петак, 8. април 2022.

„ПОМЕЃУ ЖЕЛБИТЕ И РЕАЛНОСТА“ - Литературен конкурс по повод ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

 


Во чест на патрониот празник учениците од централното и подрачното училиште учествуваа на литературен  конкурс објавен на 1.3.2022 до 1.4.2022 год. на тема: „Меѓу желбите и реалноста“. Беа избрани подобрите творби и нив учениците ги интерпретираа на литературно читање во холот на училиштето на 7.4.2022 год. Учениците твореа од 6-9 одделение под раководство на предметните наставници по македонски јазик: Мишевска Љуба, Каролина Коларовска и Елена Ристевска. На учениците со најдобри творби им беа доделени дипломи за прва, втора и трета награда. Првонаградена Ема Кечовска 9-а, второнаградена Матеа Николова 9-г и третонаградена Јована Пешова 7-а одд. Од сите литературни творби е изработена збирка која освен во печатена форма може да се види и првземе од училишниот google drive:

https://drive.google.com/drive/folders/1fo81pHFdt5g-cUmYPJ8bJKfb24fs8eXL

Честитки за учесниците и наградените.

Одговорни наставници: Љуба Мишевска, Каролина Коларовска и Елена Ристевска














          По повод патрониот празник на училиштето учениците од II-б, III-б и  V-в одд. реализираа воннаставни активности под мотото ,,Помеѓу желбите и реалноста“ и инспирирани од песната ,,Дајте ми простор да дишам!“ испратија моќни пораки.




 

Ликовен конкурс по повод Патрониот празник

 

По повод годинешниот патронат на ООУ „Рајко Жинзифов“ учениците од шесто до деветто  одделение земаа активно учество со нивните ликовни творби  на зададената тема  : Помеѓу желбите и реалноста. Сите ученици искреираа творби достојни за настанот од кои посебно можеме да ги издвоиме ликовните творби на следните  ученици

-         Луана Бачевац

-         Јована Пешова

-         Андреј Јовановски

-         Леа Петрушевска

-         Матеј Митрејчевски

 Предметен наставник по ликовно образование:  Даниел Манасиев








Исто така имаше активно учество Ликовниот хепенинг по повод Патрониот празник од подрачното училиште во населбата Пинтија . Од учениците можеме да ги издвоиме ликовните творби на: Михаела Атанасовска 1-г, Каја Гиразова 3-г, Софија Никчевска 3-г, Михаела Димовска 3-г и други.









„Игри без граници“ - Натпревар во спортски игри

 

По повод патрониот празник како дел од активностите во подрачното училиште во Пинтија се одржаа спортски игри: „Игри без граници“ за учениците од одделенска настава од I до V одделение.

На спортското игралиште се поставија реквизити за полигонот натпревар. Според возраста натпреварите се одржаа во две групи помеѓу учениците од I и II одделение и втора група натпревар меѓу учениците од III-г, IV-г и V-г. Тимовите си имаа свои препознатливи бои и симболи. Игрите од учениците беа со задоволство прифатени и донесоа многу радост и спомени кај сите нас.  Наставници кои ги подржаа и учествуваа во реализацијата на спортските активности: Кристина Никчевска, Даниела Костадинова, Ивана Огњановска- Илиевска, Билјана Илиева, Сузана Трајковска, Зоран Петковски и Горан Андреевски.

Одговорен наставник за реализација на спортските игри: Никола Соколовски.

Одговорeн наставник и организатор на спортските игри: Кети Сталеска.




понедељак, 4. април 2022.

2 Aприл - „Светски ден на детската книгa“ (International Children Book Day)

           Во чест на роденденот на холандскиот автор на детски книги Ханс Кристијан Андерсен секоја година се одбележува Светскиoт ден на детската книгa за да ја инспирира љубовта кон читањето и да го сврти вниманието кон детските книги

          Ханс Кристијан Андерсен е еден од најголемите писатели на бајки. Неговите приказни се читливи, разбирливи и лесно се занесуваат во нивната содржина, као децата, така и возрасните. Тој комуницирал со децата и создавал толку впечатливи дела затоа што пишувајќи и самиот тој размислувал како дете. Такви се неговите приказни: „Грдото пајче“,  „Царевото ново руво“, „Оловниот војник“, „Малечката сирена“ и други.

    Во 1958 година УНЕСКО формира Меѓународен Златен медал по името на Андерсен, нарекуван уште и Мала Нобелова награда. Еднаш на две години оваа награда ја добиваат најдобрите писатели и сликари - илустратори на детски книги. Наградувани се Астрид Линдгрен, Селма Лагерлеф, Туве Јансон, Луис Керол и други.

      Најголемо задоволството е со читањето да се откриваат тајните на волшебниот свет и да се патува низ просторот и времето. Тој свет ќе го најдеме вткаен во приказните и бајките на писателите на детска литература. Додека читаме ќе одлетаме на крилјата на фантазијата во непознати земји и ќе го доживееме сето она што го доживеале јунаците во приказните и бајките.

 Бајките ги оплеменуваат децата. Тие во нив ги развиваат најубавите чувства: правдата, вистината, љубовта на човекот кон човекот.

       Во Македонија попознати и позначајни дела во детската литература се: „Шеќерна приказна“ на Славко Јаневски, „Волшебното самарче“ на Ванчо Николески, „Белото циганче“ на Видое Подгорец, младешките теми во делата на Горјан Петрески, како и автори кои пишувале дела за деца, а веќе биле афирмирани како писатели за возрасни: П.М. Андреевски - „Шарам барам“, Томе Арсовски - „Дедо Мраз и Феферона“, Михаил Ренџов - „Ангела сонува“, писателките за деца, како Бистрица Миркуловска, Славка Арсова, Косара Гочковска, Славка Манева, Јадранка Владова, Оливера Николова, чија лектира „Зоки Поки“ е прогласена за најпопуларна книга за деца на македонски јазик.

                                         Никола Станковиќ – училишен библиотекар




                                     Априлијада - дефиле на маски

 

      По повод Денот на шегата во ООУ„Рајко Жинзифов“ се одржа приредба со маски за учениците од I до IV одд. Учениците ја следеа приредбата по одделенија и потоа дефилираа во ходникот со своите маски. Потоа учениците со своите наставници во училница си избраа најубава маска. Приредбата ја водеше наставничката Татјана Трпеска заедно со библиотекарот Никола Станковиќ кој беше задолжен за озвучувањето.

                         Одговорен наставник: Весна Милановска



среда, 30. март 2022.

Работилница за Одбележување на „Светскиот ден на свесноста за аутизам“

 

На 2. Април  се одбележува  „Светскиот ден на свесноста за аутизмот“.

Во знак на поддршка на овие лица нашето одделение 5-б на 29.03.2022 г. организираше  креативна  работилница на тема „Среќно патувам низ животот“.

Имавме можност да се дружиме, играме, пееме и да уживаме во секој миг заедно со Џана кое е детенце што се соочува со овој проблем. Заедно со мама Едина ни овозможија да станеме побогати со уште едно искуство кое понатаму во животот ќе им значи  за да се надополнат  и да станат вистински луѓе, во буквална смисла на зборот.

Мама Едина беше родител во улога на наставник и ги запозна што точно значи аутизмот кои се убавите, а кои лоши страни и всушност ги поттикна учениците  за прифаќањето на различностите и почитувањето на потребите на децата со аутистичен спектар на нарушување.

Заеднички го направивме „Венецот на среќата“ од тул во симболичните бои и на лист во сложувалка напишавме „Што не прави среќни?“.

Со ова сметаме дека социјалното дистанцирање ќе заврши и дека од истото ќе ја научиме лекцијата, дека некој  секојдневно е отфрлен, неприфатен од наша страна и дека конечно ќе ги научиме разликите дека СЕКОЈ ЕДЕН Е ВАЖЕН во нашиот „Шарен свет“.

Огромна благодарност до  мама Едина со Џана кои несебично ја поддржаа нашата иницијатива !!!

                    Одговорен наставник Елена Стојановска



И учениците од 9г и 6а, под раководство на наставничката по македонски јазик Елена Ристевска, го одбележаа Светскиот ден за подигање на свесноста за аутизмот.

Сите заедно работеа под мотото " Сите сме исти"




СОЗДАВАМЕ НОВО НОРМАЛНО

Порака: Клучот на моќта е во добрината

 

Учениците од 5-г одделение заедно со одделенскиот натсавник Кети Сталеска во склоп со наставните цели по општество и животни вештини на темата „Личноста во групата и општеството“ изработија серија проекти на кои отворено се разговараше на теми од секојдневниот живот каде децата се соочуваат со конфликти (меѓусебно или меѓу децата и возрасните во обете насоки), врсничко насилство (булинг), дискриминација и непочитување или насилство од страна на возрасните вклучувајќи ги и родителите или пак насилството од децата врз возрасните кое може да се случи понекогаш, или меѓу братчињата и сестричките во едно семејство. Целта на овие проекти вклучувајќи ги и кратките видео драми е да се подигне свеста на сите нас за секојдневните проблеми и можните случувања што се дел при развојот на децата, без разлика дали тие се случуваат во нашата околина или некаде подалеку од нас. Како и можните начини како да се справат или каде и како да побараат помош доколку децата  се соочуваат со вакви проблеми или како да му помогнат на некој кој го познаваат и тој некој можеби се соочува со некој сличен проблем. Учениците самостојно ги бираа и обработуваа идеите и темите. Имаa слобода сами да ги создадат групите, паровите или пак самостојно да работат на истиве теми вклучувајќи ги правата и должностите како составен дел од животот во општеството. Па така секој имаше можност да развие различна идеја според својата креативност и да ја презентира. Дел од учениците изработија хамери и преку усни презентации говореа за овие општествени случувања како и за правата и должностите, бон-тон однесувањето и слично, а дел од учениците изработија кратки драматизации кои ги глумеа и снимија видео драми, односно кратки училишни филмови. Истите со одобрение на родителите ги постиравме на нашиот училишен You Tube канал „Teacher Keti“, наменет за училишни проекти. Ве покануваме да ги погледнете и заедно да ја развиваме свеста за постоењето на ваквите мали, но големи девијации кои нанесуваат болка во очите на децата и заедно да се бориме ДА СОЗДАДЕМЕ ЕДНО ПОИНАКВО НОВО НОРМАЛНО БИДЕЈЌИ КЛУЧОТ НА МОЌТА Е ВО ДОБРИНАТА. Нашите активности тука не запираат бидејќи темата е доста широка, потребна и важна како за децата/учениците, така и за нас возрасните.

 Линкови од видео драмите подготвени од учениците:

https://www.youtube.com/watch?v=qaPJBTGSreg&t=3s

https://www.youtube.com/watch?v=jI8IobPfP4A&t=33s

https://www.youtube.com/watch?v=FakATUXRvBY

https://www.youtube.com/watch?v=FuZbYrA4_9A

https://www.youtube.com/watch?v=KGh10heB9Vs&t=73s







уторак, 29. март 2022.

Соработка со Општина Кисела Вода - Работилница за архитектура и јавни простори за ученици од основното училиште

 

Во рамки на проектот „Наш град“ поддржан од Амбасадата на САД и  здружението КАЖИ КОГА - Центар за инклузивен развој Скопје, беше  организирана  еднодневна работилница за архитектура и јавни простори наменета за основците - VIII и IX одделение од општина Кисела Вода. Од нашето училиште беа вклучени дваесетина ученици од осмо и девето одделение и предметниот наставник по ликовно образование Даниел Манасиев. Активноста беше спроведена во рамките на воннаставните активности на 29.03.2022 година.

Работилницата имаше за цел да ги запознае учениците со темата за јавните простори; да ги поттикне на размислување и дискусија за просторот кој ги опкружува - парковите, игралиштата и сл., како и да ги инспирира да претстават свои идеи за тоа, како јавните простори треба да бидат уредени. 

Работилницата траеше околу  60-тина  минути, со  вклучена презентација и дел за работа во групи. Работата во групи се состоеше од задача да се размисли и нацрта изгледот на Расадник за кој општината распиша меѓународен конкурс.

 

Цртежите со изгледот на идниот Расадник ќе бидат дел од конкурсот на општината. 

 

Педагог Весна Рафеска







Заедничка работилница од проектот МИМО - Меѓуетничка интеграција на младите во образованието


На 28.03.2022 година  се одржа ЗАЕДНИЧКА КРАТКОТРАЈНА УЧЕНИЧКА АКТИВНОСТ: „Културниот живот и институциите на културата“со партнер училиштето „Браќа Рибар“- с. Табановце од Куманово преку онлине средба на Тимс.

На работилницата учествуваа одделенски наставници Кети Сталеска, Билјана Стефковска, Ана Јаневска, ученици од петто одделение, во присуство на стручната служба од училиштето и директорот на училиштето. Преку активностите учениците се запознаа со културниот живот и институциите на културата во Македонија. Што е култура? Кои се институции на културата? Се запознаа со уметноста прикажана преку филмот, балетот, операта, книгата, за нивните почетоци, како се развивале, па сè до денес. Како треба да постапуваат за да имаат квалитетен културен живот? Како да се однесуваат при посета на културна установа?

Учениците добија насоки за работа. Да истражуваат и да подготват презентации за дадената тема.

Работилницата заврши со  видео снимки „Балет“, Модерен танц“, „Оро“, Куклена претстава со сенки“ во кои учесници се самите учениците од двете училишта. Учениците ни покажаа како се организира културниот живот во нивните училишта.

                     Одговорен наставник: Софија Лукровскa






понедељак, 28. март 2022.

Месец на Франкофонија

 

Во чест на Месецот на Франкофонијата, на 24.03.2022 г. се одржа заедничка работилница и поетско читање на тема „La francophonie et le français“ (Франкофонијата и францускиот јазик) каде што присуствуваа и учествуваа учениците од предметна настава со наставниците по француски јазик Анета Ѓуровска-Арсовска и Тина Пуфкова, заедно со учениците од 5-б одделение  со нивната наставничка Елена Стојановска.



петак, 25. март 2022.

21 МАРТ - ДЕН НА ПРОЛЕТТА И ЕКОЛОГИЈАТА

 

По повод 21 Март – Денот на екологијата и пролетта, во нашето училиште освен во предавањата со еколошки теми соодветно прилагодени на возраста на учениците, сите ученици беа активно вклучени во пролеттни и еколошки креативни, творечки активности за средување и разубавување на училниците, холот и училишниот двор.

Учениците од  I до V одделение изработија украси од хартија, напишаа ЕКО-пораки, твореа на тема „екологија“ и засадија цвеќе.

Ги поттикнавме учениците да ја развиваат и негуваат еколошката свест и преку сопствен пример секој од нас да покаже колку е важно да се грижиме за нашата планета Земја.

                                    Одговорен наставник: Билјана Христовска



уторак, 22. март 2022.

Работилница по повод одбележувањето на 21 Март Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

 

Во чест на децата со најубава насмевка!!! Во чест на сите различни деца!!!

21.03 Светскиот ден на лицата со Даунов синдром во нашето одделение: V-б беше одбележан со работилница во која учениците имаа задолжение од различен материјал да изработат цвет со кој укажуваме на различноста со која се соочуваат овие лица, а сепак се исти како нас.

Целта на оваа работилница ни беше покренување на свеста за овие лица бидејќи живееме во ист свет, делиме исто секојдневие, да се обидеме да го смениме нивниот живот од раѓањето, да  помогнеме да станат возрасни единки кои можат да придонесат во нашето општество.

Заедно да го направиме светот подобро и поубаво место за живеење ...не само 21-ви март, туку секој ден!!!            

                             Одговорен наставник Елена Стојановска




петак, 11. март 2022.

Предавање на тема: „Интернетот не е само игра, кликај безбедно!“

 

На 10.03.2022год. родителот Даниела Николоска во V-б одд. беше во улога на наставник и реализира интересно предавање на тема ,,Интернетот не е само игра, кликај безебдно!’’.

Преку интересни  игровни акитвности мама Дани ни ја долови актуелната тема на денешнината, а тоа е Интернетот: Што претставува интенретот?, Што се прелистувач и аплликации?, Tемните страни на интернетот и уште низа други интересни факти кои беа подготвени преку игрите: мрежа, погоди го точниот одговор, пронајди го зборот, а за секој од нив следуваше награда.

Е па, мама Дани, огромно беше задоволството да ја прифатиш поканата и да изреализираш едно прекрасно и поучно предавање. Уште еднаш огромно благодарам!

                    Одговорен наставник: Елена Стојановска



среда, 9. март 2022.

Проект: „Заедничка грижа“ – Родителот во улога на наставник

 

На 8.3.2022 година (вторник), беше реализиран нагледен час во рамките на проектот „Родителот во улога на наставник“ – Природните науки и нивната примена. Часот беше одржан од родител Александра Момиров во I-а одделение. Учениците се запознаа со природните науки: биологија, физика, астрологија, хемија и добија информации за тоа зошто небото е сино, како се менуваат денот и ноќта и за сличноста и разликата помеѓу материјалите. Акцентот беше ставен на хемијата, како и на хемиските реакции и сето тоа беше прилагодено според возраста на учениците, а проследено преку презентација. Во текот на часот родителката заедно со учениците како нејзини „асистенти“ и набљудувачи изведе и неколку експерименти при што кај учениците се забележуваше големо задоволство и внимание.

 Оддделенски наставник : Весна Стевановска