Секоја учебна година во нашето училиште , од страна
на училишниот психолог Јорданка Радевска
, се реализира обука на ученици
од VI одд. Целта на
обуката е учениците да се стекнат со вештини за
ненасилно однесување и решавање на конфликти .
* Што всушност
научивме?
-Научивме колку се
значајни пораките кои ги добиваме
од нашите родители, наставници, врсници,
но и колку е важно какви пораки ние упатуваме кон другите;
-Научивме дека секој има различно мислење за конфликтот и секој може да реагира на различен начин, но многу е важно да се умее
да се сослуша другата страна;
-Важно е да ги почитуваме сопствените потреби, но исто
така е особено важно да умееме да ги почитуваме и туѓите потреби и интереси;
-Исто така од особена важност е развивањето на чувството на толеранција кон
различностите;
-Научивме дека проблемот, всушност, не е решен ако едниот
се чувствува победник, а другиот поразен. Конфликтот е решен само ако двете страни се чувствуваат како победници.
При решавањето на конфликтите важно е да се
почитуваат неколку правила:
1.Наместо непријатни пораки да се обидуваме да испраќаме
пријатни пораки кои ќе предизвикаат чувство на задоволство, разбирање и ќе го
отворат патот кон соработка;
2.Најважно е да се обидеме да ги решаваме конфликтите, а
не да ги оставаме да тлеат и да ги потиснуваме, затоа што тогаш тие стануваат
уште посилни;
3.Затоа, секогаш разговарајте со оној со кого сте скарани, со оној со кого
имате проблем, но притоа секогаш внимавајте
не само на вашите потреби и интереси, туку и на потребите и интересите
на другиот.
Секако дека тоа не е така едноставно, но ако се почитуваат вештините како што се:
-
активно сослушување,
-
избегнување на лутината и бесот,
-
мирољубиво однесување,
-
и да се има подготвеност да се признае
вината,
навистина ќе се почувствувате многу посигурни во решавањето на сите
проблеми.
Затоа и оваа обука наm ни помага во градење на подобра клима во училиштето, но
и во постигнување на
нашата цел: Создавање на УЧИЛИШТЕ БЕЗ
НАСИЛСТВО каде секој ќе се
чувствува задоволен и безбеден .
Кировски
Петар – ученик од VI б
Нема коментара:
Постави коментар