На 10.2.2022 година (четврток), беше реализиран нагледен
час во рамките на проектот „Родителот во улога на наставник “ – Пари (монети и
банкноти) – денари, штедење. Часот беше одржан од родител Марија Кацарска во I-а одделение. Учениците се запознаа со македонските пари – денари, добија
информации за штедењето како и за правилното и наменското трошење на парите, но
го искажаа и своето мислење за штедењето зошто е корисно да штедиме и од кога
треба да почнат да штедат. Покрај сите информации учениците добија подароци како и боенки кои
ги работеа во текот на часот. Севкупната активност беше реализирана на часот по
математика во корелација со ликовно образование.
Нема коментара:
Постави коментар