петак, 25. март 2022.

21 МАРТ - ДЕН НА ПРОЛЕТТА И ЕКОЛОГИЈАТА

 

По повод 21 Март – Денот на екологијата и пролетта, во нашето училиште освен во предавањата со еколошки теми соодветно прилагодени на возраста на учениците, сите ученици беа активно вклучени во пролеттни и еколошки креативни, творечки активности за средување и разубавување на училниците, холот и училишниот двор.

Учениците од  I до V одделение изработија украси од хартија, напишаа ЕКО-пораки, твореа на тема „екологија“ и засадија цвеќе.

Ги поттикнавме учениците да ја развиваат и негуваат еколошката свест и преку сопствен пример секој од нас да покаже колку е важно да се грижиме за нашата планета Земја.

                                    Одговорен наставник: Билјана Христовска



уторак, 22. март 2022.

Работилница по повод одбележувањето на 21 Март Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

 

Во чест на децата со најубава насмевка!!! Во чест на сите различни деца!!!

21.03 Светскиот ден на лицата со Даунов синдром во нашето одделение: V-б беше одбележан со работилница во која учениците имаа задолжение од различен материјал да изработат цвет со кој укажуваме на различноста со која се соочуваат овие лица, а сепак се исти како нас.

Целта на оваа работилница ни беше покренување на свеста за овие лица бидејќи живееме во ист свет, делиме исто секојдневие, да се обидеме да го смениме нивниот живот од раѓањето, да  помогнеме да станат возрасни единки кои можат да придонесат во нашето општество.

Заедно да го направиме светот подобро и поубаво место за живеење ...не само 21-ви март, туку секој ден!!!            

                             Одговорен наставник Елена Стојановска




петак, 11. март 2022.

Предавање на тема: „Интернетот не е само игра, кликај безбедно!“

 

На 10.03.2022год. родителот Даниела Николоска во V-б одд. беше во улога на наставник и реализира интересно предавање на тема ,,Интернетот не е само игра, кликај безебдно!’’.

Преку интересни  игровни акитвности мама Дани ни ја долови актуелната тема на денешнината, а тоа е Интернетот: Што претставува интенретот?, Што се прелистувач и аплликации?, Tемните страни на интернетот и уште низа други интересни факти кои беа подготвени преку игрите: мрежа, погоди го точниот одговор, пронајди го зборот, а за секој од нив следуваше награда.

Е па, мама Дани, огромно беше задоволството да ја прифатиш поканата и да изреализираш едно прекрасно и поучно предавање. Уште еднаш огромно благодарам!

                    Одговорен наставник: Елена Стојановска



среда, 9. март 2022.

Проект: „Заедничка грижа“ – Родителот во улога на наставник

 

На 8.3.2022 година (вторник), беше реализиран нагледен час во рамките на проектот „Родителот во улога на наставник“ – Природните науки и нивната примена. Часот беше одржан од родител Александра Момиров во I-а одделение. Учениците се запознаа со природните науки: биологија, физика, астрологија, хемија и добија информации за тоа зошто небото е сино, како се менуваат денот и ноќта и за сличноста и разликата помеѓу материјалите. Акцентот беше ставен на хемијата, како и на хемиските реакции и сето тоа беше прилагодено според возраста на учениците, а проследено преку презентација. Во текот на часот родителката заедно со учениците како нејзини „асистенти“ и набљудувачи изведе и неколку експерименти при што кај учениците се забележуваше големо задоволство и внимание.

 Оддделенски наставник : Весна Стевановска



уторак, 22. фебруар 2022.

Меѓународен ден на мајчиниот јазик - 21 февруари

 

По повод  меѓународниот ден на мајчиниот јазик - 21 февруари учениците од VII,  VIII, и  IX одд.  од матичното училиште го одбележаа oвој значаен датум со творење на лични творби и нивно презентирање преку училишната разгласна станица. Во одбележувањето претежно активно учество земаа учениците, членови на драмско-литературната секција под раководство на наставничките по македонски јазик Љуба Мишевска и Каролина Коларовска.

                 НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА МАЈчИНИОТ ЈАЗИК!






Училишен натпревар по англиски јазик со ученици од

5-то до 9-то одделение

 

На 16,17 и 18.02.2022 год. во просториите на  ООУ „Рајко Жинзифов“ беше одржан училишен натпревар по англиски јазик со учениците од 5-то до 9-то одделение. Во натпреварот земаа учество вкупно 74 ученика, од кои 10 ученика се пласираа за учество во општинскиот натпревар по англиски јазик ЕЛТАМ, односно по два ученика од секое одделение.

Следниве ученици освоија 1-во и 2-ро место на натпреварот и се пласираа за учество на Општински натпреват закажан за 19.03.2022г.

5-то одделение

1.           Јована Митрулова 5в одд.

2.           Ирина Јаворац 5г одд.

 

6-то одделение

1.           Белма Пашалиќ 6в одд.

2.           Калина Ковачовска 6г одд.

 

7-мо одделение

1.           Јована Пешова 7а одд

2.           Тамара Илиоска 7б одд

 

8-мо одделение

1.           Константин Шоклевски 8б одд.

2.           Ивона Радеска 8г одд.

 

9-то одделение

1.           Леа Петрушеска 9а одд.

2.           Матеј Јаневски 9а одд.

   Одговорни наставници: Маја Димеска, Магдалена Бадарова, Анета Макревска, Александра Колевска и Кристина Велковска






среда, 16. фебруар 2022.

Општински натпревар по биологија

На општинскиот натпревар по биологија, кој се одржа на 9.2.2022г. oд нашето училиште учествуваа 18 ученика, кои ги освоија следните награди:

7 одд.

-Дарио Стојановски III награда

-Јована Пешова III награда

-Ема Станоеска III награда

8 одд.

-Ивона Радеска  I награда

-Матеј Колигов   I награда

-Давид Арсов   I награда

-Дарија Перковска   II награда

-Јана Стамкова   II награда

-Марко Маркоски  II награда

-Ева Арсова  II награда

-Миа Јаневска  II награда

-Марко Стефковски III награда

-Тарик Нумановиќ III награда

-Димитар Жајковски III награда

-Лана Лазаревска III награда

-Јана Мирческа пофалница

9то одд.

-Матеа Николова I награда

-Софија Богдановска II награда

Учениците кои се со I,II и III награда се пласираа на регионален натпревар, кој ќе се одржи на 9ти април 2022 година.



петак, 11. фебруар 2022.

Проект „ Заедничка грижа“ – Родителот во улога на наставник“

 

На 10.2.2022 година (четврток), беше реализиран нагледен час во рамките на проектот „Родителот во улога на наставник “ – Пари (монети и банкноти) – денари, штедење. Часот беше одржан од родител Марија Кацарска во I-а одделение. Учениците се запознаа со македонските пари – денари, добија информации за штедењето како и за правилното и наменското трошење на парите, но го искажаа и своето мислење за штедењето зошто е корисно да штедиме и од кога треба да почнат да штедат. Покрај сите информации  учениците добија подароци како и боенки кои ги работеа во текот на часот. Севкупната активност беше реализирана на часот по математика во корелација со ликовно образование.

              Оддделенски наставник: Весна Стевановска



четвртак, 20. јануар 2022.

ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ОД ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ

 

На 18.1.2022г. беше одржана дисеминација на обуката за психолози и педагози за водење интервју со деца – потенцијални жртви на трговија со луѓе. Дисеминацијата се реализираше онлајн со помош на платформата Microsoft Teams. Реализатори на обуката беа училишниот педагог Весна Рафеска, кој го презентираше воведниот дел и видовите трговија со деца и училишниот психолог Бранка Б. Стојковиќ, кој ги презентираше индикаторите за откривање и прелиминарно идентификување на децата потенцијални жртви на трговијата со луѓе.

Во текот на реализацијата на обуката се вклучи со својот коментар и одделенската наставничка Татјана Трпеска, која го сподели своето искуство од обуката за спречување и борба против трговија со деца за претставници од основните училишта.

Одделенската наставничка Даниела Костадинова го сподели своето искуство од праксата во врска со експлоатација на ученикот кој бил сместен во згрижувачко семејство.

Целта на дисеминицајата е да се обучат вработените  во училиштето за да можат навремено да ги препознаат потенцијалните жртви на трговија со деца.

Преку оваа обуката учесниците ги подобрија своите компетеции од областа на социјална инклузија.




РАБОТИЛНИЦА „ЈОНО ОКО И ХАИ“

 

Во текот на месец декември 2021 година беше реализирана работилница „Јоно Око и Хаи“ за предрасуди и стереотипи  со учениците од VIII а, б и г и IX г одделение. Реализатори на работилницата беа училишниот педагог Весна Рафеска и училишниот психолог Бранка Б. Стојковиќ.

Целта на оваа работилница е да се воочат ограничувања кои водат кон создавање на предрасуди и стереотипи.

Учениците беа поделени во групи и секоја група активно учествуваше во работилницата. На крајот на работилницата се сложивме  дека луѓето имаат тенденција да генерализираат, воопштуваат и донесуваат заклучоци и логички неосновани ставови насочени кон групи, предмети или појави врз основа на недоволено информации.

Во делот на рефлексијата заклучивме дека е неопходно да го познаваме контекстот на делување за да можеме да изведеме правилни заклучоци.

понедељак, 17. јануар 2022.

Новогодишна приредба како крај за првото полугодие од учебната 2021-2022 година и во пресрет на Новата 2022 година

 

          По повод завршувањето на првото полугодие од учебната 2021-2022 година во нашето училиште, како во централното така и во подрачното училиште во населба Пинтија,  на 29 и 30 декември, беа реализирани новогодишни приредби во сите паралелки од 1-5 одделение. Учениците беа пресреќни при реализирањето на истата. Со убави желби за Новата 2022 година, весели, разиграни, среќни и задоволни учениците заедно со своите одделенски раководители, во целост ги исполнија предвидените цели и очекувања. Со надеж за подобра Нова Година во која ќе се создадат и подобри здравствени услови, честитки од сите учесници до сите деца и возрасни секаде во целиот свет!

Во прилог почестете се со само еден мал дел од нашите фотографии од овој убав настан!

РЕАЛИЗАТОРИ: РАКОВОДИТЕЛИТЕ НА ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА


Изработки на  честитки , новогодишни украси , лампиони по повод доаѓањето на Новата Година

          Во пресрет на Новата 2022 gодина , во 2-а одд. се реализираа повеќе часови од слободните активности посветувајќи се на изработки за украсување како во училницата така и во нивните домови. Учениците беа пресреќни правејќи ги истите. Со голема љубов пристапија кон украсувањето и правењето на честитки за своите родители. Со убави чувства на радост и веселби учениците го завршија првото полугодие од оваа учебна година, со надеж за подобра 2022 година. Си посакавме добро здравје и поголеми успеси во следната година.

                                Одделенски раководител:  Татјана Трпеска





Новогодишна лотарија

 

По повод новогодишните празници учениците од 5-а, 5-б, 5-в и 5-г одд. во соработка со родителите во организација на одделенските наставници Билјана Стефковска, Софија Лукровска, Елена Стојановска, Ана Јаневска и Кети Сталеска организираа новогодишна лотарија која ја крунисаа со забава и новогодишна приредба во своето оддeление. За лотаријата секој ученик си донесе по еден подарок со новогодишен мотив убаво завиткан со украсна хартија. На секој подарок ставивме лепенка со бројче и потоа од сад со скриени бројчиња си бираа по случаен избор по еден подарок. Учениците така си ги разменија подароците. Радоста кај учениците беше голема. Потоа имаа можност на часот по музичко образование да ги пеат омилените песнички да танцуваат на омилените детски песни. На крајот од забавата си посакавме среќни новогодишни празници и пријатен одмор. Учениците од 5-в одделение подготвија новогодишна приредба во рамките на нивното одделение.

                                                     Актив 5 одделение






петак, 14. јануар 2022.

НОВОГОДИШНИ ПОДАРОЦИ

    На 29.12.2021 година беше изведена новогодишна активност со учениците од  IV-а одд., одделенски раководител Маја Атанасовска Спасеска, наменета за учениците од  I-а одделение,  одделенски раководител Весна Стевановска. Активноста се реализираше во рамки на Етвининг проект „Little Happiness With Handmade“. Учениците  подготвија подароци кои беа рачно изработени од вредните раце на учениците од  IVа  одделение и истите беа подарени на првачињата. Подароците беа направени од волница (алки, кукли и капи). Задоволството беше огромно, учениците својот труд со гордост, радост и неизмерна среќа го искажаа пред своите соученици – подарокот може да се направи , не секогаш мора да се купи!

                          Одговорен наставник: Маја Атанасовска Спасеска

 





ПОДАЈ РАКА ОД СРЦЕ ДА СЕ САКА – бр. 2

 


По идеја на одделенскиот наставник Кети Сталеска во нашето училиште се организираше хуманитарна ликовна изложба под мотото:

ПОДАЈ РАКА ОД СРЦЕ ДА СЕ САКА.

Во организацијата на хуманитарната – ликовна изложба учествуваа и дадоа придонес активот наставници на петтите одделенија: Ана Јаневска, Софија Лукровска, Билјана Стефковска и Елена Стојановска, како и предметните наставници Валентина Терзиева, Кристина Велковска и Елена Ристевска која ги вклучи учениците од погорните одделенија преку својот наставен предмет и секцијата која ја одржува, во соработка со учениците и родителите.

Ова ликовна изложба се организира по втор пат (втора генерација) во нашето училиште. Во училините холови во централното и подрачното училиште беа изложени цртежи и изработки од учениците од 5 одделение, каде учениците може да си ги престават своите трудови и да ги истакнат своите таленти. Останатите ученици од училиштето заедно со своите наставници беа поканети да ја посетат ликовната изложба со почитување на Ковид мерките во период од две седмици од 06.12 до 25.12.2021г. и истите по своја волја волонтерски наместо билет ни донираа училишен прибор. Собраната донација од 1465 парчиња училишен прибор беше поделена во две групи. Првата група донација беше доделена како новогодишно пакетче на 19+2 ученицика од нашето училиште кои имаат потреба од дополнителна помош за непрекинато и безгрижно образование со училишен прибор, а втората група на деца која беше израдувана со донација од училишен прибор се децата од Детското СОС село. Нивните претставници беа задоволни и изненадени од убавиот гест кој нашите ученици им го приредија предновогодишно за помош на децата од детскиот центар на кои им е најпотребна помош за правилна едукација и поддршка во животниот развој.

Проектот помина успешно со активно вклучување на 22 наставника од одделенска настава од кои 5 наставника и го организираа проектот и плус 2 асистента на ученици помагаа, 7 предметни наставника од кои 3 се вклучија во организацијата, останатите беа посетители и собирачи на донација. Проектот „Подај рака од срце да се сака“ беше поддржан и од директорката на нашето училиште Љубица Наумовска, педагогот Весна Рафеска и псхилогот Бранка Бранковиќ- Стојковиќ. Проектот наиде на поддршка и од училиштето ООУ „Тошо Велков - Пепето“ од Квадарци. Одговорна и носител на реализацијата во училиште е колешката Зорица Милкова која соработуваше со Милица Кабранова одделенски наставници на 5 и 2 одделение, како и колегите Билјана Милкова и Влатко Пецов. Проектот е преставен на колективот од училиштето и е поддржан од наставниците, педагошката служба и директорот на истото училиште, Сашо Пановски. Вкупно 21 наставник.  Се реализираше во соработка со учениците и нивните родители од ова училиште. Нивната донација од 913 парчиња училишен прибор беше подарена на 16 ученика во нивното училиште како пакетчиња и во Дневниот центар за деца со телесна или ментална попреченост и во Мал групен дом  во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа при МТСПМ во Кавадарци. 

Во иднина овие две наши училишта сакаме да ги збратимиме и да правиме повеќе заеднички проекти и да споделуваме искуства. Но, она што е најважно е дека успеавме да нацртаме насмевки на децата и веруваме дека им ја подигнавме мотивацијата на децата да го сакаат училиштето, едукацијата како составен дел од животот и им ја подигнавме вербата во добродитот на општеството и луѓето.

Проектот се одвиваше 31 ден и за неговата организација и реализација беа потребни приближно 35 часа ефективно време.

                                       Одговорен наставник:  Кети Сталеска










https://www.youtube.com/watch?v=wD8oQWWnIKA





Подарок виртуелни честитки

 

Учениците од 5-г одделение со својата наставничка Кети Сталеска заедно организираа изненадувачки виртуелни честитки во знак на благодарност за соработката за проектот „Подај рака од срце да се сака“ и со желби за весело детство на сите деца исполнето со љубов, среќа и другарство за другарчињата од 4-г одделение мотивирани од Новогодишните празници. Виртуелните честитки беа изработени во PP презентација и беа меморирани на Desktopot на статичните компјутери од кабинетот по информатика кои ги делиме со четвртоодделенците. Веруваме дека со ова изненадување ги направивме среќни и сите заедно научивме дека некогаш и со многу мал гест може да се предизвика големо задоволство. Па можеби со овој пример нашите другарчиња ќе ги мотивираме и тие нас некогаш да не изненадат со некоја своја идеја.

                                Одговорен наставник: Кети Сталеска