Нашето училиште секоја година традиционално го одбележува
Европскиот ден на јазиците. Оваа година одбележувањето беше на 24.09.2021
(петок). Учениците читаа реферат на македонски, англиски и француски јазик, а
воедно се реализираа работилници за запознавање на убавините на европските
градови на англиски и француски јазик како во централното така и во подрачното
училиште.
Одговорни наставници за овој настан беа наставниците по
англиски: Магдалена Бадарова, Анета Макревска, Александра Колевска, Филип
Петровски, Маја Димеска, наставниците по француски јазик: Анета
Ѓуровска-Арсовска и Тина Пуфкова и одделенски наставник: Маја
Атанасовска-Спасеска.
За доловување на атмосферата за време на работилниците,
следат неколку фотографии во продолжение.
Нема коментара:
Постави коментар