Во рамки на проектот „Наш град“ поддржан од Амбасадата на САД и здружението КАЖИ КОГА - Центар за инклузивен
развој Скопје, беше организирана еднодневна работилница за архитектура и јавни
простори наменета за основците - VIII и IX одделение од општина Кисела
Вода. Од нашето училиште беа вклучени дваесетина ученици од осмо и девето
одделение и предметниот наставник по ликовно образование Даниел Манасиев.
Активноста беше спроведена во рамките на воннаставните активности на 29.03.2022
година.
Работилницата имаше за цел да ги запознае учениците со темата за јавните
простори; да ги поттикне на размислување и дискусија за просторот кој ги
опкружува - парковите, игралиштата и сл., како и да ги инспирира да претстават
свои идеи за тоа, како јавните простори треба да бидат уредени.
Работилницата траеше околу
60-тина минути, со вклучена презентација и дел за работа во
групи. Работата во групи се состоеше од задача да се размисли и нацрта изгледот
на Расадник за кој општината распиша меѓународен конкурс.
Цртежите со изгледот на идниот Расадник ќе бидат дел од конкурсот на
општината.
Педагог Весна Рафеска
Заедничка
работилница од проектот МИМО - Меѓуетничка
интеграција на младите во образованието
На 28.03.2022 година
се одржа ЗАЕДНИЧКА КРАТКОТРАЈНА УЧЕНИЧКА АКТИВНОСТ: „Културниот живот и
институциите на културата“со партнер училиштето „Браќа Рибар“- с. Табановце од
Куманово преку онлине средба на Тимс.
На работилницата учествуваа одделенски наставници Кети
Сталеска, Билјана Стефковска, Ана Јаневска, ученици од петто одделение, во
присуство на стручната служба од училиштето и директорот на училиштето. Преку
активностите учениците се запознаа со културниот живот и институциите на
културата во Македонија. Што е култура? Кои се институции на културата? Се
запознаа со уметноста прикажана преку филмот, балетот, операта, книгата, за
нивните почетоци, како се развивале, па сè до денес. Како треба да постапуваат
за да имаат квалитетен културен живот? Како да се однесуваат при посета на
културна установа?
Учениците добија насоки за работа. Да истражуваат и да
подготват презентации за дадената тема.
Работилницата заврши со
видео снимки „Балет“, Модерен танц“, „Оро“, Куклена претстава со сенки“ во
кои учесници се самите учениците од двете училишта. Учениците ни покажаа како
се организира културниот живот во нивните училишта.
Нема коментара:
Постави коментар