среда, 30. март 2022.

Работилница за Одбележување на „Светскиот ден на свесноста за аутизам“

 

На 2. Април  се одбележува  „Светскиот ден на свесноста за аутизмот“.

Во знак на поддршка на овие лица нашето одделение 5-б на 29.03.2022 г. организираше  креативна  работилница на тема „Среќно патувам низ животот“.

Имавме можност да се дружиме, играме, пееме и да уживаме во секој миг заедно со Џана кое е детенце што се соочува со овој проблем. Заедно со мама Едина ни овозможија да станеме побогати со уште едно искуство кое понатаму во животот ќе им значи  за да се надополнат  и да станат вистински луѓе, во буквална смисла на зборот.

Мама Едина беше родител во улога на наставник и ги запозна што точно значи аутизмот кои се убавите, а кои лоши страни и всушност ги поттикна учениците  за прифаќањето на различностите и почитувањето на потребите на децата со аутистичен спектар на нарушување.

Заеднички го направивме „Венецот на среќата“ од тул во симболичните бои и на лист во сложувалка напишавме „Што не прави среќни?“.

Со ова сметаме дека социјалното дистанцирање ќе заврши и дека од истото ќе ја научиме лекцијата, дека некој  секојдневно е отфрлен, неприфатен од наша страна и дека конечно ќе ги научиме разликите дека СЕКОЈ ЕДЕН Е ВАЖЕН во нашиот „Шарен свет“.

Огромна благодарност до  мама Едина со Џана кои несебично ја поддржаа нашата иницијатива !!!

                    Одговорен наставник Елена Стојановска



И учениците од 9г и 6а, под раководство на наставничката по македонски јазик Елена Ристевска, го одбележаа Светскиот ден за подигање на свесноста за аутизмот.

Сите заедно работеа под мотото " Сите сме исти"




СОЗДАВАМЕ НОВО НОРМАЛНО

Порака: Клучот на моќта е во добрината

 

Учениците од 5-г одделение заедно со одделенскиот натсавник Кети Сталеска во склоп со наставните цели по општество и животни вештини на темата „Личноста во групата и општеството“ изработија серија проекти на кои отворено се разговараше на теми од секојдневниот живот каде децата се соочуваат со конфликти (меѓусебно или меѓу децата и возрасните во обете насоки), врсничко насилство (булинг), дискриминација и непочитување или насилство од страна на возрасните вклучувајќи ги и родителите или пак насилството од децата врз возрасните кое може да се случи понекогаш, или меѓу братчињата и сестричките во едно семејство. Целта на овие проекти вклучувајќи ги и кратките видео драми е да се подигне свеста на сите нас за секојдневните проблеми и можните случувања што се дел при развојот на децата, без разлика дали тие се случуваат во нашата околина или некаде подалеку од нас. Како и можните начини како да се справат или каде и како да побараат помош доколку децата  се соочуваат со вакви проблеми или како да му помогнат на некој кој го познаваат и тој некој можеби се соочува со некој сличен проблем. Учениците самостојно ги бираа и обработуваа идеите и темите. Имаa слобода сами да ги создадат групите, паровите или пак самостојно да работат на истиве теми вклучувајќи ги правата и должностите како составен дел од животот во општеството. Па така секој имаше можност да развие различна идеја според својата креативност и да ја презентира. Дел од учениците изработија хамери и преку усни презентации говореа за овие општествени случувања како и за правата и должностите, бон-тон однесувањето и слично, а дел од учениците изработија кратки драматизации кои ги глумеа и снимија видео драми, односно кратки училишни филмови. Истите со одобрение на родителите ги постиравме на нашиот училишен You Tube канал „Teacher Keti“, наменет за училишни проекти. Ве покануваме да ги погледнете и заедно да ја развиваме свеста за постоењето на ваквите мали, но големи девијации кои нанесуваат болка во очите на децата и заедно да се бориме ДА СОЗДАДЕМЕ ЕДНО ПОИНАКВО НОВО НОРМАЛНО БИДЕЈЌИ КЛУЧОТ НА МОЌТА Е ВО ДОБРИНАТА. Нашите активности тука не запираат бидејќи темата е доста широка, потребна и важна како за децата/учениците, така и за нас возрасните.

 Линкови од видео драмите подготвени од учениците:

https://www.youtube.com/watch?v=qaPJBTGSreg&t=3s

https://www.youtube.com/watch?v=jI8IobPfP4A&t=33s

https://www.youtube.com/watch?v=FakATUXRvBY

https://www.youtube.com/watch?v=FuZbYrA4_9A

https://www.youtube.com/watch?v=KGh10heB9Vs&t=73s







Нема коментара:

Постави коментар