По повод Денот на македонската азбука 5 Мај, учениците од
централното и подрачното основно училиште со лични творби го
чествуваа денешниот ден. Твореа учениците од VI-IX oдд. на тема „Македонскиот
јазик - јазик со историја“. Ученичката Миа Јаневска од 7-б подготви
реферат по тој повод кој беше прочитан пред учениците, а од нивните
творби во училишната библиотека се изработи збирка која може да се
погледне на училишниот google drive. Одговорни
наставници: Мишевска Љуба, Коларовска Каролина и Елена Ристевска.
Денот на Македонската азбука
5 Мај
Се започна на 5 Мај
кога на заседанието на Асном
на кириличната азбука и се даде соодветен крај.
Чекор по чекор се се одвиваше
и така од ден на ден,
благодарение на Климент Охридски
азбуката се развиваше .
Учењето на азбуката за
секое дете вреди.
Бидејки таа е наш сопатник кој
вечно ќе не следи.
Во срцето наше ќе живее бесконечно,
на нашите предци ќе бидеме
благодарни вечно и сега ги поздравуваме срдечно.
Амина Чеховиќ 9-б одд.
Ментор: Каролина Коларовска
5-ти Мај
Дојде
и тој ден,
на
нашата азбука
нов
роденден.
А,Б,В,Г,Д,
па
се до Ш,
учиме,говориме,
без
да се измориме.
Пред
многу години
таа
е наградена,
нашата
азбука,
за
нас е создадена.
Андреа Јанкова VI-б одд.
Ментор:
Љуба Мишевска
Песна за мојот јазик
Македонскиот јазик е
јазик
на кој ние зборуваме,
учиме,
тој е јазикот на кој
ние читаме и
пишуваме.
Македонскиот јазик е
наш
треба да го чуваме и
негуваме,
друг јазик немаме
со него треба да се
гордееме.
Леона Бутлевска 6б
Ментор: Љуба Мишевска
Нема коментара:
Постави коментар