понедељак, 31. мај 2021.

Проект: ,,Редовно на часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование“

                  На 11. и 12. 05. 2021г. беа реализирани заеднички спортски активности по предметот физичко и здравствено образование, во кои учествуваа сите ученици од I - б, в, и г одделение. Спортските активности се одвиваа на училишното игралиште, каде на претходно подготвен полигон, со спортски реквизити,  учениците се натпреваруваа меѓу себе. Сите ученици активно учествуваа, се натпреваруваа, се запознаваа, другаруваа, соработуваа и навиваа.

                На 12.05.2021г. беше реализирана заедничка активност по предметот ликовно образование, во која учествуваа сите ученици од I б и в одд. и  II - в и г одделение, под мотото ,, Мојата култура - мојот индентитет”. Учениците се запознаа со народните носии на различни националности, со цел да ги воочат нивните карактеристични обележја. За таа цел, ученици од I-б и II-г одделение беа облечени во различни народни носии, а останатите ученици имаа задача да ги обојат народните носии, според националноста на која припаѓаат. Ученичките изработки беа изложени во холот на училиштето, во присуство на дел од родителите од овие одделенија.

                   На 14.05.2021г. беше реализирана заедничка активност, во која учествуваа сите ученици од I б I в одд. и  II - в и г одделение, под мотото „ Мојата култура - мојот индентитет“. Учениците , преку техниката ,,редење зборови”, ги кажуваа збровите ,,мајка”, ,,добар ден” и „пријателство“, на својот мајчин јазик. Потоа, беа изработени паноа кои беа изложени во холот на училиштето. Во активностите учество имаа и родители од вклучените одделенија.

    Одговорни наставници: Виолета Николин, Елизабета Младеновска, Мануела Маркоска и Весна Миланоска



Нема коментара:

Постави коментар