петак, 4. новембар 2016.

МЕСЕЦ НА КНИГАТА 2016

УЧИЛИШНА БИБЛИОТЕКА

МЕСЕЦ НА КНИГАТА 2016
(15.10. до 15.11.2016г.)

           Во рамките на одбележување на Месецот на книгата 2016, како и минатата учебна година, така и во оваа, во библиотеката беше изготвен печатен материјал кој беше поделен во секоја паралелка од 5-то до 9-то одделение.
    Оваа година темата на материјалот беше БИБЛИОТЕКА И БИБЛИОТЕКАРСТВО. Од него учениците имаа можност да се запознаат со појавата на писмото од праисторијата па до денес, со појавата на книгата, видовите книги, со појавата на првите библиотеки и видовите библиотеки, со позначајните библиотеки во Македонија и во светот, како и со поимот библиотекарство.


кликни за да го видиш материјалот во целост

                                           Материјалот го изготви: Никола Станковиќ - училишен библиотекар

четвртак, 3. новембар 2016.

ОБУКИ И СЕМИНАРИ

Од 14. до 16. октомври 2016 година дел од наставниците од одделенска и предметна настава, стручни соработници и раководниот орган присуствуваа на Oбука за огранизација на слободни ученички активности и креирање на воннаставни активности реализирана во соработка со „ОТВОРЕНИ ЗАБАВНИ ФУДБАЛСКИ ШКОЛИ“.
Целта на обуката беше: Сензибилизација на различни образовни профили за потребата и придобивките на концептот за интегрирано образование како глобален тренд, тенденција и потреба.

Обуката се реализираше преку неколку креативни работилници и практични презентации на терен.



ПРОМОЦИЈА НА ПРИРАЧНИК

„40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите“
Во учебната 2015/16 година на нашите спортски терени и со учество на наши ученици од четврто и петто одделение, а во соработка со УСАИД и Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието се работеше на изработка на прирачник  „40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите“. Истиот е подржан од: МЦГО, МОН, БРО, ДПИ и шест невладини организации.


За таа цел на спортските терени неколку дена учениците практично ги изведуваа спортските активности и забавни игри  предводени од стручни лица од „Отворени Забавни Фудбалски Школи“ кои воедно ги обезбедија и потребните реквизити.
Учениците непосредно имаа можност да играат, да се забавуваат, другаруваат, да учат едни за други и да стекнуваат позитивни вредности и искуства кои влијаат врз намалувањето на етничките и родовите стереотипи и предрасуди.
Овој прирачник е наменет за наставниците од основните училишта и истиот е отпечатен на четири наставни јазика: македонски, српски , албански  и турски јазик.



На 06.10.2016 г. тимот на УСАИД организираше промоција на прирчникот на која почесен гостин беше нашето училиште, односно децата учесници, нивните родители и дел од вработените на училиштето. Настанот се случи во попладневните часови во објектот „Централ Парк“ – Градски парк.
Презентација одеше на видео-бим, а на нашите ученици им беа поделени Сертификати како  и скромни подароци маица и капче. Секој ученик доби и по еден примерок од прирачникот.


На 08.10.2016 г. тимот на УСАИД и „Отворени Забани Фудбалски Школи“ во Градскиот парк организираа настан каде практично беа презентирани игрите од прирачникот „40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите“. Учениците од нашето училиште имаа можност да се дружат, играат и забавуваат со 250 деца од повеќе места во Македонија.



                                                                    Училишен педагог:

                                                                       Весна Рафеска

ОБУКА НА УЧЕНИЦИ „ УЧИЛИШТЕ БЕЗ НАСИЛСТВО “

Секоја  учебна година во нашето училиште , од страна на училишниот психолог Јорданка Радевска , се реализира обука  на ученици од  VI одд. Целта на обуката е учениците да се стекнат со вештини за  ненасилно однесување и решавање на конфликти .

*  Што   всушност  научивме?
-Научивме колку  се значајни  пораките кои ги добиваме од  нашите родители, наставници, врсници, но и колку е важно какви пораки ние упатуваме кон другите;
-Научивме  дека  секој има различно мислење  за конфликтот и секој може да реагира  на различен начин, но многу е важно да се умее да се сослуша другата страна;
-Важно е да ги почитуваме сопствените потреби, но исто така е особено важно да умееме да ги почитуваме и туѓите потреби и интереси;
-Исто така од особена важност е развивањето  на чувството на толеранција кон различностите;
-Научивме дека проблемот, всушност, не е решен ако едниот се чувствува победник, а другиот поразен. Конфликтот е решен само ако двете  страни се чувствуваат како победници.

При решавањето на конфликтите важно е да се почитуваат  неколку правила:
1.Наместо непријатни пораки да се обидуваме да испраќаме пријатни пораки кои ќе предизвикаат чувство на задоволство, разбирање и ќе го отворат патот кон соработка;
2.Најважно е да се обидеме да ги решаваме конфликтите, а не да ги оставаме да тлеат и да ги потиснуваме, затоа што тогаш тие стануваат уште посилни;
3.Затоа, секогаш разговарајте  со оној со кого сте скарани, со оној со кого имате проблем, но притоа секогаш внимавајте  не само на вашите потреби и интереси, туку и на потребите и интересите на другиот.

Секако дека тоа не е така едноставно, но ако се почитуваат  вештините како што се:
                   - активно сослушување,
                   - избегнување на лутината и бесот,
                   - мирољубиво однесување,
                   - и да се има подготвеност да се признае  вината,
навистина  ќе се почувствувате  многу посигурни во решавањето на сите проблеми. 
Затоа и оваа обука наm ни помага во градење на подобра клима во училиштето, но и во  постигнување  на  нашата  цел:  Создавање на  УЧИЛИШТЕ  БЕЗ  НАСИЛСТВО  каде секој ќе се чувствува задоволен  и безбеден .

                                                                                                  Кировски Петар – ученик од  VI б

                                                                                                    Психолог:  Јорданка Радевска

уторак, 25. октобар 2016.

ДЕТСКА НЕДЕЛА



Во периодот од 03.10 до 07.10. 2016 година во нашето училиште се одбележа Детската недела под мотото: „И децата прашуваат“,  со низа активности од прво до петто одделение.
Ø Моите права моите  обврски;
Ø Ајде да се дружиме, помош да си пружиме-изработка на апликации ,,рачиња,, -пишување порака до наше другарче;
Ø И децата се прашуваат –ликовно и литературно творење;
Ø ,,Дрво на убави зборови –пишување убави зборови на ,,срциња;
Ø Сликање на тема ,,Чекориме во убавиот детски свет“.
   


          






На 7.10.2016 година учениците од прво одделение станаа членови на Детската организација, кога им беа поделени беџови и детски пасоши. За таа цел беше организирана и свечена приредба и прочитана заклетвата.   





На учениците од второ до петто одделение им беа поделени маркички во вредност од 5 денари. Собраните средства од маркичките остануваат за потребите на Детската организација, додека паричните средства од беџовите ќе бидат уплатени на жиро сметка на Советот за грижи.

  Одговорни наставници: Богданка Пановска, Весна Милановска

понедељак, 17. октобар 2016.

„Македонија без отпад “

   На 30.9.2016 година еколошката секција од нашето училиште реализира еколошка акција согласно со акцијата - „Македонија без отпад“. По тој повод беа организирани низа активности  од страна на учениците членови во Еколошката секција во која се вклучени ученици од одделденска и предметна настава. Тие го исчистија училишниот двор од отпадоци, ги поттикнуваа другите ученици да го следат нивниот пример за да се развива колективно еколошката свест во училиштето. Акцијата траеше околу еден час и училишниот двор беше успешно исчистен од отпадоци. Како и секоја година така и оваа година овој ден на големо задоволство на учениците успешно беше реализиран и одбележан.
                          Одговорни наставници: Светлана Жежовска – одделенски наставник
                                                                     Љубица Наумова –предметен наставник


среда, 28. септембар 2016.

МАНИФЕСТАЦИЈА ПО ПОВОД ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ


Европскиот ден на јазиците беше одбележан  во ООУ „ Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево. Наставниците по англиски јазик Магдалена Бадарова, Анета Макревска и Маја Димеска  заедно со наставниците по француски јазик Наталија Делева и Анета Ѓуровска-Арсовска во соработка со наставникот по музичко образование Даме Коларовски, подготвија манифестација во чии рамки учествуваа ученици од прво до деветто одделение.Учениците се претставија со каратки изреки на англиски јазик, рецитал на француски јазик, драматизација, како и две песни во живо на англиски јазик и една песна на француски јазик. Темата на целата манифестација беше “Пријателството денес“.









уторак, 6. септембар 2016.

1. септември 2016 година

     
     Денеска како и во сите училишта, така и во нашето, започна новата учебна година.
   Почетокот традиционално беше одбележан со прием на првачињата. За таа цел нивните постари другачиња подготвија и изведоа куса приредба, по што свое обраќање кон дечињата и нивните родители имаше и директорот на училиштето Елизабета Славковска. На крај првачињата со своите учителки појдоа во нивните училници каде им беа поделени скромни подароци и каде поубаво меѓусебно се запознаа.