петак, 14. јануар 2022.

ПОДАЈ РАКА ОД СРЦЕ ДА СЕ САКА – бр. 2

 


По идеја на одделенскиот наставник Кети Сталеска во нашето училиште се организираше хуманитарна ликовна изложба под мотото:

ПОДАЈ РАКА ОД СРЦЕ ДА СЕ САКА.

Во организацијата на хуманитарната – ликовна изложба учествуваа и дадоа придонес активот наставници на петтите одделенија: Ана Јаневска, Софија Лукровска, Билјана Стефковска и Елена Стојановска, како и предметните наставници Валентина Терзиева, Кристина Велковска и Елена Ристевска која ги вклучи учениците од погорните одделенија преку својот наставен предмет и секцијата која ја одржува, во соработка со учениците и родителите.

Ова ликовна изложба се организира по втор пат (втора генерација) во нашето училиште. Во училините холови во централното и подрачното училиште беа изложени цртежи и изработки од учениците од 5 одделение, каде учениците може да си ги престават своите трудови и да ги истакнат своите таленти. Останатите ученици од училиштето заедно со своите наставници беа поканети да ја посетат ликовната изложба со почитување на Ковид мерките во период од две седмици од 06.12 до 25.12.2021г. и истите по своја волја волонтерски наместо билет ни донираа училишен прибор. Собраната донација од 1465 парчиња училишен прибор беше поделена во две групи. Првата група донација беше доделена како новогодишно пакетче на 19+2 ученицика од нашето училиште кои имаат потреба од дополнителна помош за непрекинато и безгрижно образование со училишен прибор, а втората група на деца која беше израдувана со донација од училишен прибор се децата од Детското СОС село. Нивните претставници беа задоволни и изненадени од убавиот гест кој нашите ученици им го приредија предновогодишно за помош на децата од детскиот центар на кои им е најпотребна помош за правилна едукација и поддршка во животниот развој.

Проектот помина успешно со активно вклучување на 22 наставника од одделенска настава од кои 5 наставника и го организираа проектот и плус 2 асистента на ученици помагаа, 7 предметни наставника од кои 3 се вклучија во организацијата, останатите беа посетители и собирачи на донација. Проектот „Подај рака од срце да се сака“ беше поддржан и од директорката на нашето училиште Љубица Наумовска, педагогот Весна Рафеска и псхилогот Бранка Бранковиќ- Стојковиќ. Проектот наиде на поддршка и од училиштето ООУ „Тошо Велков - Пепето“ од Квадарци. Одговорна и носител на реализацијата во училиште е колешката Зорица Милкова која соработуваше со Милица Кабранова одделенски наставници на 5 и 2 одделение, како и колегите Билјана Милкова и Влатко Пецов. Проектот е преставен на колективот од училиштето и е поддржан од наставниците, педагошката служба и директорот на истото училиште, Сашо Пановски. Вкупно 21 наставник.  Се реализираше во соработка со учениците и нивните родители од ова училиште. Нивната донација од 913 парчиња училишен прибор беше подарена на 16 ученика во нивното училиште како пакетчиња и во Дневниот центар за деца со телесна или ментална попреченост и во Мал групен дом  во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа при МТСПМ во Кавадарци. 

Во иднина овие две наши училишта сакаме да ги збратимиме и да правиме повеќе заеднички проекти и да споделуваме искуства. Но, она што е најважно е дека успеавме да нацртаме насмевки на децата и веруваме дека им ја подигнавме мотивацијата на децата да го сакаат училиштето, едукацијата како составен дел од животот и им ја подигнавме вербата во добродитот на општеството и луѓето.

Проектот се одвиваше 31 ден и за неговата организација и реализација беа потребни приближно 35 часа ефективно време.

                                       Одговорен наставник:  Кети Сталеска










https://www.youtube.com/watch?v=wD8oQWWnIKA





Подарок виртуелни честитки

 

Учениците од 5-г одделение со својата наставничка Кети Сталеска заедно организираа изненадувачки виртуелни честитки во знак на благодарност за соработката за проектот „Подај рака од срце да се сака“ и со желби за весело детство на сите деца исполнето со љубов, среќа и другарство за другарчињата од 4-г одделение мотивирани од Новогодишните празници. Виртуелните честитки беа изработени во PP презентација и беа меморирани на Desktopot на статичните компјутери од кабинетот по информатика кои ги делиме со четвртоодделенците. Веруваме дека со ова изненадување ги направивме среќни и сите заедно научивме дека некогаш и со многу мал гест може да се предизвика големо задоволство. Па можеби со овој пример нашите другарчиња ќе ги мотивираме и тие нас некогаш да не изненадат со некоја своја идеја.

                                Одговорен наставник: Кети Сталеска






 

Нема коментара:

Постави коментар