понедељак, 4. април 2022.

2 Aприл - „Светски ден на детската книгa“ (International Children Book Day)

           Во чест на роденденот на холандскиот автор на детски книги Ханс Кристијан Андерсен секоја година се одбележува Светскиoт ден на детската книгa за да ја инспирира љубовта кон читањето и да го сврти вниманието кон детските книги

          Ханс Кристијан Андерсен е еден од најголемите писатели на бајки. Неговите приказни се читливи, разбирливи и лесно се занесуваат во нивната содржина, као децата, така и возрасните. Тој комуницирал со децата и создавал толку впечатливи дела затоа што пишувајќи и самиот тој размислувал како дете. Такви се неговите приказни: „Грдото пајче“,  „Царевото ново руво“, „Оловниот војник“, „Малечката сирена“ и други.

    Во 1958 година УНЕСКО формира Меѓународен Златен медал по името на Андерсен, нарекуван уште и Мала Нобелова награда. Еднаш на две години оваа награда ја добиваат најдобрите писатели и сликари - илустратори на детски книги. Наградувани се Астрид Линдгрен, Селма Лагерлеф, Туве Јансон, Луис Керол и други.

      Најголемо задоволството е со читањето да се откриваат тајните на волшебниот свет и да се патува низ просторот и времето. Тој свет ќе го најдеме вткаен во приказните и бајките на писателите на детска литература. Додека читаме ќе одлетаме на крилјата на фантазијата во непознати земји и ќе го доживееме сето она што го доживеале јунаците во приказните и бајките.

 Бајките ги оплеменуваат децата. Тие во нив ги развиваат најубавите чувства: правдата, вистината, љубовта на човекот кон човекот.

       Во Македонија попознати и позначајни дела во детската литература се: „Шеќерна приказна“ на Славко Јаневски, „Волшебното самарче“ на Ванчо Николески, „Белото циганче“ на Видое Подгорец, младешките теми во делата на Горјан Петрески, како и автори кои пишувале дела за деца, а веќе биле афирмирани како писатели за возрасни: П.М. Андреевски - „Шарам барам“, Томе Арсовски - „Дедо Мраз и Феферона“, Михаил Ренџов - „Ангела сонува“, писателките за деца, како Бистрица Миркуловска, Славка Арсова, Косара Гочковска, Славка Манева, Јадранка Владова, Оливера Николова, чија лектира „Зоки Поки“ е прогласена за најпопуларна книга за деца на македонски јазик.

                                         Никола Станковиќ – училишен библиотекар




                                     Априлијада - дефиле на маски

 

      По повод Денот на шегата во ООУ„Рајко Жинзифов“ се одржа приредба со маски за учениците од I до IV одд. Учениците ја следеа приредбата по одделенија и потоа дефилираа во ходникот со своите маски. Потоа учениците со своите наставници во училница си избраа најубава маска. Приредбата ја водеше наставничката Татјана Трпеска заедно со библиотекарот Никола Станковиќ кој беше задолжен за озвучувањето.

                         Одговорен наставник: Весна Милановска



Нема коментара:

Постави коментар