Во текот на месец декември 2021 година беше реализирана
работилница „Јоно Око и Хаи“ за предрасуди и стереотипи со учениците од VIII а, б и г и IX г
одделение. Реализатори на работилницата беа училишниот педагог Весна Рафеска и
училишниот психолог Бранка Б. Стојковиќ.
Целта на оваа работилница е да се воочат ограничувања кои
водат кон создавање на предрасуди и стереотипи.
Учениците беа поделени во групи и секоја група активно
учествуваше во работилницата. На крајот на работилницата се сложивме дека луѓето имаат тенденција да генерализираат,
воопштуваат и донесуваат заклучоци и логички неосновани ставови насочени кон
групи, предмети или појави врз основа на недоволено информации.
Во делот на рефлексијата заклучивме дека е неопходно да
го познаваме контекстот на делување за да можеме да изведеме правилни заклучоци.
Нема коментара:
Постави коментар